1 Искреноста е обврска Сре 22 Фед 2012, 2:27 pm
Muwehhid
Модератор
Во името на Аллах, Семилосниот, Милосливиот!
Искреноста е пат кон највисоките достигнувања на човечкиот дух, пат на карактерните способности. Со искреноста се отвораат приоди кон џеннетските врати.Но, не само со искреност кон другите, туку пред се, и со искреност кон себе, која можеби и најтешко се постигнува.
За ваков подвиг треба вистинска сила. Оваа сила со ништо друго не може да се добие освен со вера во единствен Аллах џ.ш.Тој ни ја вдахнува, а таа не поттикнува.
Својата лична грешка не треба да се бара секогаш во друг, туку пред се, во себе. Искрено да се преиспитаме. Но, за жал, навреденото јас кај кукавичката личност секогаш бара да ја отфрли вината на друг. За него секој е крив: луѓето, средината, па и времето, само не таа слаба личност. Така во секој неуспех, било Што да се работи. Може тоа да биде спорт, професионална работа, па дури и игра. Кај неискрените реакциите се речиси секогаш исти. О, Аллаху мој, колку ли има измами, колку ли има лаги! Колку ли страшно е навредено јас кај тие луѓе? Тие се подготврни на се, па дури и на најлошото. Како низ таквото јас да се гледа златното лице на Шејтанот.
_ Ваквите постапки не се достојни за вистински човек. Тоа е карактеристика на бедни и јадни слабичи. Муслиманот таков не смее да биде. Му(минот е искрен кон себе, а исто така и кон другите. Ако дојде неуспех, каков и да биде на Што и да се однесува, муслиманот смирено Ќе го разгледа и смирено Ќе размисли зоЌто дошол до тој неуспех. Тој сестрано Ќе ги испита сите причини и внимателно и мудро Ќе извлече заклучок.Само со правилен и искрен однос кон себе, можеме да ги запознаеме сопствените грешки и пропусти. А тие единствено кога убаво Ќе се запознаат, можат да се отстранат и да бидат победени и надминати. Храбриот човек при неуспех нема да се откаже. Запознавајќи ги грешките и истите совладувајЌи ги, тој уште порешително и поцврсто ќе тргна напред. За него, со помош на Аллах џ.ш. нема препреки кои можат да се совладаат.
што и да работиме или правиме, треба да ја запрашаме свеста, дали тоа исправно и правилно го работиме. Тоа најдобро Ќе го направиме во мир и најголема тишина, при Што внимателно Ќе ги анализираме своите зборови и постапки. Муминот кога гледа некој филм,кога оди на некоја забава, кога прави било каков потфат, треба во себе да ја разгледа својата вистинска намера (ниет), дали во тоа има навистина добро. Муминот во друштво е самокритичен со реални оцени на своите можности и желби. Тој повеќе молчи отколку што зборува, освен тогаш кога е тоа потребно. Кај него одат прво мислите, а потоа зборовите. Никогаш не е брзоплет, самоуверен и тврдоглав. Тој ја почитува демократичноста во зборувањето, го почитува својот соговорник и неговата желба за излагање се додека е тоа во границите на одредбата на Аллах џ.ш. За сите овие вредности, мора да се има добро и искрено срце.
Аллах џ.ш. ги знае сите човечки мисли и намери. Потполна искреност се постигнува со често и јасно обраЌање кон Него, кон драгиот Створител. Убаво е после намаз, целосно да се отвори своето срце, бисерен поток на искреноста да протече низ него. Во дова, во тивко размислување се отвораат ненаслутувачки патишта, со кои се постигнува, се Што е добро во нашата дуШа. Со вистинска искреност, обземена со безгранична вера, се чисти срцето и душата, а од нив како од планински извор, истекува љубов кон се Аллахово, кон се Што создал Аллах џ.ш: кон птицата во лет, кон пчелата во цвет, кон вредната мравка. Сите тие со своите животи го слават својот Створител и сведочат за Неговата вистинитост.
А никој како Аллах џ.ш. нема да прими искрено покајување, Што излегува директно од човечкото срце. Никој како Него не може да ја свати човечката дуШа, ниту да опростува и да нуди помош. Затоа само Нему треба да му се обраЌаме во тивка искрена молитва.И зраците на светлината на верата во целосен сјај Ќе продираат и во најскриените делови на човечката дуШа. Искреноста кон Аллах џ.ш, кон луЃето и кон себе, секогаШ Ќе дадат најубави плодови. Во трудот на ова добро не смее да има замор, откажување, застанување. Аллах џ.ш. го сака овој пат.
Хамид ал-Каффаф прераскажува: Кога возвишениот Аллах џ.ш, сака да го казни својот роб, Тој му дава покорност и побожност, а го лишува од искреноста. Февзи Мостарац ги напишал овие стихови:
Ако немаш искреност кон
Аллах џ.ш. во својата работа
Нема да имаш ништо од тоа освен казна.
О, Ханифе! Внимавај да не ги измешаш
искреноста и лицемерјето.
Добрите дела се како злато
А лицемерјето како порој.
Ебу хурејре р.а. пренесува дека Мухаммед савс рекол: Има многу луѓе што постат, а од тоа немаат ништо освен глад и жед. Многумина, стануваат ноќе и се молат, а од тоа немаат ништо освен неспиење. Такви се сите оние што не го извршуваат тоа со потполна предаденост и искреност.
Автор: Исмет У.шехибрахимовиќ
Обработка: Alhlu-Sunnah