Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Хадиси за љубовта во името на Аллах EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 203 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 203 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 
Haqq (253)
Хадиси за љубовта во името на Аллах Vote_lcapХадиси за љубовта во името на Аллах Voting_barХадиси за љубовта во името на Аллах Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]


Хадиси за љубов во името на Аллах

Се пренесува дека Мухаммед с.а.в.с. рекол: „Кога човекот ќе учи дова за својот отсутен брат, мелекот вели: ’Нека е и на тебе исто што за него бараш.’“ (Ахмед и Муслим) и „Довата упатена за другиот брат кој е утсутен не се одбива.“ (Муслим)

Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:„ нема да влезете во Џеннетот се додека не верувате, а нема да верувате се додека не се сакате!“ (Муслим,53)

Аллаховиот Пратеник-Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем рекол: Навистина Аллах на судниот ден ке рече : Каде се оние кои се сакаа во Моето Име? Денес ќе ги воведам во Мојата сенка, кога друга сенка нема да има освен Мојата!”(Муслим, бр: 2566)

Аллаховиот Пратеник-Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Верниците се како ѕидовите од зградите, еден со друг си припаѓаат.“ (Бухари и Муслим)

Се пренесува од Ебу Хурејре р.а., дека Аллаховиот Пратеник рекол: Немојте едни на други да завидувате , немојте еден на друг да го лажите: немојте еден на друг да го мразите, немојте со (Зголемен Глас) еден на друг грб да свртувате; немојте еден на друг во положба да му се наметнувате, и бидете о Аллахови робови вистински браќа. Муслиманот му е брат на муслиманот. Нама насилство да му направи, нема да го напушти, нема да го лаже, нема да го понижува. Побожноста е овде(во градите - оваа го пофторил три пати) Доста е лошото за еден човек да го понижи својот брат муслиман. На еден муслиман му е харам на другиот муслиман се , и неговиот живот, неговиот имот и неговата чест. (Муслим )

Ибн Омер пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем , рекол:“Муслиманот му е брат на муслиманот:
не му прави пеправда не му ги ускратува неговите права и не го понижува.Доста е лошото за еден човек да го понижи својот брат муслиман. Кој помогне на својот брат муслиман во невоља, Аллах нему ќе му помогне во невоља. Кој отстрани непогода на еден муслиман, Аллах нему ќе му отстрани едно од најголемите непогоди на Судниот ден.” А кој че му ги покрије недостатоците (маните) на еден муслиман, Аллах че му ги покрије неговите (Мании) на Судниот ден.(Бухари, Муслим)

Од Ебу Хурејре радијаллаху анху се пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем рекол: Муслиман спрема муслима има чест да ја извржи обврската: кога ќе се стретнеш дај му селам. Кога ќе те повика или ќе побара помош, оѕви му се! . Кога ќе побара од тебе совет, посоветувај го. Кога ќе се разболи , посети го. И , кога ќе умре , појди му на џеназе. (Бухари, Муслим)

“Нема човек муслиман кој ќе стане да ја одбрани честа на својот брат, а Аллах да не му земи за себе обврска да го заштити од Џехеннемскиот оган на Кијаметскиот ден.” (Ахмед)



Обработка: [You must be registered and logged in to see this link.]

http://www.ahlu-sunnah.org

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Хадиси за љубовта во името на Аллах 820124



Ебу Давуд пренесува во врска со ова, дека Аллаховиот пејгамбер рекол: ,,Кога човекот ќе го засака својот брат, нека го извести дека го сака”. Исто така Ебу Давуд пренесува со поуздан ланец од Енес р.а. дека еден човек бил кај Мухаммед (а.с.) кога поминувал еден друг човек, и му рекол: ,,О Аллахов Пратенику! Јас го сакам овој човек што помина.Тогаш Мухаммед (а.с.) рекол: -Дали си го известил за тоа? Човекот рекол: -Не. На тоа, Аллаховиот пејгамбер му рекол: Извести го!. Тогаш човекот потрчал кон тој што поминувал, го стигнал и му рекол: -Јас те сакам во името на Аллах (џ.ш.). Човекот му одговорил: -Нека Аллах (џ.ш.) те засака тебе, како што ти ме засака мене.


Врз основа на преданието што го пренесуваат Ебу Давуд и Тирмизи од Умер, р.а. дека рекол: ,,Побарав дозвола од Аллаховиот пејгамбер, ми дозволи и ми рече: -Немој брате да не заборавиш во твојата дова. И ми рече еден збор што ме радува повеќе отколку да ја имам оваа дуња (овој свет). Во друго предание се вели:...-Спомни не и нас во твојата дова.

Имам Муслим пренесува од Ебу Зер р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: ,, Немој да ги понижуваш ниту најситните добри дела, како што е средбата на твојот брат со ведро лице” односно со насмеано и благо лице.


Ебу Давуд пренесува од Берр р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: ,,Двајца кога ќе се сретнат и ќе се поздрават со ракување, ќе им бидат опростени нивните гревови, пред да се разделат”.


Таберани пренесува од Енес р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: ,,Кој ќе го сретне својот брат со намера да го развесели со она што него го весели, Аллах (џ.ш.) него ќе го израдува на Судниот ден со таква радост”.

Дејлеми пренесува од Енес р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: ,,Делете подароци меѓу себе, бидејќи тие раѓаат љубов и отстрануваат злоба”.
Таберани пренесува од Аиша р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: ,,Ако делите подароци меѓусебно ќе се сакате”.

Имам Муслим пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: ,,Кој од некој верник ќе отстрани некоја мака од маките на овој свет, Аллах (џ.ш.) ќе отстрани некоја мака од него на Судниот ден. Кој ќе му олесни на оној човек, кого го погодила некаква тешкотија на овој свет, Аллах (џ.ш.) ќе му олесни и на овој и на другиот свет. Кој ќе покрие некаква мана или моментална слабост на некој муслиман,Аллах (џ,ш.) ќе му покрие и нему некаква мана и на овој и на идниот свет. Аллах е при помош на човекот, се додека тој му помага на својот брат.

Имам Муслим пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: ,,Има шест обврски на еден муслиман кон друг муслиман: кога ќе го сретнеш-поздрави го; кога ќе те повика-оѕвиј му се;кога бара да го советуваш-дај му совет;кога ќе кивне и рече Елхамдулиллах-наздрави му (речи му Јерхамукаллах); кога ќе се разболи посети го; и кога ќе умре испрати го џеназето.”

Пренесуваат Бухари и Муслим од хадисот на Берра ибн Азиб дека
рекол: Аллаховиот пејгамбер Мухаммед (а.с.), ни нареди седум работи и ни забрани седум работи. Ни нареди: да го посетиме болниот; да следиме џеназе,да му се наздрави на оној што кивнал, да исполнуваме она што ќе го ветиме,да му се помогне на оној на кого му е нанесена неправда (зло), да шириме селам...

Имам Муслим пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол: “Кој ќе ги отстрани маките од верникот на овој свет, Аллах (џ.ш.) ќе му ги отстрани неговите маки на Судниот ден; кој ќе му олесни на верникот во тешкотија, Аллах (џ.ш.) нему ќе му олесни на овој и на идниот свет,и кој ќе ја покрие маната на еден верник на овој свет, Аллах (џ.ш.) ќе ја покрие неговата мана на овој и на идниот свет. Аллах (џ.ш.) е во помош на човекот, се додека тој е во помош на својот брат.”

Имам Бухари пренесува од Ебу Хурејре р.а. дека Мухаммед (а.с.) рекол:”Чувајте се од вообразеност(замисленост), бидејќи вообразеноста е најлажен говор. Немојте да се прислушувате, ниту да се оговарате, не противете и се на вистината, немојте да завидувате едни на други,и не мразете се меѓусебе. О Аллахови робови! Бидете браќа. Муслиманот е брат со другиот муслиман: не му нанесува зло, не го напушта без помош, не го понижува.Богобојазливоста е тука (покажал со прст кон градите). За човекот доволен грев е да го понижи другиот муслиман. За секој муслиман харам е (забрането) крвта честа и богатството на другиот муслиман”.


Како што пренесуваат Бухари и Муслим од Ебу Ејјуб дека Мухаммед (а.с.) рекол:” Не му се дозволува на муслиманот да стои налутен на својот брат повеќе од три ноќи.Кога ќе се сретнат двајцата еден од друг избегнуваат,а подобар од нив двајца е оној кој прв почне со селам (поздрав )”.


Исто така и Ибрахим Ен-нехаи р.а. смета како Ебу Дерда кога рече: “Немој да ја прекинуваш врската и односот со брат ти, ниту да го напуштиш при гнев бидејќи тој денеска го прави тоа,а утре може да го остави.”

Според хадисот на Муслим од преданието на Ебу Хурејре дека Мухаммед (а.с.) рекол:" Кој го покрие човекот на овој свет,Аллах (џ.ш.)него ќе го покрие на Судниот ден" Во друго предание ( Кој го покрие недостатокот на муслиманот, Аллах ќе го покрие неговиот недостаток на Судниот ден ).

Исто така Имам Муслим пренесува од Ебу Хурејре од Божјиот Пејгамбер дека рекол: Дали знаете што е оговарање ( Гибет )? Рекоа: Аллах и Неговиот пејгамбер знаат, Мухаммед (а.с.) им рече:" Да го спомнуваш својот братот по нешто што не го посакува." Рекоа:" Што ако тоа нешто навистина се наоѓа во него?Пејгамберот (а.с.) рече:" Ако тоа се наоѓа во него како што велиш, тогаш си го оговарал, а ако не се наоѓа она што го велиш, тогаш си рекол најлажен збор."


Имам Хаким пренесува дека Халифата Муавије ибн Еби Суфјан и пратил до Аиша р.а. Жена на Мухаммед (а.с.) илјада дирхеми.Тој ден таа постила и на неа имала стара облека и веднаш откако и стигнале парите ги поделила на сиромашни и бедни, така што не и останало ништо. Тогаш и слугинкатаи рече на Аиша р.а.: О Мајко на муслимани да беше си оставила да купиме месо со еден дирхем да направиме ифтар. Аиша р.а. одговори: Да ме подсететеше на време ќе оставев. Други ги нахранила а самата имаше потреба за храна.Самата се заборавила во патот за усреќување на синовите од исламското опшество.


Ахлу-Суннах

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот