1 Ет Тијере - Претчуство , злокобност Сре 11 Јан 2012, 1:51 pm
Muwehhid
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Самилосен!
Од јазичен аспект значи очекување на нешто добро или лошо кое ќе се случи во иднина врз основа на некој празник. Во исламската тернминологија Тијере е злокобност дена нешто лошо ќе се случи врз основа на нешто што е видено, чуено или сознаено.
Прописот за ова дело
Тетајурот му се спротиставува на Теухидот од два аспекта
1. Кај него се губи потпирањето врз Аллах, субханеху уе те’ ала, и се потпира врз некого друг освен Аллах, Возвишениот.
2.Се врзува за работи кои реално не постојат и кои се илузии и привидувања.
Докази со кои се забранува ова дело се :
Ајетот:
,,... а кога ќе ги снајдеше некаква неволја, тие на Муса и на верниците таа неволја ќе им ја препишеа. Но, не! Нивната веволја беше од Аллах, само што повеќето од нив не знаеја!. (Ел- Араф 131)
Хадисите: ,, Нема зараза , нема лош предзнак, нема лош предзнак во утот и црвите во цревата на камилата. (Муттефекун алејхи)
,,Верувањето во лош презнак е Ширк. (Ебу давуд и Тирмизи кој истиот го отценува како хасен)
Состојбата на тој што чини Тијере
Можеме да издвоиме две состојби:
1. Да се воздржи од делото кое сакал да го направи и да му се препушти на Тијерето. Ова е еден од најопасните форми на Тијере и злокобност.
2. Да продолжи со тоа што го правел, но е со страв од можно влијание на лошиот предзнак. И ова е вид на злокобност но е помал грев од предходниот.
И двете состојби влијаат врз намалувањето на Теухидот и им нанесуваат штета на луѓето.
Лек за оној што ќе почуствува Тијере во своето срце
Нека ја изговори оваа дова:
,, Аллахумме ла је’ ти бил хасенати ил-ла Енте , ве ла једфе’ у ес сејјиати ил-ла Енте Лахауле ве ла куввете ил-ла Бике. Аллаху мој, никој не носи добро освен Тебе и никој не спречува зло освен Тебе . Нема сила и моќ освен со твојата помош. (Ебу Давуд, Албани вели дека е слаб даиф хадис)
,,Аллахумме ла тајре ил-ла тајруке ве ла илахе рајруке.
Аллаху мој нема друга неволја совен таа што доаѓа од Тебе и Ти си единсвениот вистински Бог. (Ахмед, Албани смета дека е веродостоен)
Потоа негова должност е:
- Да ја спознае штетноста на злокобноста.
- Да се бори со својата душа.
- Да верува во Аллаховата пресуда и одредба.
- Да има добро мислење за Аллах џ.ш.
- Да клања истихаре намаз.
Дефиницијата за забрането тијере ја дал Мухаммед , сал-лаллаху алејхи уе селем, во следниов хадис: ,, Навистина Тијере е она што те наведува на некое дело или те одвраќа од нешто. (Ахмед во неговото дело Муснед. Ахмед Шакир го отценува како слаб даиф хадис)
Ел Фе’ л – Оптимизам
Значи убав збор кој кого ќе се чуе разведрува и дава оптимизам (надеж). Пример е кога пред да се тргне на пат некој ќе каже некој збор како на пример Ја Салим( о Здрав човку) и кај патникот предизвикува ведрина и оптимизам. Од аспект на пропис , ваквото дело е дозволено. Доказ е хадискот во кој Мухаммед , сал-лаллаху алејхи уе селем, вели: ,, Ми се допаѓа оптимизмот (Муттефекун алејхи)
Разликата помеѓу Ет Тијете и Ел Фе’ л
Ет Тијере е лошо мислење за Аллах субханеху уе те’ ала, и припишување на Нему својствени работи на некој друг, поворзување на срцето со нешто што е создадено што не користи ниту може да наштети.
Ел Фе’ л е убаво мислење за Аллах кое не го одвраќа човека од неговите потреби.
[You must be registered and logged in to see this link.]