1 Вредноста на намазот Сре 28 Дек 2011, 1:22 am
Muaz al Islam
Модератор
После првата обврска човек да го потврди сведоштвото дека нема друг бог освен Аллах прво нешто битно за муслиманот е намазот[You must be registered and logged in to see this link.].
Кажува Возвишениот Аллах: „Намаз извршувајте и зеќат[You must be registered and logged in to see this link.] давајте и заедно со оние кои молитва извршуваат и вие извршувајте! “ (Ел-Бекаре, 43).
Бележи имамот Муслим од Абдуллах б. Месуд, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., е запрашан кое дело е најдобро , па рекол: „Намазот извршен во неговото време.“
Намазот е врската помеѓу робот и Господарот:
Бележат Бухарија и Муслим од Енес, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Навистина кога некој од вас стапи во намаз, тој го довикува својот Господар.“
Намазот е столб на верата:
Бележи имамот Тирмизи од Муаз б. Џебел, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „ Намазот е столб на верата, а негов врв е џихадот[You must be registered and logged in to see this link.] (борба на Аллаховиот пат)“
Намазот е светлина за верникот:
Бележи имам Муслим од Ебу Малик ел-Харис б. Ашим ел-Ешари, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол:„Намазот е светлина.“
Намазот е заштита од нифакот (лицемерството):
Бележат Бухарија и Муслим од Ебу Хурејре, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Нема потежок намаз за мунафиците[You must be registered and logged in to see this link.] од сабах[You must be registered and logged in to see this link.]-намазот и јација[You must be registered and logged in to see this link.], а да ја знаат нивната вредност, би доаѓале да ги извршат, па макар и ползајќи.“
Намазот е заштита од Огнот на оној кој го извршува:
Бележи имамот Муслим од Амр б. Рувејбе, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Нема да влезе во Огнот оној кој клања пред излезот на сонцето(сабах-намаз) и пред неговото заоѓање (икиндија-намаз).“
Намазот одвраќа од разврат и лоши дела
Возвишениот Аллах, вели: „Кажувај од Книгата која ти се објавува и извршувај намаз, зошто намазот, навистина, одвраќа од развратот и од сé што е лошо; Извршувањето на намазот е најголема послушност! А Аллах го знае она што го работите.“ (Анкебут, 45)
Намазот ги ублажува потешкотиите
Возвишениот Аллах, вели: „Помогнете се себеси со трпение и намаз, а тоа навистина, е тешко, освен на послушните.“ (Бекаре, 45)
Намазот во џемаат[You must be registered and logged in to see this link.] е повреден од намазот на поединецот:
Бухарија и Муслим бележат од Абдуллах б. Омер, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „ Намазот во џемаат е повреден од поединечниот намаз дваесет и седум пати.“
Мелеците[You must be registered and logged in to see this link.] упатуваат дова за клањачот додека е во намаз:
Бухарија и Муслим бележат од Ебу Хурејре, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „ Мелеците упатуваат дова за оној кој остане во месџидот[You must be registered and logged in to see this link.] после извршениот намаз сé додека не го изгуби абдестот[You must be registered and logged in to see this link.]: ’Аллаху, прости му, Аллаху смилувај му се.’ “
Со намазот Аллах ги простува гревовите:
Бухарија и Муслим бележат од Ебу Хурејре, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., им рекол на асхабите[You must be registered and logged in to see this link.]: „Што мислите покрај вашите куќи да течат реки во кои би се капеле пет пати дневно, дали на вас би останала извалканост? “ Асхабите одговориле дека не би останало ништо валкано, а на тоа Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Пример на тоа се пет дневни намази, со нивна помош Аллах ги брише гревовите.“
За секој чекор до џамија Аллах брише по еден грев и воздигнува по еден степен:
Имамот Муслим бележи од Ебу Хурејре, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „На оној кој земе абдест во својата куќа, а потоа се упати кон Аллаховата куќа (месџидот) , да го изврши фарз[You must be registered and logged in to see this link.]-намазот, еден негов чекор до месџидот ги брише гревовите, а другиот му воздигнува степени.“
Намазот е штит за верникот:
Имамот Муслим бележи од Ебу Зерр, р.а., дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Кој клања сабах-намаз, ќе биде заштитен тој ден.“
„Кога човекот излезе да изврши намаз во џамија поради Аллах, с.в.т., секој пат Аллах, џ.ш., му припремува место во Џеннетот[You must be registered and logged in to see this link.], подобро од она што го имал од пред тоа, и така е секој пат кога доаѓа во џамија поради намаз. “ (Бухарија)
Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол:
„Оној кој го слушне езанот[You must be registered and logged in to see this link.] па не се отповика, намазот не му се важи освен ако не најде оправдана причина.“ (Ибн Маџџе и Хаким)
Ибн Умми Мектум, асхаб кој бил слеп, вели:
„Побарав дозвола од Веровесникот, с.а.в.с., да клањам во својата куќа, па ме запраша: ’Го слушаш ли повикот за намаз? ’ ’Го слушам’. – одговорив, па ми рече: ’Отповикај се, не можам да ти најдам оправдание.“(Ахмед и Ебу Ја’ла)
Превземено: Повик кон Вистината
[You must be registered and logged in to see this link.] Задолжителна молитва
[You must be registered and logged in to see this link.] Обврзително давање на милостина од страна на богатиот 2.5%
[You must be registered and logged in to see this link.] Борба против духовните страсти и против општествените зла
[You must be registered and logged in to see this link.] дволични
[You must be registered and logged in to see this link.] утрински
[You must be registered and logged in to see this link.] Вечерна молитва
[You must be registered and logged in to see this link.] Заедничка молитва
[You must be registered and logged in to see this link.] ангели
[You must be registered and logged in to see this link.] Место на молитва
[You must be registered and logged in to see this link.] Ритуално миење
[You must be registered and logged in to see this link.] Следбеници-другари на Мухаммед а.с.
[You must be registered and logged in to see this link.] обврзителен
[You must be registered and logged in to see this link.] рајот
[You must be registered and logged in to see this link.] Повик на молитва