1 Палестина досега ја признаа 112 држави Пет 16 Дек 2011, 4:45 pm
LAUTKA
Модератор
Палестина досега ја признаа 112 држави
16.12.2011
Најмалку 112 земји од светот досега ја
признаа Палестина како држава, а околу 150 земји оддржуваат дипломатски
односи со Палестинците.
Исланд вчера ја призна Палестина, придружувајќи им се на Чешка, Унгарија, Малта, Полска и Кипар.
Во Јужна Америка тоа годинава го сторија Уругвај и Перу. Во овој
регион 12 од 13 земји ја признаа Палестина како држава. Единствено
Колумбија, клучниот сојузник на САД, не го следеше овој пат, наведуваат
агенциите.
Од Централна Америка досега Палестина ја признаа Куба, Костарика, Никарагва, Хондурас и Ел Салвадор.
Кон арапските земји, кои масовно ја признаа оваа нова држава, годинава се придружи и Сирија.
Околу 150 земји оддржуваат дипломатски односи со Палестинциите, а Палестина има статус на ентитет набљудувач во ОН.
Во септември Палестина, преку својот претседател Махмуд Абас, побара
полноправно членство во ОН, додека во октомври земјата стана членка на
УНЕСКО, и покрај острото спротивставување на САД и Израел.