1 Направете пресметка со самите себеси Пет 16 Дек 2011, 1:33 am
Muaz al Islam
Модератор
Направете пресметка со самите себеси,
пред да полагате сметка пред Аллах
пред да полагате сметка пред Аллах
Благодарноста му припаѓа на Аллах, и сведочам дека само Аллах е Бог, Кој нема придружник, и дека нашиот Пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, е Негов роб и Пратеник.
Себеси и на вас ви препорачувам богобојазност и одалечување од се она што ја предизвикува Божјата лутина. Се менуваат годините една по друга, поминуваат месеци, страниците со човечки животи се затвараат, животниот век се исполнува и се приближува крајниот час, затоа што се е до одреден рок кај Аллах. Испраќањето на минатата и дочекот на Новата година е прилика за оние кои размислуваат, и опомена за оние кои поука примаат: “Тој прави ноќта и денот наизменично да настапуваат и во тоа е, навистина, поука за оние кој памет имаат.“(Ен – Нур, 44)
Верникот кој цврсто верува во Аллах и Судниот ден не може да му се случи да биде немарен кон правењето пресметка со сопствената душа и вреднувањето на сето она што таа го направила во минатото, сегашноста и иднината. Ибнул Кајјим рекол: “Пропаста на срцето лежи во занемарувањето на сомопресметката, удоволувањето на душата и следењето на нејзините посакувања и страсти.“ Возвишениот , во превод на значењето вели : “О верници, од Аллах плашете се, и нека секој човек гледа што за утре подготвил и од Аллах плашете се затоа што Тој добро знае што правите.
Во предание кое го бележи имам Ахмед се наведува дека Омер, радијаллаху анху, во една прилика рекол: “Направете си самопресметка, пред да полагате сметка пред Аллах, и измерете ги своите дела, пред да бидат измерени на ахиретската вага. Полесно ќе ја положите утрешната сметка, ако веќе денес направете детален биланс на вашите дела, и убаво “опремете се“(украсите) за “Големото излагање“, на кое ќе бидат изложени вашите дела,“ „...и ниту една ваша тајна скриена нема да остане.“(Ел – Хакка, 18)
Ценет брате и сестро, додека ја испраќаш старата и ја дочекуваш Новата година, имајте го на ум фактот дека твојот спас единствено лежи во самопресметката и практичните одговори на следните прашања: Постапуваш ли во склад со Аллаховите наредби и наредбите на Неговиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем? Му се покоруваш ли на Аллах во секоја работа и го следиш ли Неговиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем? Колку успеа својата душа да ја одалечиш од гревот? Дали во потполност ги исполни Аллаховите права и правата на Неговите створенија? Дали изврши детални духовни “пребарувања“ и ја лечиш ли својата душа од “тешки“ болести?
Од Ибн Омер, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: “Биди на дуњалукот како странец, или патник намерник“ , а самиот Ибн Омер, радијаллаху анху инспириран од овој совет на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, знаел да каже: “Кога ќе те стемни не очекувај дека ќе те осамне, а кога ќе те осамне не очекувај дека ќе те стемни. Остави нешто од твоето здравје за твојата болест и од твојот живот за твојата смрт.“(Бухари)
Новата година за верникот е уште една прилика да си ги зголеми своите добри дела, и да се натпреварува со другите во добро и искористување на секој момент за поправање на својата позиција и углед кај Аллах, џелле шануху. Во таа смисла се и зборовите на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем: “Најдобри меѓу вас се оние кој долго ќе проживаат и ќе направат многу добри дела.“(Ахмед и Тирмизи, кој за хадисот рекол дека е сахих).
Чувај се да не бидеш од оние на кои и без малку грижа на совеста добрите дела им заминуваат во неповрат, и кои годините ги трошат како морска мена, затоа што твојот Господар вели: “Тие во него ќе јаукаат „Господару наш, избави не, ќе правиме добри дела, поинакви од оние кои ги правевме.“ „ А зар не ве оставивме да живеете доволно долго за да оној кој требаше да размисли имаше време да размисли, а ви дојде и оној кој опоменува? Затоа искусете го страдањето, на неверниците им нема помош!“(Фатир, 37)
Хусејн ибн Абдул – Азиз Алу Шејх
Исламски-Центар