1 Асхаби-халифи Саб 25 Сеп 2010, 5:49 pm
LAUTKA
Модератор
првиот халифа
Неговото име е Абдуллах ибн Ебу Кухафе, а познат е како ебу Бекр ес-Сиддик радијаллаху анху. Надимакот ес-Сиддик го добил затоа што бил најбрз во потврдување на се што му било објавено на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.
Се пренесува, кога Аллаховит Пратеник с.а.в.с. бил пренeсен од Мекка во Кудс во ноќта на Мираџ, му рекол на Џибрил а.с. за ова мојот народ нема да ми верува. Па Џибрил а.с. рекол: Ќе ти верува ебу Бекр тој е ес-Сиддик(вистинољубив).(ет-Табекатул-кубра 3/169)
Бил првиот возрасен и слободен човек кој примил Ислам. Го имал најголем и најпотполн иман од сите луѓе, за тоа Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: Кога би се вагал иманот на мојот уммет и иманот на ебу Бекр вагата би превагнала на страна на ебу Бекр. ( Муснед Имам Ахмед 5/259 )
Беше првиот халифа после Пратеникот с.а.в.с еден од оние кои најмногу се жртвувале со живот и имотот за оваа возвишена вера, многу се преданијата што го опишуваат овој великан на Умметот на Мухаммед с.а.в.с.
Делата со кои е познат овој асхаб во неговото владеење како халифа се многу а најпознати се:
1.Припремање на војската од Усама ибн Зејд р.а.
Пред смртта пратеникот с.а.в.с. ја спреми оваа војска за да го прегази ел-Балка и ед-Дарум во Палестина, го постави Усама ибн Зејд р.а за командант на оваа војска и му го предаде знамето. Кога тие залогорија надвор од Медина, Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. пресели кај неговиот Господар с.в.т.а. и ебу Бекр го презеде халифатот му рекол на Усама р.а.“ Изврши ја наредбата од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. “
Ја испратил војската и тоа пешки се додека младиот командант на оваа војска не му рече: Или јавни го ти коњов или јас да слезам. Одговорот беше „ Зарем да не ги испрашам нозете на Аллаховиот пат “. Голема е мудроста во овој чин затоа што војската си оди а центарот останува незаштитен, ама потоа ќе видиме дека овој потег беше мудар, така што многу кои сакаа да ја нападнат Медина рекоа, ако ваква војска оди во поход сигурно и центарот им е јак. Треба да се наведе дека само малку останаа во Медина, а тогаш почна големото отпадништво од Ислам на многу племиња од Арапскиот полуостров.
2. Истребување на отпадниците од вера.
Како што споменавме дека во тоа време настапи отпадништво на многу племиња, причината била тоа што одбиваа да дадат Зекат, ебу Бекр побара совет од Асхабите р.а. го доби истиот одговор да почека се додека не се врати војската на Усама и да биде со нив љубезен се додека не им се зацврсти иманот. Па и Омер р.а. познат како строг, цврст и безкомпромисен спрема оние кои чинат риддет ( отпадништво ) зборувал да се стрпи. Но ебу Бекр ес-Сидик ја знаеше опасноста од ова па рече: Се колнам во Аллах, и ако одбијат да дадат само трунка од она што му го даваа од Зекатот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. јас ќе поведам војна против нив затоа што направија разлика измеѓу Намазот и Зекатот.
Сепак победи одлучноста на ебу Бекр р.а. и Асхабите р.а. поведоа војна против тие племиња и за кратко време беа поразени сите.
3.Собирање на Кур’анот
После битката на Јемама откако загинаа голем број на хафизи на Кур’ан, Омер р.а. побара од него да се собери Кур’анот во еден мусхаф, во почетокот ебу Бекр р.а. се противеше затоа што мислеше дека ако Пратеникот с.а.в.с. не го сторил тоа како тој да го стори тоа. После долго убедување од страна на некои Асхаби р.а. одлучи да го стори тоа. Нареди Кур’анот да го собере Зејд ибн Сабит р.а.
4.Исламските освојувања за неговото време
Освојувањата беа насочени во две насоки:
-спрема Персија на исток
-спрема Византија на север.
Многу битки се одиграа тогаш, а најпозната е битката на Тебук каде што муслиманската војска на чело со славниот Халид ибн Велид р.а. ја порази моќната Византиска војска. Тука загинаа околу 3000 Асхаби р.а.
Неговото владење траело две години, три месеци и десет дена. Преселил на Ахирет во вторник осум ноќи пред завршување на месец Џумадел-ухра, тринаесетта година по хиџра.
Неговиот васијјет бил да го огусули неговата ќерка Есма бинт Умејс р.а. Замотан е во два , според некои во три искористени ќефини. Џеназето му го клањал Омер ибн Ел-Хатаб р.а. Измеѓу мимберот и кабурот на Пејгамберот с.а.в.с. Закопан е ноќе покрај Пејгамберот с.а.в.с. така да главата му била во висина на рамената на Пејгамберот с.а.в.с.
Аллах с.в.т.а. да ти се смилува о ебу Бекр и да биде задоволен со тебе, го наследи на Мухаммед с.а.в.с. и беше најдобар наследник на најдобриот предходник, го достави упатот на луѓето и го прошири повикот во Ислам, го понесе еманетот како што треба и го исполни на најдобар начин.