1 Аллаховиот месец мухаррем и денот Ашурe – што знае Чет 01 Дек 2011, 2:20 am
Muaz al Islam
Модератор
АЛЛАХОВИОТ МЕСЕЦ МУХАРРЕМ И ДЕНОТ АШУРE – ШТО ЗНАЕМЕ ЗА НИВ?
Вредноста на Аллаховиот месец мухаррем и денот Ашурe се навистина големи, меѓутоа, и покрај тоа, луѓето во погледот на овој месец и овој ден се поделени на неколку групи: оние кои, за жал, за овој месец незнаат скоро ништо; оние кои знаат одредени работи за Аллаховиот месец мухаррем и денот Ашурe, а е засновано на измислени хадиси и обичаи кои немаат основа во верата; и оние кои ја знаат вистинката вредност на месецот мухаррем и денот Ашурe, но поради слабоста на своето верување – иман, тоа не менува ништо во нивниот живот.
Затоа во овој текст ќе ја појасниме вредноста на овој благословен месец и денот Ашурe низ призмата на веродостојни аргументи , за да кај луѓето се разбуди чуство на вредоста на тоа време и негово искористување на најдобар можен валиден начин, и да се укаже на измислените и слаби хадиси кои зборуваат за месецот мухаррем и денот Ашурe, и на одредени новотарии и неосновани постапки врзани за месецот мухаррем и денот Ашурe.
Одликите на Аллаховиот месец мухаррем
Месецот мухаррем е еден од четирите свети месеци. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам рекол: “Дванаесет месеци се во годината, а четири се свети, три доаѓаат еден по друг: зул каде, зул хиџџе и мухаррем, и реџеб кој паѓа меѓу два џумадети и шабан.“(Бухари и Муслим) Возвишениот Аллах рекол:“Бројот на месеците кај Аллах е дванаесет, според Аллаховата Книга, од денот кога ги создаде небесата и Земјата, а четири се свети; тоа е вистинската вера! Во нив не грешете! А борете се против многубошците, како што сите тие се борат против вас; и знајте дека Аллах е на страната на тие што се плашат од Аллах и се чуваат од гревовите.“(Ет – Теуба, 36) Еден дел од исламските научници го толкуваат овој ајет со зборовите: “Аллах го забранил насилството – гревовите во сите месеци во текот на годината, а насилството и гревовите во светите месеци се построго забранети и повеќе казниви, како што гревовите на светите месеци се построго забранети отколку во други места.“
Најдобриот пост, после рамазанскиот, е постот во месец мухаррем.
Многумина луѓе незнаат дека постот во месецот мухаррем е на голем степен на пофалност, што ни потврдува и хадисот на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с, дека постот во месецот мухаррем е највреден после рамазанскиот пост. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: “Највреден пост, после рамазанскиот е постот во Аллаховиот месец мухаррем, а најдобар намаз после пропишаните е ноќниот намаз.“(Муслим)
Во него е денот Ашуре
Месецот мухаррем се одликува над другите месеци по денот Ашуре, а тоа е десетиот ден од месецот мухаррем. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., ги потикнувал следбениците на својот уммет да го постат тој ден и оној кој ќе го испостел му ветувал опрост на малите гревови направени во минатата година. Се пренесува од Ибн Аббас, р.а., дека рекол: “Кога Аллховиот Пратеник стигна во Медина, ги затекна евреите како го постат денот Ашуре, па ги праша: ’Што е тоа?’ Му рекоа: ’Ова е величествен ден, (во ривајетот: добар ден), во него Возвишениот Аллах го спасил Муса и неговиот народ ( во ривајетот: Бену Исраил) од фараонот и неговиот народ (во ривајетот: нивните непријатели) па Муса, алејхи селам, го постел од благодарност кон Аллах.’ Аллаховиот Пратеник рече: ’Нас Муса ни е поважен од вас’, па Аллаховиот Пратеник го постеше и нареди да се пости.“ (Бухари и Муслим)
Аллаховиот Пратеник, с.а.в., за постот во денот Ашуре, рекол: “Постот во Ашура ги брише малите гревови од изминатата година.“ (Муслим од Ебу Катаде, р.а.)
Фикхско – правни прашања врзани за постот на денот Ашуре
- Суннет е да се пости денот Ашуре. Ибн Аббас р.а., рекол: “Не видов Аллаховиот Пратеник толку да се труди во постот во некој ден, поради вредноста над другите денови, освен во денот Ашуре и овој месец – мислејќи на рамазан.“(Бухари и Муслим)
- Пофално е покрај денот Ашуре да се пости и предходниот ден, за да постачот се разликува во ибадетот од евреите или христијаните кои го постат овој ден. Рекол Ибн Аббас, р.а.: “Кога Аллаховиот Пратеник почнал да го пости денот Ашуре и на другите им нареди да го постат, му беше речено: ’Аллахов Пратенику, тоа е ден кој го величат евреите и христијаните’, па рекол: ’Ако бидам жив до следната година, сигурно ќе го постам и деветиот ден.’“ (Муслим) Во друг ривајет: “И не ја дочека следната година.“
- Еден дел од исламските научници сметаат дека е пофален и постот во единаесетиот ден од мухаррем. Својот став го аргументирале со неколку докази – факти: со зборовите на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.: “Постете ден пред Ашуре и (во ривајетот: или) ден после него“(во поглед на ова предание или други преданија во кои се спомнува постот во денот после Ашуре, хадиските експерти имаат спротиставени ставови, едни од нив сметаат дека оваа предание е добро – хасен, додека други сметаат дека сите преданија во кои е спомнат постот во единаесетиот ден се слаби; на тој начин човекот ќе биде сигурен дека го постел денот на Ашуре, а тоа е доколку се случи почетокот на месецот мухаррем да не е исправно одреден; општи хадиси кои зборуваат за вредноста на постот во месецот мухаррем.
- Личностите кои не се во можност да го постат тој ден, нема да го напостуваат, затоа што е ибадет – нафила временски ограничена и поминува можноста за постигнување на ветената награда со нејзиното поминување.
- Според мислењето на голем број исламски научници, а тој став го преферирал и шејхул – ислам Ибн Тејмије, не е покудено да се пости само денот Ашуре, без при тоа човекот да го пости и деветиот или единаесетиот ден од Мухаррем.
- Ако се случи денот Ашуре да биде во сабота, нема пречки човекот да пости само сабота. Поголемиот дел од исламски правници го сметале за покуден самостојниот пост во сабота во случај да е општа нафила, но кога се работи за нафила со повод, како што е денот Ашуре, Арефат, тогаш се смета дека покуденоста престанува.
Неколку слаби и апокрифни хадиси за денот Ашуре
- “Кој ќе користи сурма(ар. Ел – исмид) на денот Ашуре, никогаш нема да го болат очите (воспаление на очи).
- “Морето се разделило пред Израелците на денот Ашуре.“
- “Во месецот реџеб Нух, алејхи селам, се качил на бродот, па им наредил на оние кои биле со него да постат. Патувале со бродот шест месеци и последниот ден од пловидбата и слегнувањето во Џудијј, бил денот Ашуре, па го постел Нух, алејхи селам, оние кои биле со него и животните во знак на благодарност кон Аллах. Се раздвоило морето пред Израелците на денот Ашуре. Аллах му го примил покајувањето на Адем, алејхи селам, на денот ашуре. На денот Ашуре се родил Ибрахим, алејхи селам.“ ( За апокрифен го смета шејх Албани)
- “Оној роб кој ќе плаче на денот на загинувањето на Хусејн, р.а., - на денот Ашуре, тој на Судниот ден ќе биде со одбраните пратеници.(улул – азм)“
- “Кој ќе посети болен на денот Ашуре, како да ги посетил сите болни од Адемовото, алејхи селам, потомство.
- “Кој ќе го пости денот Ашуре, ќе добие награда од шеесет години правење на ибадет.“
- “Кој ќе го пости денот на Ашуре, ќе добие награда на десет илјади шехиди.“
- “Кој ќе го пости денот Ашуре, ќе добие награда на десет илјади мелеци.“
Уште неколку факти кои исто така се спомнати во апокрифни хадиси
1. Аллах ја створил Земјата на денот Ашуре,
2. Аллах го сворил перото на денот Ашуре,
3. Тој ден бродот на Нух, а.с., стигнал во Џудијј,
4. Тој ден Јусуф, алејхи селам, се вратил кај татко му Јакуб, алејхи селам,
5. Возвишениот Аллах го створил Џибрил, на денот Ашуре,
6. Возвишениот Аллах го створил Адем, алејхи селам, на денот Ашуре,
7. Возвишениот Аллах го спасил од огнот Ибрахим, алејхи селам, на денот Ашуре,
8. Возвишениот Аллах му простил на Давуд, алејхи селам, на денот Ашуре,
9. Пратеникот, с.а.в.с., е роден на денот Ашуре,
10. Возвишениот Аллах се извишил над Аршот на денот Ашуре,
11. Има посебни награди за намазот кој се извршува во утринските часови во денот Ашуре (духа намаз)
12. Да се оживее ноќта Ашуре со посебни ибадети и посебни видови на намаз.
Новотарии во денот Ашуре
Една од најголемите новотарии на денот Ашуре е собирањето на шиите – рафидии на Карбела, местото каде е загинат Хусејн, р.а., и нивното изведување на традиционалниот ритуал “матам“. Колку тоа е во колизија со начелата на верата ислам во тој ден, само Возвишениот Аллах знае! Проколнување на првите генерации, тажењето, кинењето и цепењето на облеката, осакатувањето на човечкото тело, се само некои работи кои се прават тој ден на Карбела, а кои со верата се строго забранети. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, забранил неговиот кабур да се посетува секоја година на ист ден и од тоа да се направи празник – осветување, па како тогаш да се коментираат постапките на овие заблудени секти?! Или пак тие сметаат дека тој хадис не е веродостоен, како што на тој начин отфрлиле и многу други веродостојни хадиси забележани во збирките на Бухари и Муслим, или пак можеби сметаат дека Хусејн, р.а., е на повисок степен од Пратеникот, како што сметаат дека аџилакот на Карбела е повредно од посетата на Мека?!
Ако на тоа ја додадеме и идеолошката позадина на оваа новотарија, дури тогаш ќе сватиме за каква и колкава новотарија се работи.
Аллах да не сочува од заблуди после упатсвото!
Превземено од: Минбер ба
Превод и обработка: [You must be registered and logged in to see this link.]