1 Дови кои ги учиме на сеџде Вто 15 Ное 2011, 4:04 pm
Muaz al Islam
Модератор
Дови кои ги учиме на сеџде
1.„ Субхане Раббијел-еала “
(Слава му припаѓа на Аллах Возвишениот), (три пати).
2. „ Субханеке Ал-лахумме раббена ве бихамдике, Ал-лахумме-гфирли. “
Слава тебе Аллаху мој, Господару наш, Ти се заблагодаруваме, аллаху мој, прости ми.
3. „Суббухун, кудусун раббул-мелаикети вер-рух.“
Славен е и Свет Господар на Мелеките и Џибрилот.
4. „Ал-лахумме леке сеџедту ве бике аменту ве леке еслемту, сеџеде веџхије лил-лези халекаху, ве саввереху ве шекка сам’аху ве бесареху, ребарекел-лаху ахсенул-халикин. “
Аллаху мој, Тебе сеџде ти чинам и само во Тебе верувам, Тебе Ти се предавам, моето лице паѓа на сеџде на Оној кој го создал, му дал облик, кој му дал слух и вид, нека е благословен Аллах најсовршениот Создател.
5. „ Субхане зил-џеберути вел-мелекути вел-кибријаи вел-азамети. “
Слава на Тебе кому му припаѓа сета слава, сите кралства, големината и величенственост.
6. „ Ал-лахумме-гфир ли зенби кул-леху, диккаху ве џиллеху, ве еввелеху ве ахиреху ве’аланијетеху ве сирреху. “
Аллаху мој прости ми ги сите гревови, малите и големите, првите и последните, јавните и тајните.
7. „Ал-лахуме инни е’узу би радаке мин сехтик, ве би муафатике мин ’укубетик, ве е’узу бике минке, ла ухси сенаен алејке, енте кема еснејте ала невсике.“
О Аллаху мој, се приклонувам кон Твоето задоволство од Твојата лутина, кон Твојата прошка од Твојата казна. Се приклонувам од Тебе кон тебе. Немам сила да Ти изразам благодарност. Ти си таков каков што си донесе благодарност за Себе.
(Довите се забележени во Муслимовата збирка)