1 Куран и Наука Саб 05 Ное 2011, 9:22 pm
Muwehhid
Модератор
Бисмилахх
Ова е вистината , ова е за оние кои се сомневаат во Куранот, за сите оние кои од недоволна начитаност го навредуваат Аллаховиот Говор, за сите оние кои трагаат по вистината да можат да согледаат дека Куранот е навистина Аллахово чудо !
за оние за кои мислат дека не постои Бог за оние кои веруваат во науката , но едно забораваат дека Куанот не е празен говор тоа е зрак тоа е светло во кое го осветил светов во кој пред овјавувањето на куранот светот бил во мрак , а ова е до Атеистите љубители на науката... но забораваат едно додека научите откритија кои ги откри науката куранот сетоа тоа го има спомнато од пред 1400 г.
Речи: Што мислете, ако е Куранот од Аллах, а вие во него несакате да верувате - кој е тогаш во поголема заблуда од оној кој во противречности е далеку од вистината? (Сурах Ал - Фусилет 41 (ајет 52)
и со тоа што потврдува за Божјото постоење и Куранот е дефенитивно понапред од науката кој ја откриваат денешните науниците.
Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение , е од Господарот на световите. Или зборуваат "Тој го измислува." Но, не! Тоа е вистина од Господарот твој за да го опоменуваш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат. (Ес Сеџде 32 ајет 2-3)
Атеистите кој толку се заслепени и опијанати и заслепени што тоа не им дава да ја погледната вистината, од Нивниот и наш создавател и на се што постои Владар на судниот ден а тоа е Аллах, оној кој ја има апсолутната власт, оној кој е достое и Заслужен да се обожава Аллах џ.ш , а ова е исто така до сите нас како би зеле ибред пука.
Па славен нека биде Аллах, и при легнувањето ваше , ноќе, и при станувањето ваше дење. Благодарноста нему му припаѓа, и на небесата и на земјата, и приквечерина и напладне. Од мртвото Тој вади живо, и Тој ја оживува земјата по мртвило нејзино. И ете вака ќе бидете изведени ! А меѓу знамениата негови е тоа што Тој ве создаде од земја, а потоа, ете, станавте луѓе растурени насекаде. А од знаменијате Негови, е и тоа што од вас Тој создаде жени за да најдете смирна во нив. И меѓу вас определи и љубов и милост. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат ! А од знаменијата Негови, е и тоа што, Тој ве создаде од земја , и различноста на јазиците ваши и боите ваши. Ете, навистина во тоа има знаменија за луѓето кои размислуваат ! А од знаменијата Негови е и спиењето ноќе и дење, и стремежот ваш кон добрината негова. Ете, во тоа навистина има знаменија за луѓето кои слушаат. А од знаменијата Негови е и тоа што Тој ви ја покажува молњата за да се уплашите и да се надевате, и Тој од небесата ви ја спушта водата, па со неа ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Во тоа навистина има знаменија за луѓе кои сфаќаат ! И она на небесата и она на земјата, се е Негово, и се Нему му е потчинето ! - (Eр-Рум, 17-26)