Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Гус’л  EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Гус’л  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Гус’л  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Гус’л  EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Гус’л  EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Гус’л  EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Гус’л  EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Гус’л  EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Гус’л  EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Гус’л  EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Гус’л  EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Гус’л  EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Гус’л  EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Гус’л  EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Гус’л  EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 292 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 292 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 
Haqq (253)
Гус’л  Vote_lcapГус’л  Voting_barГус’л  Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Гус’л  Empty Гус’л Вто 27 Сеп 2011, 9:29 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Гус’л  Voda_1



Бисмилахх



Гус’л или прочистување значи: Миење на телото со вода (опфаќајќи го во целост). Гус’лот или прочистувањето е еден од прописите на Шеријатот - Исламскиот верозакон.


Ова го потврдуваме со зборовите на Аллах џ.ш. кој вели:
“Доколку сте нечисти, тогаш прочистете се.” Како и зборовите:

“И те прашуваат за месечното прање. Кажи: ‚Тоа е непријатно!’ Кога жените имаат месечно прање, тогаш, не легнувајте со нив. И не приближувајте им се додека не се очистат. А кога ќе се очистат, здружете се онака како што ви определи Аллах џ.ш.”
(Ел Бекаре, 222)

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПРОЧИСТУВАМЕ

1. Треба да се прочистиме по ејакулација (истурање на сперма) со нагон, било кога сме будни или кога спиеме.
Ова е мислење на сите исламски научници кои се базираат на хадисот на Пратеникот (мир над него):
„Водата од вода“. (Муслим)

Како и во хадисот во кој Умму Селеме истакнува дека Умму Селејме, мајката на верниците рекла:
Кај Пратеникот мирот над него дојде Умму Селејме, сопругата на Ебу Талха и го праша:
„О Пратенику на Аллах, Аллах џ.ш не се срами од изјавувањето на вистината, така што и јас не се срамам да те прашам дали е жената обврзана да се мие кога ќе се испразни на сон (полуција)?”
“Да, доколку види течност (вода), - одговори Пратеникот мирот над него. (Бухари)

Во врска со ова, би сакале да спомнеме неколу забелешки или ситуации при кои немаме потреба од прочистување, и тоа:
а. Доколку спермата излезе без некоја нагонска иритација, тогаш прочистувањето не е потребно.
Пратеникот мирот над него во една прилика му беше рекол на Али мирот над него.:


“Кога ќе видиш дека спермата излегува нагло, тогаш прочисти се”.
Дококу спермата тече или излегува од сексуалниот орган при мокрењето, ниту во тој случај немаме потреба од прочистување.
Кога Ибн Аббас р.а.а. го прашал Пратеникот мирот над него во врска со ова прашање, тој му одговорил: “Ти во овој случај немаш потреба од прочистување, но треба да земеш абдест”.
б. Дококу човекот ејакулира на сон, но откако се буди не чувствува никаква влажност или трага од сперма.


Ова го потврдивме со претходните зборови на Умму Селејме кога Пратеникот мирот над него и одговорил дека доколку се осетат траги на влажност, тогаш е потребно прочистување. Но, доколку спермата излезе откако човекот се разбудил, тогаш прочистувањето е неопходно.
в. Доколку човекот кој се разбудил и на себе осети влажни траги, но воопшто не се сеќава дали ејакулирал (на сон). Но, доколку е сигурен дека таа влажност е од спермата, тогаш прочистувањето е неопходно, бидејќи може да се случи да се појави сомневање.
г. Доколку човекот насетува дека спермата ќе излезе, но се буди и го спречува тоа, тогаш не е потребно прочистување.
2. Сексуални односи

Без сомнение е дека после секој сексуален однос меѓу сопружниците, и кај двајцата е неопходно прочистување.
Во овој случај прочистувањето е потребно доколку главата на машкот полов орган навлезе во женскиот орган, дури и ако не ејакулира.
Пратеникот мирот над него вели: „Кога ќе се сретнат двата органа, тогаш прочистувањето е неопходно.“

3. Хајзот и Нифасот

Хајз се менструациите, додека нифас е крвта која тече кај жената после пораѓање.
Прочистувањето е неопходно кога жената ќе помине низ било која од овие фази.

4. Смртта

Кога човекот ќе умре неопходно е негово прочистување. Ова е заеничко мислење на сите исламски научници.

5.Неверникот којшто ја прифатил
исламската вера

Доколку некој неверник ја прифати Исламската Вера, тогаш е потребно тој да се прочисти.

ШТО И СЕ ЗАБРАНУВА НА ЛИЧНОСТА КОГА Е НЕЧИСТА

На личноста која е нечиста, било да е женско или машко, и се забрануваат неколку работи, и тоа:


а) Намазот,
б) Таваф (движење околу Каба),
в) Допирање и носење на мусафот (Кур’анот),
г) Читање на Кур’ан
д) Опстојувањето во џамија (влегување во неа).



ПРЕПОРАЧЛИВОТО ПРОЧИСТУВАЊЕ (МУСТЕХАБ)

Би било добро муслиманот да се прочистува, посебно во овие случаеви:


а. Прочистувањето во денот на Џума (Петок),
б. Прочистување во деновите на Бајрам,
в. Прочистување на оној кој го прочистил мртовецот.
г. Прочистувањето при облекувањето на ихрам (на Аџилак).
д. Прочистувањето при влегувањето во Мекка,
ѓ. Прочистувањето кога ќе дојде време за престојувањето во Арафат (на аџилак).

УСЛОВИТЕ НА ГУС’ЛОТ

Нема да бидете сметани како за чисти освен ако ги исполнувате овие услови:

а. Нијјетот (намерата)
Доволно е намерата да биде направена од срце, не цитирајќи нешто посебно, иако некои луѓе се обидуваат да цитираат нешто посебно, и покрај тоа што е ова непотребно.

б. Прочистувањето на сите делови
Подразбираме она кое што претходно го кажавме: поминувањето на телото со вода.

СУННЕТИТЕ НА ГУСЛОТ

Суннетите се дела кои што ги чинел Пратеникот мирот над него Суннетите на гуслот се следните:


а. Прочистување на рацете три пати,


б. Прочистување на сексуалниот орган,


в. Миење на внатрешноста на устата и носот три пати, ставајќи вода длабоко во нивната внатрешност,


г. Потполно земање на абдест, освен миење на нозете, со што се дозволува прочистување на нозете на крајот,


д. Фрлање на вода на главата три пати додека ја триеме косата,


ѓ. Фрлање на вода на телото, и тоа почнувајќи со триење на десната страна на телото, потоа на левата, потоа ја триеме внатрешноста на ушите, папокот, прстите на нозете, и другите делови кои се сметаат како внатешни делови.

ПРОЧИСТУВАЊЕТО НА
ПРАТЕНИКОТ МИРОТ НАД НЕГО.

Се пренесува од Аиша р.а.а. дека Пратеникот м.н.н. кога се прочистувал започнувал со миење на рацете, потоа фрлал вода со десната и со левата рака и го прочистувал својот сексуален орган, потоа земал абдест како за намаз, земал вода и ја фрлал над главата додека не пристигнувала (навлегувала) водата во внатрешноста на косата и потоа го поминувал целото тело со вода.
Некогаш земал вода и ја исплакнувал внатрешноста на устата и носот.

ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЖЕНАТА

И прочистувањето на жената се изведува на ист начин како и прочистувањето на мажот, со тоа што треба повеќе да се грижи за навлегувањето на водата до нејзината коса.
Жената која има долга коса и која е тешко да се разврзе, треба само да фрли вода врз својата коса три пати и потоа да го прочисти своето тело.
ЗАБЕЛЕШКИ

На личноста која е нечиста, било да е машко или женско, и се дозволува да ја скрати косата, да ги исече ноктите, да оди да пазарува.
Дококу се прочистила, но нема земено абдест, тогаш нејзиното прочистување го заменува абдестот.


Не се дозволува прочистување на соблечената личност во присуство на други, бидејќи откривањето на срамните делови во присуство на другите е забрането.


Се дозволува заедничко прочистувањето на двата сопружници во една заедничка просторија, како и од садот со кој се миел еден од сопружниците, му се дозволува на другиот да ја користи преостанатата вода во садот.
Го молиме Аллах џ.ш. на сите оние кои ќе ја прочитаат овој текст да им овозможи да ја разберат и да им ја пренесат на другите.


Браќа и сестри, мојата последна порака до вас е зборот на Пратеникот мирот над него:

„ВО ВЕРАТА НЕМА СРАМЕЊЕ“

ВЕЛ ХАМДУЛИЛ-ЛАХИ РАБИЛ АЛЕМИН!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот