1 Шејтанот најголем непријател на човекот Сре 17 Aвг 2011, 6:15 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името На Аллах Милотивиот , Самилосен!
Пренесува Енес ибн Малик р.а. дека Аллаховиот Пратеник, а.с., рекол:
„Муминот секогаш се наоѓа меѓу пет искушенија:„ слабиот верник му завидува,
мунафикот го мрази, ќафирот секогаш му работи зад глава, страста и нагонот
секогаш го растргнуваат, а шејтанот секогаш работи на тоа да го одведе во
заблуда.“
Ние со помош од Аллах џ.ш. се зборуваме за последниот непријател бидејќи
неговото непријателство е трајно од почетокот на животот па сė до смртта,
додека другите непријатели можеби ќе се покајат или поправат...
Шејтанот е најстар и најопасен непријател на човекот, неговото непријателство
и омраза започнале уште од самото создавањето на Адем а.с. (татко на
човештвото) и ќе трае се додека Севишниот Аллах џ.ш. ја наследи земјата и
сето она што е на неа. Возвишениот Аллах вели:
„Навистина, шејтанот е ваш непријател, и сметајте го како непријател. Он
навистина, повикува кон странката негова за да бидат жители на огнот.“
(Фатир, 6)
Постоењето на џинови е вистинска реалност, и нивните трагови се очигледни и
постоечки иако не ги гледаме. Вели Возвишениот Аллах :
„Навистина, тој ве гледа и неговата војска од таму каде што вие не ги
гледате.“ (Ел-Араф, 27)
Постојат многу појави и нешта, луѓето веруваат во нив иако не ги гледаат, но
сепак ги гледаат нивните трагови, влијанија. Па така на пример воздухот не го
гледаме, електричиниот бран не го гледаме, гравитацијата не ја гледаме и
душата не ја гледаме. Меѓутоа, неколебливо сме уверени дека тие феномени
постојат и не опкружуваат.
Светот на џините е познат и признат свет кој нè опкружува, иако ние не сме во состојба да ги видиме, ние не ги гледаме а тие нас не гледаат, нивното постоење е пред создавањето на човекот. Возвишениот Аллах ги осздал од оган поради Своја мудрост:
„Не ги создадов џинните и луѓето освен Мене да ме обожуваат.“ (Ез-Заријат, 56)
Тие во однос на одговорност се исто како луѓето, кој е послушен на Аллах, ќе
влезе во Џеннет, кој ќе биде непокорен ќе гори во џехеннем, имаа сила и моќ но
ограничена им е од страна на Аллах џ.ш. и нивното однесување е со Аллахова
довзола и волја.
Секој човек има свој сопатник и придружник од џинните, од нив има со
различен степен на доброчин ство и зло. Некои од нив присуствувале додека
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. читал Кур’ан, ги поучил во вера, го гледале и
слушале како клања со асхабите, на Судниот ден ќе сведочат за оној кој учел
езан за намаз, меѓу нив и оние кои повикуваат во Аллаховата вера:
„О народе наш, одзвијте се на Аллаховиот повикувач и поверувајте во
Него.“ (Ел-Ахкаф, 31)
Дури и џинните се пофалиле дека меѓу нив има добри и
побожни како што има и злонамерни и неверници. Секој коска која човекот ќе
ја фрли со Аллахова волја им се претвора во месо и храна за нив.
Драги браќа! Иблисот е основа на џинните, тој има свое семејство, и има рок на
живеење до Судниот ден, неговиот престол е над море и тој е седнат на него,
секој ден ја пушта својата војска меѓу луѓето да внесе фитне и раздор, шејтанот
има грд изглед, дури и магаре кога ќе го види почнува да рика. Мухаммед а.с.
вели: Кога ќе го слушнете рикањето на магаре, барајте заштита кај Аллах од
проклетиот шејтан бидејќи тоа видело шејтан.“ (Муттефекун алејхи)
Шејтанот има срце, очи, уши, глас, прст, сонцето излегува меѓу двата негови
рога, јаде и пие со лева рака, тие се распространети по земјата, а најповеќе се
сместени во валкани места, нечистотии, буништа, отпади, сакаат да седат на
место меѓу сенка и сонце, затоа Пратеникот а.с. ни забранил да седиме со пола
тело на сонце а пола во сенка и рекол:
(Ебу Давуд), посебно се често присутни по пазарите. Шејтанот ја надгледува
жената. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Жената е срамен објект (авре), па
кога ќе излезе шејтанот ја следи (надгледува).“ (Тирмизи).
Затоа жената треба
да внимава при излегувањето надвор од својот дом како се облекува и однесува,
постоа секој човек со себе има шејтан придружник кој кружи во човечкото тело
како што циркулира крвта низ неговиот организам.
Шејтанот се смее кога човекот се прозева на глас, а плаче кога кога човекот ќе
прочита ајет со сеџде или направи сеџде. Шејтанот се мока во ушите на човекот
кога ќе преспие од намаз сè додека се раздени и кова план против него, дури и
создава гласови за да не го слушне гласот на езанот, па кој нема да го спомене
името на Аллах при влегување дома, шејтанот ќе преноќава со него, и се
сместува во носната празнина на човекот. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели:
„Кога некој од вас ќе стане под спиење нека земе абдест, и нека го измие носот
три пати, бидејќи шејтанот преноќува во неговата носна празнина.“ Додека оној
кој ќе касне без изговарање на името на Аллах (бисмиллах) и потоа се сети,
тогаш шејтанот го повраќа изеденото, тој, исто така, има и свој глас и врисок,
така што во битката на Ухуд врисна дека Пратеникот а.с. е убиен за да внесе
раздор меѓу муслиманските редови, и во ноќта на Акабе вриснал.
Шејтанот наредува секое зло и спречува од секое добро, ги
плаши богатите со сиромаштија и им налага да бидат скржави. Сите негови
ветувања се лажни и аспирации безвредни. При контакт со силните верници
бега, како што беше примерот со Омер р.а. кога шејтанот ќе го сретне на пат
бега по друг пат, тој лаже во своите искази и ги повикува луѓето на грешење и
тврди дека дава совет а всушност, лаже:
„И им се заколна: Јас сум за вас еден
меѓу советувачите.“ (Ел-’Араф, 21)
Шејтанот користи итрини и лукавства, видовте како им се заколна на нашите
прародите со лажна заклетва и празни ветувања дека им посакува добро. Па
Последната промена е направена од islam nur на Сре 17 Aвг 2011, 6:35 pm. Мислењето е променето 1 пати