1 Аjeту-л-Курсијја Сре 22 Сеп 2010, 12:16 am
Muaz al Islam
Модератор
Аjeту-л-Курсијја
„Кој ја проучи Ајетул-курсија после секој фарз, помеѓу него и влезот во Џеннет се испречувa само смртта. "(Несаи)
Што е тоа во Aјетул- курсија што во личноста создава состојба на умот кое го квалификува да биде достоен за влез во споменатите чесни простори? Да погледнеме заедно:
Аjeту-л-Курсијја - пoслe секој намаз .
Е'уузу биллахимине-ш-шејтаанир-раџиим.
Бисмиллаахир-рахмаанир-рахиим
Аллаху лаа илаахе иллаа хуве-л-Хајју-л-Кајјум. Лаа те'хузухуу синетун ве ла невм. Лехуу маа фис-семааваати ве маа фи-л-ерд. Мен зеллезии јешфе'у 'индехуу иллаа би изних. Ја' лему маа бејне ејдиихим ве маа халфехум ве лаа јухиитууне би шеј'ин мин 'илмихии иллаа бимаа шаа'е веси'а курсијјухус-семааваати ве-л-ерда ве лаа је'уудухуу хифзухумаа ве хуве-л-'Алијју-л-'Азиим.
(255. Аллах! Нема друг Бог освен Него! Жив и Постоjaн! Не го обзема ни дремка ни сон. Негово е се што е на небесата и на Земјата ! И кој може кај Него, без одобрението Негово, да се завзема!? Он го знае она што било пред нив и она што ќе биде после нив. И од знаењето Негово, другите знаат само онолку колку Тој сака. Моќта Негова ги опфаќа и небесата и Земјата. Одржувањето на нив не е никаква тешкотија за Него. Он е Севишен и Величeнствен!)
Аллах! Нема друг Бог освен Него! Жив и Постоjaн! - Ако размислиме за оваа реченица, ќе ја освежиме и зајакнеме сопствената свест за Единствениот авторитет кој нема ривал во Своето владеење, и Којне подлежи на никакви циклусни временски рамки така дораснати со сите еволуирачки суштества. Истакнатите епитети на живот и вечност, со кои се опишал Создателот, во умот на оној кој го рецитира овој ајет, будат и ја зајакнуваат свест во продолжението на сите раскоши и динамики на животот после трансформацијата која започнува по нашата смрт.
Не го обзема ни дремка ни сон! - Оваа реченица дополнително го потцртува интензитетот на Аллаховиот епитет - Жив, бидејќи нè потсетува дека Аллах, џ.ш., е вечно буден, и дека не постои ниту најмала временска единица во која Возвишениот не живее или не бдее внимавајќи на сите аспекти на создаденото. Како што сета кревкост на човекот доаѓа до израз за времето на неговото спиење, кога тој е најповеќе ранлив - и покрај огромната физичка и интелектуална сила, додека тој е буден – дека и најголемиот слабич или дури и дете може да го загрози или усмрти, така исто доаѓа до израз сета Аллахова, џ.ш ., моќ и сила која нема ниту еден момент ниту точка на слабост. Во текот на сонот од осум часа, на пример, економско политичките моќници на нашата планета – пред кои незнајковците треперат - секојдневно престојуваат долги 480 минути во состојба на максимална ранливост, односно отсуство на било каква контрола врз нивните животи. Ако на таа минутажа ги додадеме периодите на слабост, болестите, страстите, пијанството, гневот, небрежноста, и на тоа слично, јасно ја согледуваме сета слабост на поддршка што ја имаме во друг човек. Да го опишеме со реченицата: Не го обзема ни дремка ниту сон! – Не можеме ама баш апсолутно никој од суштествата, бидејќи сè што дише, замара и исцрпува мора со сон да се регенерира, како би можело да продолжи со својот живот ограничен со време.
Неговo се што е на небесата и на Земјата! - Во претходниот цитат, Создателот, Семоќниот, со право ја нагласува Неговата сопственост на сè што е на небесите и на земјата, потсетувајќи го човекот дека само моментално располага со даровите на добра на овој свет. Ако ова потсетување навлезе во свеста на човекот, неговата совест ќе му диктира да се однесува кон сите даровани добра (телото, љубовта, децата , итн), како кон заем, и дека треба и тој да продолжи да дава како што му е дадено. Со други зборови, човекот станува свесен во текот на употребата на присвојните заменки (на пример, мојата рака, мојата куќа, нашето сонцето, мојот автомобил, нашата галаксија, моите очи, и слично) дека тие се само прашање на практичноста на јазикот и не ја одразуваат реалноста.
И кој може кај Него, без одобрение Негово, да се завзема!? - Овој дел на Ајетул Курсија го истакнува Создателот, џ.ш., како Владетел и во новата временска димензијата – а тоа е периодот на Пресметката – потцртувајќи го Неговото, џ.ш., непосредно и автономно одлучување во поглед на сите, до една човечка судбина. Свеста на апсолутната автономија на Праведниот Владетел во процесот на судење на сите Негови созданија во човекот покренува повеќе мисловни кругови во кои - споредувајќи многу горчливи човечки искуства со корумпираните и пристрасни овосветски судови - сознава потреба на Апсолутниот Судија, со чии правила е сега целосно задоволен.
Он го знае она што било пред нив и она што ќе биде после нив. И од знаењето Негово, другите знаат само онолку колку Тој сака. - Претходниот цитат ја нагласува Моќта на Создателот со нагласување на Неговото сезнание, бидејќи знаењето е моќ, а кое го опфаќа најдалечното минатото и најдалечната иднина. На тој начин, Господарот се позицира во однос на човекот како најсеопфатна и најверодостојна референца. Меѓутоа, не само тоа! Создателот нагласува дека другите знаат само онолку колку што Тој сака - јасно нагласувајќи на тоа дека е Тој, Семоќниот, е извор на секое вредно знаење, односно дека секоја прогресивна мисла е Негов дар на човекот, кој ги исполнил одредени услови, и заслужил Божествена инспирација. Лицето кое од Ajетул-курсијја разбира дека за секоја квалитетна идеја мора да се заблагодари на Аллах, џ.ш., односно, дека било која квалитетна мисла со која допирамеили стекнуваме разни друштвени привилегии и се угодности, всушност е само дар од Аллах, Семоќниот, откако сме поднеле одредена временска жртва или положиле одредени завети – да не би смеела никогаш да покаже гордост, ароганција или воздржаност. Со други зборови, правилно iисчитувајќи ја Ајетул-Курсијја, лицето станува подготвено да прими од Аллах, најдобри и најблескави мисли, бидејќи редовно се дисциплинира преку освестувањето на себе си во однос на главниот извор на сопствената инспирација. Значи не постои опасност дека тие мисли ќе го извештачат лицето во која било смисла, и станува достоен за да влезе во најсветите простори на вечниот живот.
Моќта Негова ги опфаќа и небесата и Земјата. Одржувањето на нив не е никаква тешкотија за Него. Он е Севишен и Величeствен! - На крајот од Ајетул-Курсијја Возвишениот Создател нагласува просторност на Неговиот престол, повторно нагласувајќи ја апсолутната власт на небесите и на Земјата. Меѓутоа, Создателот не пропушта да укаже на континуитетот на Неговата подготвеност за бдеење над создаденото, повторно покренувајќи во човекот повеќе мисловни паралели, во кои човекот јасно не може да повика бројни искуства на заостанати пријателства (на пример, изгасена романтична љубов, разочаран родител, уморен учител, недоверлив инвеститор, итн) и ги спореди ги со никогаш заостанатата континуирана грижа и љубов на Господарот кој со право е - Севишниот и Величествениот.
Заклучок
Ајетул-Курсија произведува неопходна состојба на духот и умот за влез во чесните џеннетски простори само ако секојдневно се освестуваме со концизната порака подредена во истата. Ако имаме луѓе со свест дека секогаш учат некого нешто, бидејќи секогаш постои некој кој гледа бидејќи сегледачката камера секогаш е вклучена - нивното однесување во тајност и јавност ќе биде морално и информативно. Доколку тие исти луѓе се доволно интелегентни да го изберат за својот прв ментор само Оној кој никогаш не дреми, ниту спие, знаејќи дека сè што дреми и спие не може да биде извор на страв, целата галаксија ќе ја гледа како полигон за вежба во која ќе се бори немилосрдно за најголемите вредности. Луѓето кои знаат дека имаат Ментор, кој секогаш е подготвен да им даде најголема инспирација / донација, ако ги исполнат условите за неговото прифаќање, секогаш ќе бидат скромни и достапни, без оглед на висината на нивниот академско- економски успех кон кој нужно тежат. Од сето ова следи дека џеннетлиите се крајно скромни, храбри и високо уверени луѓе, и тоа благодарение на знаењето и прифаќањето на Најдобриот Авторитет кој над сите бдее, и што значи дека ниту Неговите робови, кога станува збор за меѓучовечки односи, ништо не би требало да се препушти на случајот .
Ако човекот го задеси смрт во ваква проактивна ситуација на развивачки дух и ум, му се насмевнува светло продолжение на опишаниот стил на живот.