Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Бременоста во Исламот EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Бременоста во Исламот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Бременоста во Исламот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Бременоста во Исламот EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Бременоста во Исламот EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Бременоста во Исламот EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Бременоста во Исламот EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Бременоста во Исламот EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Бременоста во Исламот EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Бременоста во Исламот EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Бременоста во Исламот EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Бременоста во Исламот EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Бременоста во Исламот EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Бременоста во Исламот EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Бременоста во Исламот EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 68 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 68 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 
Haqq (253)
Бременоста во Исламот Vote_lcapБременоста во Исламот Voting_barБременоста во Исламот Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Бременоста во Исламот Empty Бременоста во Исламот Саб 20 Aвг 2011, 5:53 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Бременоста во Исламот 201836



Бременоста во Исламот



Семоќниот Аллах во Куранот вели;
О луѓе,ако сте при сомнение во проживувањето, па Ние, ве создадовме од земја, потоа од капка семе, потоа од засирена крв, потоа од парче месо, целосно и нецелосно за да ви објасниме: и во утробите утврдуваме со посак Наш до рок определен: потоа ве вадиме како малечко за да станете потоа мажествени.Некои меѓу вас умираат а некои, пак, во длабока старост паѓаат, така што она што некогаш го знаеја сега не го знаат. Земјата ја гледаш замрена, па кога ќе спуштиме на неа вода...ете, таа ќе заживее, ќе забуја и ќе за`рти растение од секој вид убав.“(Ел-Хаџџ,5)

Кога еден брачен пар посакуваат дете Аллах им ја исполнува таа желба со тоа што ги благословува со едно од Неговите најубави подароци;дете.
Така првиот степен кој следува е бременоста.Ниедна жена не би требало да се срами од нејзината бремена состојба,тоа е сосем природно,таа не треба да ја потцени оваа состојба пошто наградите кои Семилосниот ги дава на бремена жена се навистина скапоцени.
Еве што значи бременоста во ислам;

Расулуллах(с.а.в.с.) кажал;
-“Жената која умира како девица или за време на бременоста или за време на пораѓањето или после тоа(за време на нифас) го достигнува степенот на шехид.“

Тој исто така ја истакнал важноста на бременоста со овие зборови;

Пратеникот(с.а.в.с.);
-“Една жена почнувајки од нејзината бременост па се до времето штом престане да го дои нејзиното дете е како некој кој ги чува границите на некоја Исламска држава.Ако умре во тек на овие периоди таа го достигнува степенот на шехид.“

Се спомнува во еден Хадис(Hadith);

-“Жената која умира од породилни болки е наградена со шехидлук.“

Така да секоја жена би требало овој период да го помине трпеливо и во мир,затоа што наградите за неа се навистина многу големи.

Маил бин Јасаар(р.а.) пренесува дека Ресулуллах(с.а.в.с.) рекол;
-“Венчај се со жена која е љубезна а и плодна затоа што (на денот на Кијамет) јас ќе се споредувам(“натпреварувам“) со друг Уммет и ќе се гордеам со вашиот голем број(на луѓе).“

За тие кои Аллах ги искушил со спонтан абортус Пратеникот(с.а.в.с.) кажал;
-“Дури недоносениот фетус ќе ја повлече својата мајка накај Џеннет ако таа била трпелива и чекала награда.“

Тој исто така кажал;
-“Кога една жена го дои своето дете секоја голкта млеко која тоа ја пие,нејзината награда е како да го дала својот живот за друг,а кога ќе го тргне од доење ангелите ја тапкаат по грб и и велат;
-“Честито!Сите твои минати гревови се избришани,сега почнувај од почеток.“
СубханАллах ова навистина е скапоцена награда лично според мене Бременоста во Исламот Javascript:void(0);

Препорачливо е да се одвојат две Реќати нафиле намаз и да се кажува следната дова;
-“Рабби Хаб Лиј Мин-Ладунка Зурријатан-Тајјибах Иннака Сам`иуд-Ду`аа“
-“Мој Господар!Благослови ме со чисти деца.Ти навистина ги слушаш сите дови.“(превод на довата)

Во Ислам и се препорачува на бремената жена постојано да е среќна да не мисли на нејзините грижи и т.н. таа би требало да биде мирна а и трпелива.Докажано е дека нејзиното расположение влијае многу на бебето уште додека го носи.

Исламот забранува жената да не го известува својот сопруг за нејзината бременост

“Разведените жени нека сами чекаат да поминат три прања. А ако веруваат во Аллах и во Денот суден не им е дозволено да го кријат она што го создаде Аллах во утробите нивни.Сопрузите имаат полно право, ако сакаат добри дела да работат, да ги вратат. Покрај должностите кон сопрузите жените имаат и права.Но, сопрузите во однос на сопругите имаат предност за еден степен.
Аллах е Силен и Мудар!“(Ел-Бекара,2:228)


Исламот Советува За Психичката Состојба На Бремената Жена:

Исламската едукација на детето започнува уште додека мајката го носи бебето во себе.Често мислите на мајката имаат ефект над бебето,нејзините чувства,книгите кои ги чита,друштвото кое ја следи и редица други активности.

За време на бременоста жената би требало да одбегнува да гледа застрашувачки сцени на телевизија или слики.
Таа би требало да гледа убави деца,цвекиња,убави слики и да мириса убави мириси.

Додека жената е бремена таа треба да внимава на нејзиното однесување а особено на нејзините дела.Таа не треба да мисли на лоши работи или да прави лоши работи пошто голема е веројатноста тие лоши дела да имаат ефект врз сеуште нероденото дете па и подоцна откако ќе се роди.Таа воопшто не треба да мисли на работи кои ќе ја загрижат.

Се препорачува за време на бременоста да ги чита:
Ајетул-Курси,Сурата Јасин,Сурата Мерјем,Сурата Јусуф и Сурата Мухамед.


Што Треба Да Консумира Бремена Жена:

Мерјем (Дева Марија), мајката на Иса а.с јадела урми кога почувствувала породилни болки и за време на породувањето.
Аллах во сура Мерјем вели:

„и породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма...“ (23), ...„и мелекот кој беше подолу од неа, повика: „Не жалости се, Господарот твој даде подолу од тебе, поток да потече. (24), „Затреси го палминото стебло, и по тебе ќе паднат урми свежи, (25), „јади и пиј и биди весела.“ (26)

.Тие се дефинитивно „круна на слатките“. Научни експерименти докажано е дека урмите содржат стимуланси кои ги зајакнуваат мускулите на утерусот во последните месеци од бременоста. Ова го помага ширењето на утерусот во моментот на породувањето од една страна и намалување на крварењето по породувањето од друга. Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести.
Пратеникот (с.а.в.с) го нагласил значењето на урмите и нивната ефективност при растот на фетусот. Исто така препорачал да им се даваат на жените.
Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни. Пратеникот (с.а.в.с) исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем.


Раслулуллах(с.а.в.с.) ја истакнал важноста на киселиот портокал(Grapefruit) кажувајки дека е лек за многу болести а исто така и помага на мајката да и се множи млекото.

Многу голема улога во здравата исхрана на дете и мајка играат следниве состојки:

1.)Храна богата со Железо и Витамин C како што се:
-Џигер,говедско месо,јагнешко месо,мисирка.
-Леб збогатен со железо а и цереали.
-Зелено лиснат зеленчук,сув грав,кајсии.
-Лешници

2.)Фолна Киселина:
-Зелено лиснат зеленчук(пр.спанаќ),бубрег,џигер,говедско месо,пченкарни производи,јајца.

3.)Калциум:
-Млечни производи(млеко,јогурт,бело сирење,кашкавал)
-Риба(лосос)-Темно лиснат зеленчук(броколи,грав)
-Смоква,сончоклед(несолен) Како Исламот Го Протолкува Почетокот На Нов Живот

Вака започнува животот;

“...Ве создаде во утробите на мајките ваши, суштество по суштество, низ три темнини.“(Ез-Зумер,6)

Тука “три темнини“ се мисли на;
1.)Антериорен абдоминален ѕид
2.)Утробен ѕид
3.)Амнио мембраната

Процесот на фертилизација трае околу 24 часа.Таа започнува кога сперматозоидот пенетрира во ооцитот(јајце клетка) и завршува кога се креира зиготот.

Куранот додава;

“Потоа како капка семе го ставивме на место сигурно.“
(Ел-Муминуун,13)

Делењето на клетките се случува 16 пати се дур зиготот стане морула.Тогаш го напушта јајце водот и влегува во утробата од 3 до 4 дена после фертилизација.
Откако ќе се појави шуплина во центарот целата структура се нарекува бластоцит.
Кога бластоцитот се сместува,утробата потекува со нови крвни капилари и вака започнува циркулацијата меѓу мајка и бластоцид.Процес кој е потребен за успешна бременост.
Од тука започнува креирањето на плацентата,па гаструлација и конечно почнуваат да се фромираат ектодермот,медодермот и ендодермот.
1.)Ектодермот служи за формирање на:
Кожата,косата,носот,ушите,устата,нервниот систем и т.н.
2.)Медодермот служи за формирање на:
Коските,крвни садови,срце,дробови,репроудктивниот и екскреторниот систем.
3.)Ендодерм служи за формирање на:
Јазикот,уретрата,дигестивниот тракт и т.н.

Куранот продолжува да не подучи;

“Потоа капката семе Ние ја создадовме засирена крв; од засирената крв создадовме парче месо; од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме; потоа создадовме сосем друго суштество. Па, нека е вишен Аллах. Меѓу создателите Он е Најубавиот!“
(Ел-Муминуун,14)

Тука се зборува за состојбата на ембрионот кој се формирал од 7-24 дена а и за формата која наликува на изџвакана мастика.
Во овој период започнува куцањето на срцето,мускулите испуштаат ритмични контаркции низ телото.Но ова не вистинска циркулација пошто крвните саадови не се доформирани.Централниот нервен систем е најразвиен во периодов.

Пратеникот(с.а.в.с.) кажал;
-“На 40`тата ноќ Ангелот се приближува до утробата и прашува;
-“Кажи Господару машко или женско?“ и така Аллах одредува дали ќе биде машко или женско.“
Ова се случува во 2`иот месец на ембрионот.

Куранот вели;

“...потоа создадовме сосем друго суштество.“(Ел-Муминуун,14)

Овде се мисли на 8`та недела(3`ти месец) кога ембрионот станува фетус.

Пратеникот(с.а.в.с.) вели;
-“Меѓу 40`тата и 45`тата ноќ Ангелот прашува;
-“Господару,Ќе биде среќен или несреќен?“ потоа прашува и за полот.Потоа му ги запишува,делата,па потомството,после животниот век и неговата издржливост(р`скот).Потоа се затвара неговата книга и не се запишува ништо друго.“


Куранот вели;

“А потоа Он го обликува и му вдахнува од духот Свој, И ви дава и слух, и вид и срца. Малкумина заблагодарувате.“(Ес-Сеџде,9)

Тука се мисли на редоследот на формирање на слухот,видот а чувствувањето.Ушите се формираат пред видот а потоа и мозокот и за вдахнувањето на душата.

Пратеникот за ова кажал;
-“За секој од вас деталите за неговиот живот се собрани во утробата на вашите мајки во рок од 40 дена.Тогаш во рок од 2 пати тој период(40) еден Ангел доаѓа и вдахнува душа во вас.“
Тоа е некаде во 5`иот месец на фетусот.

Куранот подучува;

“И Он управува со се она што е меѓу небесата и Земјата, а потоа, во Денот определен, кон Него ќе се извиши: на Денот кој трае илјада години, според она како што вие броите!“(Ес-Цеџде,5)

Се мисли на тоа дали фетусот ќе преживее или нема во утробата.






</FONT>

http://www.ahlu-sunnah.org

2Бременоста во Исламот Empty Re: Бременоста во Исламот Нед 21 Aвг 2011, 2:56 pm

Muslima4Islam

Muslima4Islam
Модераторка
Модераторка
Бременоста во Исламот 698808



Allahu Akbar na vistina prekrasen Tekst. mashaAllah wa alhamdulillah- barakaAllahu feek. amiin

3Бременоста во Исламот Empty Re: Бременоста во Исламот Нед 21 Aвг 2011, 5:33 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Muslima4Islam напиша:Бременоста во Исламот 698808



Allahu Akbar na vistina prekrasen Tekst. mashaAllah wa alhamdulillah- barakaAllahu feek. amiin



We feek BarakAllah sestro.

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот