1 Пратеникот, а.с., за Рамазанот Вто 02 Aвг 2011, 12:45 am
Muaz al Islam
Модератор
Селман Фарисија пренесува дека Аллаховиот Пратеник, Мухаммед алејхиселам последниот ден од мубарек месецот шабан одржал худба и во таа прилика рекол: „О луѓе! Ви стигна големиот благословен месец во кој се наоѓа ноќта Лејлетул – Кадр, ноќ која е подобра од илјада месеци – во кои ја нема оваа ноќ. Да се пости овој месец е должност (фарз), а да се клања покрај задолжителните намази (теваија намаз и друг нафиле) во текот на неговите ноќи е доброволен ибадет. Оној кој на Аллах ќе му се приближи со добри дела во текот на овој месец, исто како да извршил фарз надвор од рамазанот, а оној кој ќе изврши фарз во рамазанот исто е како да направил седумдесет фарзови во друг месец. Рамазан е месец на трпение, а наградата за трпение е Џеннет.
Ова е месец кога се посетуваат и помагаат сиромашните, болните и потребните со цел да со нив се подели нивната неволја. Ова е месец во кој снабденоста, храната и заработувачката се зголемуваат на искрениот муслиман. Муслиманот во него го следи поголем благослов. Оној кој ќе повика други кај себе на ифтар ќе му бидат простени гревовите и ќе се спаси од џехеннемот. Неговата награда е еднаква со наградата на човекот кој постел без никакво намалување на нејзината награда.“
Некои асхаби на Пратеникот, а.с., го забележиле тоа и рекле: „Не може секој од нас да обезбеди храна која ќе ја подели со оној што би го повикал на ифтар.“ Ресулуллах, а.с., рекол: „Аллах ќе ве награди и ако на муслиманот кој пости му понудите да ифтари со урма, вода или млеко... Рамазанот е месец чиј почеток е МИЛОСТ, чија средина е ПРОСТУВАЊЕ, и чиј крај е спас од ЏЕХЕННЕМСКИОТ ОГАН. Оној кој му помогне на робот да се ослободи, Аллах ќе му прости и ќе го спаси од џехеннемот.“
„Нека четири од вашите карактеристики за време на Рамазан бидат поизразени: две, со кои ќе го задоволите Аллах и други две, без кои не можете да живеете. Двете нешта кои го задоволуваат Аллах, џ.ш., се: првото – ШЕХАДЕТОТ – постојано да го изјавувате Келимеи шехадет, и да потврдувате дека никој освен Аллах не заслужува да биде обожуван; второто, да молите ИСТИГФАР кај Аллах да ви прости. Другите две нешта без кои не можете да живеете, се: да го молите Аллах за ЏЕННЕТ и да барате спас од ЏЕХЕННЕМОТ.
Секој оној кој ќе му понуди вода на муслиманот за ИФТАР, Аллах на Судниот ден ќе го напои со водата од изворот на Пратеникот, а.с., која не ќе му даде да се чувствува жеден, додека не влезе во Џеннет.“ (Вистината ја рекол Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем)
www,islamski-centar,org