1 Зошто Постои Џехеннем? Чет 19 Мај 2011, 9:50 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името на Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!
„Аллах сака да ви прости,а оние кои страстите свои ги водат сакаат далеку од вистинскиот пат да скршнете.“(Ан- Ниса,27.)
„Аллах сака да ви олесни,-а човекот е слабо создание.“(Ан-Ниса,28)
„Оние, пред тоа со раскошен живот живееле и упорно чинеле тешки гревови и говореле: ’Зарем кога ќе умреме и кога земја и коски постанеме, зарем навистина ќе бидеме проживеани?“ (Ел-Вакиа, 45-47)
„Да слушавме и размислувавме, не ќе бевме во огнот помеѓу жителите на Џехенемот“ (Ел-Мулк, 10)
„Овој ваш оган е само седумдесети дел од Џехеннемскиот оган“ Некој рече: „Аллахов Пратенику, и тој, навистина ќе биде доволен.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рече: „Џехеннемскиот оган е пожежок од дуњалучкиот за 69 степени, и секој степен му е рамен според температурата.“
„Тие нема да бидат осудени на смрт, и нема да умрат, и во него ниту мачењето нема да им се ублажи.“ (Фатир, 36
„Оние kои не веруваат ви доказите Наши, Ние сигурно ќе ги фрлиме во огнот, кога ќе им се испечат кожите, ќе им ги замениме со други да почуствуваат вистинско мачење. Аллах навистина е Силен и Мудар.“ (Ен-Ниса, 56)
„Дрвото Зеккум ќе биде храна за грешникот, во стомакот како растопена ковина ќе врие.“ (Ед-Духан, 43-45)
„Пред него ќе биде Џехеннемот – и тој ќе биде поен со одвратна течност, ќе се мачи да ја проголта, но никако не ќе може да ја голтне и смртта ќе му доаѓа од сите страни, но тој нема да умре, него тешко мачење ќе го чека.“ (Ибрахим, 16-17)
„А оние несреќните – кои се несреќните?! Тие ќе бидат го огнот вжарен и вода вриена и во сенка на дим исчаден, во кој нема да биде никаква свежина, ниту некаква добрина. Тие пред тоа живееја со раскошен живот и упорно тешки гревови чинеа и говореа: ’Зарем кога ќе умреме и земја и коски постанеме – зарем навистина ќе бидеме оживеани, зарем и нашите древни предци?’ Кажи: ’И древните и подоцнежните, во одреденото време, еден одреден ден ќе бидат собрани, и тогаш вие, о заблудени, кои го негиравте оживувањето, сигурно од дрвото Зеккум ќе јадете, и со него стомаците ќе ги полнете, па потоа на тоа вода вриена ќе пиете, како камили кои жедта што не можат да ја изгасат; тоа за нив ќе биде гостење, на оној свет!“ (Ел-Вакиа, 41-56)
„А дали таа гозба е подобра или дрвото Зеккум кое за неверниците како казна одредивме? Тоа е дрво кое среде Џехеннемот ќе расте, плодот ќе му биде како глави шејтански. Тие со него ќе се хранат и стомаците свои со него ќе ги полнат, потоа, тоа со вриена вода ќе го помешаат, а потоа сигурно, повторно во Џехеннемскиот оган ќе се вратат.“ (Ес-Саффат, 62-68)
„И жителите на Џеннетот ќе ги довикуваат жителите на Џехеннемот: ’Ние најдовме дека е вистинито она кое Господарот наш ни го вети, дали вие најдовте дека е вистинито она со кое Господарот ваш ви се закануваше?’ - ’Да’ - ќе одговорат. А потоа еден гласник меѓу нив ќе викне, а ќе го слушнат и едните и другите: ’Нека Аллаховото проклетство остане над оние кои према себеси се огрешија!“
„ ..И жителите на огнот ќе ги довикнуваат жителите на Џеннетот: ’Полијте врз нас вода или нешто од она со кое ве обдарил Аллах!’ - а тие ќе речат: ’Аллах тие две на неверниците им ги забранил, на кои верата им беше игра и забава и кои животот на Земјата им беше обмамен.’ Сега ние ќе заборавиме на нив, затоа што тие заборавија дека на овој Ден пред Нас ќе застанат и затоа што доказите Наши ги негираа.“ (Ел-Араф, 44-51)
„Помеѓу нив ќе биде бедем, а на врвовите луѓе, кои секој од нив по обележјето негово ќе го познае. И тие на жителите од Џеннетот ќе повикуваат: ’Мир со вас!’ - додека не влезат во него, а едвај ќе чекаат. А кога погледите ќе им скршнат кон жителите на Џехеннемот, ќе повикнат: ’Господаре наш, не ни давај да бидеме со народот грешен!’ Тие кои ќе бидат на врвовите на бедемот ќе ги повикаат некои луѓе, кои ќе ги препознаат по обележјата нивни, и ќе речат: ’ Што ви користи сега она кое го гомилавте, и тоа што охоло се држевте?’ Зарем не се ова оние за кои се колневте дека Аллаховата милот нема да ги стигне?’ – А Аллах ќе им рече: ’Влезете во Џеннетот, никаков страв за вас нема да биде, и ниту за било што ќе тагувате!“ (Ел-’Араф, 46-49)