Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!
Потоа таа дојде(Мејрем) кај народот свој, носејќи го детето. И рекоа: “О Мерјем, ти направи нешто, секако, невидено!
О сестро Харунова, твојот бабо не беше лош, а и мајката твоја не беше нечесна!”
И таа даде ишарет кон него. Оние рекоа: “Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна.”
Рече: “Јас сум, навистина, роб Аллахов; ми даде Книга и ме одреди за пејгамбер!
И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми остави во васиет и намаз и зекат с# додека сум жив,
да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг.
Нека е селам на мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан.”
Ете, тоа е Иса (Исус)синот на Мерјем, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат.
На Аллах не му доликува да има дете. Возвишен е Он! Кога ќе реши за нешто само ќе рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!
Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш! Па, обожавајте Го! Ова е патот вистински!
И меѓу себе тие, тогаш, се поделија во деленици. Тешко на оние кои не веруваат во сведочењето на Денот голем!
Е, како добро ќе слушнат и како добро ќе видат на Денот кога ќе ни дојдат! Но, зулумќарите денес се во заблуда очигледна!
Потсети ги на Денот на хасретот кога работата ќе биде решена. Оние се во заблуда, не веруваат.
Ние, навистина, ќе ја наследиме земјата и она што е на неа, и Нам ќе ни се вратат.
(Куран суре Мејрем)