1 Снежно невреме во Полска- илјадници домови без ст Сре 04 Мај 2011, 7:10 pm
Muaz al Islam
Модератор
Снегот ги изненади Полјаците. Иако во мај снежните наноси во Полска предизвикаа голем број сообраќајни несреќи, а без струја останаа над 100 000 домови.
Неочекуван удар на зима во мај ги погоди јужните делови на Полска и северот на Чешка.
Жителите на останатите делови од Полска ги затече најладното утро, а на северот во Торањ соборен е рекорд, термометрите покажале 7,3 целзиусови степени под нулата.
До сега најстудениот мај во Полска беше во 1958 година, кога на северот на Полска се измерени 6,3 степени под нула.
Студената ноќ без вода и струја ја минаа 26.000 домаќинства на југозападот на земјата, а пожарникарите и спасувачите имаа полни раце работа и над 1.000 пати мораа да излезат на терен.
Само во Долна слезија 850 пати било интервенирано.
Снегот и силниот ветер, како во сред зима, кршеше гранки, уриваше дрвја и блокираше возови.
Проблеми имаа и Полјаците кои имаа продолжен викенд, бидејќи во Полска 3 мај е неработен ден - ден на полскиот Устав, сите што се враќаа од излет а веќе ја користеа летната опрема за своите автомобили не можеа да ги совладаат снежните наноси.
Во планинските делови на истокот и југозападот на Чешка се измерени рекордни 12 степени под нула, снегот им го загорчи животот и на жителите во северниот дел на Чешка, но во Прага падна само по некоја снегулка.
Додека во Чешка зимата се повлекува изненадувачки како и што дојде, Полјаците според метеоролозите, ќе мораат да издржат уште еден или два студени дена.
www . a1. com. mk