1 Одоржување на роднинските врскии Пон 07 Мар 2011, 3:33 pm
Muwehhid
Модератор
Бисмиллах ал-рахман ал-рахим
прв дел
Почитувани браќа и сестри на овој прекрасен форум во ваши раце се се мноштво хадиси, фетви и мислења за тоа колкава е важноста, обврска и значајот на одржувањето на роднинските врски и предупредување на оној кој ги раскинува родбинските врски.
Возвишениот Аллах рекол: И плашете се од Аллах - со Чие име се повикувате, и роднинските врски не ги прекинувајте, зошто Аллах, навистина, постојано бдее врз вас!. (ан-Ниса: 1)
Се пренесува од Ебу Хурејре р.а., дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Кој верува во Аллах и Судниот ден нека ги одржуваат роднинските врски”. (хадисот го пренесува Бухари и Муслим)
Кој е се роднина
Бил запрашан уважениот алимот Абдул-Азис ибн Баз: -Кој е се роднина и близок, зошто некои велат дека роднините на сопругата не се роднина ?
Одговорот бил следен: Роднина се блиските кои се во сродство со тебе по мајка или татко, а тоа се оние кои Аллах(субханеху ве те’ала) ги спомнал во сурите ел-Анфал и ал-Азхаб, каде вели:
А роднините се, според Аллаховата Книга, едни на други поважни (ал-Анфал: 75),
а
најблиски се татковците, мајките, дедовци, деца и внуци кои се родат од нив, потоа оние ближни муѓу браќата и нивните деца, па таткови браќа и сестри и нивните деца.
Се пренесува по веродостоен пат дека во некоја прилика Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) кога бил запрашан: Кој е од луѓето најзаслужен да му бидам послушен?, одговорил: Мајка, а кој потоа?-запрашал човекот, Мајка, рекол Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), а потоа кој?, -прашал човекот, Мајка, а потоа татко, па потоа ближниот твој, одговорил Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем). (хадисот го пренесува Муслим, а слични хадиси ги има голем број).
А што се однесува до роднините на сопругата тие не му се роднина на нејзиниот маж, освен ако не се по крвна основа и нему во сродство, но затоа се роднини на нивните деца, а Аллах знае најдобро.
На што се засновува одржување на роднинството
Одржување на роднинските врски може да се обавува на повеќе начини: да се посетуваат, да им се подари нешто, да се распрашуваме за нив, да се интересираме за нивното здравје и состојба, да се помогне оној кој е сиромав, да се однесуваме убаво со оние кои се богати, да се почитуваат старите и да се услужат,
убаво причекаат, да им се радуваме на нивните веселби, а сочувствуваме во нивните грижи и таги, да му се молиме на Аллах за нив, да се има убаво мислење за нив, да им се одговори на нивните повици, да се посетува доколку е болен некој, да се повикуваат на вистинскиот пат, да им се наредува правење на добро, а да се одвраќаат од зло.
Ибн Еби Хамза рекол: Одржување на роднинските врски може да е преку пари, помагање во несреќи, одстранување на штетите од нив, влевање на охрабрување со осмевка на лицето при средбите со нив и учење на дова(молитва) за роднината. Имамот ен-Невеви кажал: Одржување на роднинските врски е добродетелство кон нив, па така тоа некогаш бива преку пари, некогаш со услуга, некогаш со посета и поздрав и на тоа слично.
Одржување на роднинските врски е должност па макар тие роднини ги прекинале тие врски.
Од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека некој човек рекол: Аллахов Пратенику, јас имам роднина со која сакам да имам добри односи, но тие тоа не го сакаат, јас им помагам, а тие ми се светат, јас со нив човечки постапувам, а тие кон мене нељубезно се однесуваат.
На ова Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Ако е така како што тврдиш, тогаш си им ти ним како болест која ги притиска и стега, но се додека си ти кон нив таков, дотогаш тебе Аллах ќе те помага.
(хадисот го пренесува Муслим)
Плодови од одржувањето на роднинските врски
Одржувањето на роднинските врски е причина за опрост на гревовите
Се пренесува од ибн Омер р.а., дека рекол: -Дошол некој човек кај Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), и му кажал: -Јас направив голем грев, дали има тевбе за мене?, Имаш ли мајка-го запрашал Мухаммед а.с., -Не, одговорил овој, Имаш ли тетка, повторно го прашал Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи вe селем), -Да, рекол човекот, на што Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Биди и послушен . (хадисот го пренесуваат Тирмизи и Хаким)
Одржувањето на роднинските врски е причина за зголемување на благосостојбата и продолжен век на живеење
Се пренесува од Алија ибн Еби Талиб р.а. дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Кој сака што подолго да живее, да има се во изобилие, да биде поштеден од несреќи, нека се плаши од Аллах и нека внимава и нека ја посетува својата роднина.(хадисот го пренесуваат Хаким и Беззар со веродостоен синџир на преносители)
Се пренесува од Енес р.а., дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Кој сака да има се во изобилие и да живее подолго, нека ги одржува роднинските врски. (хадисот го пренесува Бухари и Муслим)
Одржувањето на роднинските врски е омилено дело на Аллах(субханеху ве те’ала)
Некој човек од племето Хас’ам рекол: Му дојдов на Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), кој беше во друштво на некои асхаби, и му кажав: -Ти сметаш дека си Аллахов Пратеник? -Да, одговори тој, па му реков: -Аллахов Пратенику, кое е дело најомилено кај Аллах?, -Верување во Аллах, одговори, јас го запрашав повторно: -Потоа кое?, Одржување на роднинските врски, -одговори Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), а јас го запрашав: -
А кое дело му е најодвратно на Аллах?, Препишување на некој другар на Аллах, ми одговори, -потоа кое, повторно го запрашав, на што тој ми одговори: прекинување на роднинските врски. (хадисот го пренесува Ебу Ја’ла со веродостоен синџир на сенедот)
Одржувањето на роднинските врски е причина за влез во џеннетот и спасение од џехеннемскиот огин
Се пренесува од Еби Ејјуб р.а., дека некој бедуин излегол пред Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), кој бил на патување, ги фатил уздите на пратениковата дева и му рекол: -Аллахов Пратенику - или рекол: О Мухаммеде- извести ме за тоа што ќе ме приближи до џеннетот, а оддалечи од џехеннемот? Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем)
застанал, ги погледнал своите асхаби и рекол: Упатен е, потоа го запрашал што го прашал и бедуинот му го повторил прашањето на што Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рече: Биди му покорен на Аллах и немој Нему друг да Му припишуваш, обавувај ги редовно молитвите(намазите), дели го зекјатот(задолжително милосрдие), одржувај ги роднинските врски, пушти ми ја девата, а во друго предание стои : Одржувај ги врските со својата роднина, кога бедуинот се оддалечил Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем)
Рекол: Ако се придржува до она што му наредив, ќе влезе во џеннет. (хадисот го пренесува Бухари).
Одржувањето на роднинските врски не смее да биде заради овосветските ползи
Некои луѓе ги посетуваат роднините ако тие го посетуваат, а ги прекинуваат роднинските врски ако тие ги прекинуваат, ваков човек не е од оние кои одржуваат роднински врски, туку возвраќа на стореното добро дело со исто, а тоа го прави без оглед на тоа дали се работи за роднина или не.
Додека оној кој ги одржува роднинските врски, тој тоа го прави во името на Аллах(субханеху ве те’ала) без оглед на тоа дали тие му се отповикуваат или не, затоа Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем)рекол: Не ги оддржува роднинските врски оној кој тоа го прави возвраќајќи и на роднината на нејзините дела, туку оној кој ги оддржува без оглед дали неговата роднина ги оддржува или ги прекинува врските со него. (хадисот го пренесува Бухари и Муслим)
Казни за оној кој ги раскинува роднинските врски
Оној кој ги раскинува роднинските врски нема да влезе во џеннет
Се пренесува од Џубејр ибн Мат’атаме р.а., дека го слушнал Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) како вели: Нема да влезе во џеннет оној кој ги раскинува врските. Суфјан рекол: се мисли на роднинските врски.
(хадисот го пренесува Бухари и Муслим)
Се пренесува од Еби Муса р.а., дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Тројца нема да влезат во џеннет: Ортодоксен пијаница, оној кој ги раскинува роднинските врски и оној кој верува во сихрот(обмана)
(хадисот го пренесуваат Ахмед и Ибн Хибан).
На оној кој ги раскинува роднинските врски нема да му се примат добрите дела
Се пренесува од Ебу Хурејре р.а., дека рекол: -Го слушнав Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем)како вели: Делата на луѓето се изложуваат на денот пред петокот, а не се примаат од оној кој ги прекинува роднинските врски
(хадисот го пренесува Ахмед)
Забрана, жената да одржува роднински врски
Бил запрашан алимот Салих Фавзан: -Дали му е дозволено на мажот да и забрани на жената да ги оддржува роднинските врски, особено со родителите?
Алимот одговорил: -Одржување на роднинските врски е обврска и должност, затоа не му е дозволено на мажот тоа да и го забрани на својата жена, зошто раскинувањето на роднинските врски се смета за голем грев, па така на жената и е дозволено да не го послуша својот сопруг доколку тој тоа и го нареди, зошто забрането е да се послуша битие(создадениот), а да се греши кон Создателот.
Напротив таа ќе ги оддржува роднинските врски, макар да мора да одвојува од сопствените средства, било да е тоа со допишување или посета, освен ако посетата му оди на штета на мажот, како на пример од стравување нејзината роднина да влијае на неа наговарајќи ја на грев. Во таков случај на мажот му е дозволено да и забрани на својата жена да ја посетува дадената роднина, но таа ќе ја оддржува таа врска само преку допишување или со нешто во што нема да има стравување од нанесување на некаква штета, а Аллах тоа најдобро го знае.
,...... Продолжува