1 sekojdneven program na muslimanot Сре 16 Мар 2011, 12:01 am
mela
Нови член
selam alejkum
da naglasam deka tekstot e prezemen od islamski-centar.org
Секој верник, кој сака да го помине својот живот според суштината на неговото создавање, и да биде среќен на овој свет и на идниот свет мора да го испланира својот секојдневен живот според принципите на Исламот.
Оној муслиман кој го живее својот живот без одереден програм, тоа значи дека тој живее без цел, а тоа може да биде најголема пропаст во животот на еден муслиман.
Денот на еден муслиман започнува од раните утрински часови (пред излегувањето на сонцето) со утринската молитва - клањање на Сабах намаз. Тој го почнува денот пред да станат грешниците, тие што не обавуваат намаз, со цел да го постигне благословот на
оваа дова на Мухаммед . кој вели: „Господару мој, направи ги раните утрински часови бериќетни (благословени) за мојот уммет".
За жал, денес голем број на муслимани - со мал исклучок - го живеат својот живот без дневна програма. Тие до доцните часови не легнуваат, не стануваат за ноќен намаз, дури и Сабах намазот на ваквите луѓе им е во опасност.
Колку голема е разликата меѓу човекот кој го планира својот живот како што бара Исламот, и човекот кој се разбудува во доцните утрински часови, кој дури и после толку спиење пак е тромав и неподвижен како пијан што не може да стои на нозе.
Муслиманот го започнува својот ден во име на Аллах , покажувајќи покорност спрема Него, исто како што правел Пејгамберот а.с. и Неговите асхаби (другари).
Тој го почнува денот со довите на Мухаммед ., кој ни ги препорачува, а со истите и го завршува денот навечер. Во меѓувреме се обидува да ги изврши Аллаховите фарзови; клањање пет пати намаз, притоа не оставајќи ги ваџибите и суннетите. Оној кој ќе им даде најголема важност на намазите над сите други обврски, извршувајќи ги со голема потчинетост и смиреност. Потоа доручува, и тргнува на својата работа за да спечали халал заработувачка за да се исхрани себе си и својата фамилија и се сочува од просење. Се плаши и се тресе од приближување до харам - Тој се смета како борец на Аллаховиот пат - муџахид. (Хадис)
Ако е искрен нијетот на еден муслиман во овосветските работи и зафатености, и ако не ги запоставува обврските спрема Аллах џ.ш., неговото делување се смета за ибадет.
Муслиманот покрај овие обврски има и други обврски кои не треба да ги заборави, како обврските спрема своето општество и спрема своите најблиски. Пружајќи им помош и извршувајќи им ги нивните потреби. А истото тоа ќе му се вброи кај Аллах џ.ш. нему како садака и дова.
Оваа вообичаена пракса почнува секој ден и трае 24 часа и го опфаќа секој еден муслиман.
Околу ова се пренесува од Ебу Хурејре р.а. како што стои во Бухари и Муслим дека Мухаммед а.с. рекол: „На секој човечки зглоб, секој ден во кој сонцето изгрева му припаѓа садака. Ако двајца скарани помириш тоа е како садака. Ако некому му помогнеш да се качи на коњ тоа е како садака, или ако некому му помогнеш да ги натовари работите на коњ тоа е како садака. Убавиот збор е садака. Секој чекор што го чекориш за намаз исто така е садака. Да го тргнеш од патот она што ги вознемирува минувачите и им пречи е садака. Давање совет на својот брат муслиман е садака."
Во едно друго предание кое го бележи Муслим од Ебу Зерр стои: „Кој од вас ќе стане жив и здрав треба да подели садака. Секој тесбих (Субханаллах) е садака. Секој тахмид (ел-Хамдулиллах) е садака. Секој текбир (Аллаху Екбер) е садака. Два рекати намаз претпладне ги опфаќа сите овие."
Муслиманот во секој момент од својот живот треба да настојува да го стекне задоволството на Аллах џ.ш. истовремено практикувајќи го и суннетот на Мухаммед а.с. со својот искрен нијет, тогаш неговите дела и навики ќе бидат во степен на ибадет. Само со голема претпазливост треба да ги почитува Аллаховите наредби и забрани, ставајќи го секојдневниот живот под своја контрола.
Муслиманот секогаш треба да се труди во џемаат да ги обавува петте вактови намаз. Во врска со ова тој секогаш се потсетува на Мухаммед а.с. кој секогаш најголема важност му даваше на намазот во џемаат.
Дури за оние кои без оправдание не доаѓаат на намаз во џемаат Мухаммед а.с. велеше: „Ми доаѓа да му речам на муезинот да проучи икамет и да задолжам некого да биде имам, а јас со себе да земам жар и да им ги запалам куќите на оние што не дошле на намаз." (Бухари и Муслим)
Не е добро и не е оправдано еден муслиман кој нема некоја важна работа да стои до доцните вечерни часови, дури и да нема нема лоша намера, сепак најидеално за еден муслиман е да порани со спиење и станување. И во суннетот на Аллаховиот Пратеник а.с. ја гледаме оваа пракса. Не е можно да се објасни духовноста и степенот на еден човек кој легнува после обавување на Јација намаз, и да станува во раните часови и да се обрати кон својот створител со молитва. А овој степен човекот може да го постигне само со раното легнување. Посебно еден муслиман треба да и дава голема важност на последната третина од ноќта и да помине во молитва сé до имсак.
Вистинскиот муслиман во текот на еден ден треба да изврши десет должности, давајќи им посебна предност и право на овие должности. А овие должности Аллах џ.ш. во Кур’анот вака ги објаснува:
وَاعْبُدُوا اللَّهَ وَلَا تُشْرِكُوا بِهِ شَيْئًا وَبِالْوَالِدَيْنِ إِحْسَانًا وَبِذِي الْقُرْبَى وَالْيَتَامَى وَالْمَسَاكِينِ وَالْجَارِ ذِي الْقُرْبَى وَالْجَارِ الْجُنُبِ وَالصَّاحِبِ بِالْجَنْبِ وَابْنِ السَّبِيلِ وَمَا مَلَكَتْ أَيْمَانُكُمْ إِنَّ اللَّهَ لَا يُحِبُّ مَنْ كَانَ مُخْتَالًا فَخُورًا
1. „И обожавајте го Аллаха и ништо немојте да му здружувате,
2. И кон родителите добро постапувајте,
3. И кон ближните,
4. И кон јетимите, (сираците)
5. И кон сиромашните,
6. И кон соседите блиски,
7. И соседите далечни,
8. И кон другарите што се со вас,
9. И кон патниците,
10. И кон оние кои со посредство на заробеништво ги поседувате (работник, слуга), однесувајте се добро " (Ен-Ниса, 36)
Како што се подразбира од овој ајет пред сите должности доаѓа должноста кон Аллах џ.ш. Секој еден кој вели: „Јас сум муслиман" мора да ги почитува овие должности, и не смее оправдувајќи се себеси да згази ниедна од горе наведените должности.
Најдобро што треба да се има во предвид дека правото на Аллах џ.ш. над своите робови доаѓа во прв ред, а тоа е обавување на намазот пет пати дневно во текот на 24 часа.
За необавување на намаз нема оправдание; кој е болен и не може да стои на нозе ќе клања седејќи. Ако не може седејќи тогаш ќе клања лежејќи. Оној кој не ја почитува оваа должност кон Аллах џ.ш. не треба да заборави дека на таквиот човек може да му згасне светлото на својот иман.
На втор степен спаѓа должноста кон родителите. Затоа, Возвишениот Аллах џ.ш. оваа должност ја има спомнато веднаш после Неговата должност. Во исламот родителите треба да се почитуваат секогаШ, а не да се спомнува нивното право само еднаш во годината како што е: „Денот на жените "( 8 - Март) оваа појава нема никаква врска со нашата вера. Туку, родителите треба да се почитуваат сé додека не наредат на лошо, бидејќи нема послушност на створение во нешто што е спротивно на волјата на Аллах џ.ш.
На трет степен спаѓа должноста кон Блиските. На прво место доаѓаат браќата, потоа најблиските роднини, стриковци, тетки, вујни, нивните синови. После тоа следат како што е објаснето и во ајетот: Јетимите (сираците), сиромашните, патниците, соседите, пријателите и оние што се под наша контрола како што се работниците, слугите и другите. Вистинскиот муслиман кон сите овие треба да се однесува со добро, затоа што сите овие се сметаат за еманет. А чувањето на еманет спаѓа во една од добрите доблести на еден добар муслиман.
Оној муслиман што го завршува својот ден извршувајќи ги своите обврски, и пред да легне зема абдест и клања два рекати намаз, потоа десната рака ја стави под десниот образ на лицето, и ако е можно легне кон кибле, и ги учи довите што се пренесени од Мухаммед а.с., тогаш, ваквиот муслиман постапил според суннетот на Мухаммед с.а.в.с. и неговото спиење се смета ибадет.
__________________