1 Кавга, Раздор, Помирување Сре 02 Фед 2011, 9:59 pm
Muwehhid
Модератор
Aко две дружини на верници се судрат, помирете ги... (Ел-Хуџурата,9)
Верниците, навистина, се браќа... па, тогаш помирете ги браќата ваши. Плашете се од Аллаха за да ви се смилува! (Ел-Хуџурата 10)
.
..Човекот од сите суштества, меѓутоа, мајмногу расправа. (Ел-Кехф 54)
На муслинамнот не му е дозволено да ги прекине
врските со својот брат повеќе од три дена така да, некаде кога ќе се
сретнат да не ја свртуваат главата еден од друг. од нив подобар е оној
кој прв ќе даде селам. (БУхари,Муслим)
Кој има кај себе некоја неправда што му ја
направил на својот брат, со него нека се помири и халал нека побара пред
да дојде на Судниот ден, кога нема да има нити динар, ни дихреми, туку
долговувањето ќе се плаќа со добри дела, А ако нема добри дела, нему ќе
му се натоварат гревовите од оној на кого му направил неправда. (Бухари)
Ебу Дерда пренесува дека Мухаммед а.с рекол:
-Сакате ли да ви кажам една работа, па благодарна од постот, намазот и зекаетот?
Тие одговориле:
-Сакаме, Аллахов Пејгамберу!
А Пејгамберот им рекол:
-Помирете ги скараните зашто безредијето, злото кое навистина од кавгата, е бриќ.
Ебу Дерда кажува:
-Се зборува дека Мухаммед а.с уште ги додал и овие зборови: Брич не оној што ги бриќи влакната туку верата.
(Ебу Давуд, Тирмизи)
Мухаммед а.с на Ебу Ејјуб му рекол:
- О Ебу Ејјубе! Сакаш ли да те упатам на едно дело: ако го правиш Аллах ќе биде задоволен со она што го правиш?
-Сакам- одговорил Ебу Ејјуб, а тој му рекол:
-Луѓето кога ќе се скараат и ќе ги свртат рамениците едни на други, потруди се да ги помириш и зближиш. (Теберани)
-Ако двајца муслимани би станале еден против друг со извадени сабји, двајцата би биле фрлени во Џехеннем.
-Во ред- рекоа асхабите- што се однесува на убиецот, но каков грев има убијениот?
Мухаммед а.с им одговорил:
-И тој сакал да го убије својод другар! (Бухари)
Аллах најмногу го мрази оној човек кој, се кара и при тоа гипоминува сите граници. (Бухари, МУслим)
Кој ќе биде задоволен од својот брат да го прими неговото извинување, па ако го одбие тоа извинување, тој го прави истиот
грев, што неговиот брат на себе го натоварил. (Газали)
Верникот бргу се лути ,а брзо се смирува. (Газали)
Во една прилика седел Мухаммед а.с во друштво со асхабите каде бил и Ебу Бекир, кога некој човек почнал да го навредува и
да го вознемирува, Ебу Бекир и првиот и вториот
пат молчел. Откако овој човек по трет пат го навредил, тој почнал да
реагира, а Мухаммед а.с веднаш станал да си оди. Тогаш Ебу Бекир рекол:
Алллахов Пејгамберу, дали на мене се лутиш?- на што тој одговорил:
-Додека овој човек тебе те навредуваше а ти
молчеше. еден мелек, кој стигна од небо, го прогони со лаги. Штом почна
ти да реагираш, мелекот отиде и дојде шејтанот и го завзеде неговото
место, Јас бегам од ова друштво, зашто не сакам да седам со шејтанот.
(Бухари)
Не може да се смета за лажго оној кој е со
намера, да си помири скараните, ќе се послужи со измислени работи, кои
се во состојба скараните да ги зближат.
(Бухари)
Кој во било што на другиот му дава совет знаејчи дека исправноста е во нешто друго- го изневерил. (Ебу Давуд, Хаким)
Посредувајте, ќе бидете наградени со себапи. (Бухари)
Кој во своите обврски ќе види нешто што лично не
му одговара нека се стрпи, Зашто од заедницата ако се одалечи само за
една педа и ако во таквата состојба умре, умрел со смрт на
Идолопоколоник. (МУслим)
Пејгамберот ги прашал асхабите:
-Сакате ли да ви кажам што е тоа што кај Аллах го подига угледот и положбата?
Одговорија:
-Сакаме, Аллахов Пејгамберу, Тој рече:
-Биди мек(благ) спрема оној кој според тебе
бозобѕирно се однесува, простувај му на оној што ти прави неправда,
давај му на оној кој тебе ти одзема и помагај го оној кој тебе те
напушта.
(Теберани)
Кога е објавен ајетот: Кажи:
Он е кадар да испрати против вас казна над главите ваши и под нозете
ваши и вас во дружини да ве раздели и да направи силата едни со други да
ја вкусете, Мухаммед а.с за правиот и вториот вид казна рекол:
-Се приклонувам кон Тебе! - а за последната казна рекол: ова нему му е лесно!
(Бухари)
Го молев мојот Господар за три работи, па ми
прими само две, а едната ми ја одби. Го молев умметот да не ми го уништи
со глад, па тоа ми го прими.
Го молев умметот да не ми го уништи со општ пот, па ми го прими.
Го молев умметот да ми го поштеди од раздор, но тоа не ми го прими.
(Муслим)
На секој зглоб во телото би требало, секој ден да се подели садака.
Ако човекот помири две скарани лица и тоа е
садака- но ако му помогне на човекот да се јавне на коњот и ако му ги
подаде стварите и тоа е садака.
Зборовите со кои некого ќе го посоветуваме или
че го упатиме на добро и тоа истоа така се смета за садака. Секој чекор
што че го направиме одејчи во Џамија за да клањаме заеднички намаз во
џемает, се пишува како садака.
Ако го тргнеме од патот она што им смета на луќето и тоа е- садака.
(Бухари,Муслим)
Пред Аллаховиот Пејгамбер се скарале двајца
луѓе, па едниот го навредувал толку другиот да целиот поцорвенел. На тоа
Мухаммед а.с им рекол:
-Јас знам некои зборови кои, кога некој од вас би ги изговорил,ќе му се отстрани гневот. Кога би рекол: Еузу биллахи минешшејтанирраџим!.
(Ахмед,Тирмизи)
Аллахово проклетсво е на оној кој раздвојува мајка од дете и брат од брат.
(БУхари)