1 Твојот брат е твојот џеннет Чет 20 Јан 2011, 12:48 pm
Muaz al Islam
Модератор
Твојот брат е твојот џеннет
Човекот на неговиот животен пат го погодуваат ралични неволји и грижи и често му е потребна помош од друштвото и средината во која што живее. Оваа прилика всушност ти треба да ја искористиш. Треба да бидеш искрен помагач на својот брат, помагач кој ќе настојува да ги реши и да ги употполни неговите потреби, да му ги олесни неволјите и да му упати топол совет ако за тоа има потреба. Ти всушност со таа постапка, правејќи му услуга и помагајќи му во неговата потреба, го обожуваш Аллах, џ.ш. Во случај да не си во состојба да на својот брат му пружиш помош, можеш ако ништо друго да му упатиш добар збор, со кој ќе го повратиш неговиот оптимизам, ќе го намалиш неговиот страв и ќе му помогнеш полесно да ги поднесе искушенијата.
Извршувањето и исполнувањето на потребата на муслиманот може да биде со вложување на својот имот, чест, своето време и.т.н. Некогаш е потребно да се вложи една. а некогаш и повеќе работи.
Човекот на кого Аллах, џ.ш. му дал имот или углед и го направил независен од другите, треба да му се заблагодари на својот Господар на тие благодети.Тој е обврзан да ги извршува и исполнува потребите на муслиманите, за благодетта што му ја дал Аллах, џ.ш., треба да даде зекат и да ги исполни своите обврски спрема неа.
Ибн Аббас пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с, рекол: „ Човекот кој ќе тргне да ја исполни потребата на својот брат муслиман, тоа му е подобро одколку десет години да помине во итикаф. А оној кој ќе биде во итикаф еден ден, со тоа посакувајќи го Алллаховото, џ.ш., задоволство. Аллах, џ.ш., ќе стави помеѓу него и Оганот три долини, а секоја долина е поголема од раздалеченоста помеѓу истокот и западот“ Муттефекум алејхи.
Во друг хадис кој го пренесува Омер, р.а., Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., вика: „ Муслиманот му е брат на муслиманот, не му нанесува неправда ниту го предава на непријателот, кој му помогне на брат во неволја, Аллах ќе му помогне во неволја, кој му отргне неволја на муслиманот, Аллах, џ.ш. ќе му отргне неволја на Судниот ден, а кој го сокрие срамот на муслиманот, Аллах, џ.ш. ќе му го скрие неговиот срам на Судниот ден.“ Муттефекун алејхи
Ебу Хурејре. р.а., пренесува хадис во кој Пратеникот, с.а.в.с., вика: „ Оној кој ја опскрбува вдовицата и сиромав (мискин) е како муџахид на Аллаховиот пат, и мисле дека рекол:....„како оној кој без престанок клања и без престанок пости.“ Муттефекун алејхи.
Исполнувањето на потребите на братот муслиман некогаш може да биде со изнесување на своето мислење, совет и искрен насихат. Денес многумина се среќаваат со различни видови на животни проблеми, но поради своето неискуство или оптеретеност со дадениот проблем не можат сами да дојдат до посакуваното решение. Не се во состојба сами себеси да си го осветлат патот, иако можеби знаат каде е изворот на светлината. Во ваква ситуација топлиот збор и убавиот совет можат да решат „милиони“тешкотии.
На некој во тие моменти битно им е да им се спомене вредноста и обврската за трпение во искушенијатаи тоа за нив да биде олеснување.
Помогањето на немоќните муслимани, а и на другите луѓе, општо во ова време стана нужна потреба и строга обврска на верникот.
Укажувајќи на важноста на помагањето на луѓето, и исполнувањето на нивните потреби и изнаоѓањето на решение за кризата во која се нашле.
Хасен ел-Басри, Аллах да му се смилува, вика: „ Да му ја исполнам потребата на својот брат муслиман помило ми е одколку да клањам 1000 рекати, и да исполнам потреба на брат муслиман, помило ми е отколку да бидам во итикаф два месеци.“
Ибн Аббас, р.а., имал обичај да каже: „ Да издржувам една муслиманска фамилија месец дена, или седмица, или онолку колку Аллах, џ.ш., сака, помило ми е отколку да извршам хаџџ. А да подарам чинија со храна во вредност од еден дирхем на својот брат муслиман помило ми е отколу да поделам еден динар на Аллаховиот пат (во џихад)
[You must be registered and logged in to see this link.]
Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 02 Фед 2011, 12:52 pm. Мислењето е променето 1 пати