Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 201 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 201 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
Muwehhid (937)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
Monoteizam (343)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
muharem fazli (323)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 
Haqq (253)
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_lcapУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Voting_barУБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ СО ДУЊАЛУКОВ Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

ibret

ibret
Активен член
УБАВИНАТА НА НЕОПТЕРЕТЕНИТЕ
НА ДУЊАЛУКОВ

Неоптовареноста е вистинска побожност без љубов за овој дуњалучки свет. Неоптеретен е човек кој поседува богатство, но, истото не го врзува за срцето односно не е врзан за него или кратко речено не е дуњалучар. Неоптовареноста е вистински рахатлук на овој свет. Мислам дека неоптеретените луѓе се најмирните луѓе. Неопте-ретениот разбрал дека само Аллах е богат и дека овој свет кај Аллах не вреди и уште дека е и минлив.
Еве што Аллах, џ.ш, вели:

- Добрата што ги поседувате на овој свет се минливи, а наградата и богатството што ќе ги имате кај Аллах се вечни. Сигурно е дека ќе ги наградиме оние кои ја понесоа тешкотијата на обврските – придржување кон договорот - со наградата подобра од нивните дела. Нив ќе ги наградиме било за најмалата или за најголема-та работа.

- Животот на овој свет не е ништо друго освен игра и забава, а само оној свет е живот, кога само би знаеле тие.

Газали имал обичај да рече:
- Кога би ми дале 2 пехари да избирам еден златен но минлив, другиот земјен, но вечен јас би го одбрал земјениот затоашто е вечен.
Овој дуњалук откога го создал Аллах во него не погледнал. Тогаш зошто да се занесуваме на нешто што Аллах не го сака.
Погледнете го овој хадис кој се пренесува од Џабир, р.а, за Пејгамберот, а.с, кога поминал пок-рај пазарот и застанал крај едно пцовисано, шуга-во јаре, па, ги прашал присутните:
- Има ли некој што би го купил ова јаре?!
- И да е наше не би знаеле што би правеле со него! – рекле тие.
- Дали би сакале да е ваше?!
- Се колнеме во Аллах и да е живо, а не мртво, би било со мана зошто е шугаво! – одговориле тие.
На тоа Пејгамберот им рекол:
- Се колнам во Аллах! Овој свет кај Аллах е помалку вреден, отколку што вреди ова јаре кај вас.
Потоа, Пејгамберот, с.а.в.с, рекол:
- Овој свет наспроти Ахиретот е како некој да го потоне прстот в море, и нека види што ќе му остане на прстот.
Дека овој свет ништо не вреди и не би можеле да живеат ќафирите на него. Но, Аллах им го дава на ќафирите токму она што не го сака и не вреди. Па токму ради тоа Пејгамберот, с.а.в.с, по-рачува:
- Да вреди овој свет кај Аллах колку крило од комарец не би му дал ни голтка вода на ќафирите да пијат.
Верниците не треба да ги возбудува тоа што ќафирите привидно и лажно уживаат на овој свет зошто тоа им е се што имаат, а воедно им е казна како што вели Возвишениот:

- Нека не те воодушевуваат богатствата нивни, а ниту децата нивни! Аллах сака да ги казни нив на овој свет и да завршат како не-верници.

А во друг ајет вели:

- Луѓето да не беа една заедница во неве-рувањето ќе дадевме да им бидат куќите покриени со сребро на оние кои не веруваат во Милостивиот, а и скалилата по кои се качуваат. Ќе направиме вратите од нивните куќи да им бидат од сребро ќе дадеме и дивани од злато на кои ќе седат потпрени. Сето тоа е уживање на овој свет, а тоа не е мало и мини-мално уживање. Благодетта на Ахиретот е на трупано кај твојот Господар за богобојазли-вите, но не и за другите.
Нашиот драг Пејгамбер, а.с, и асхабите, на најдобар начин го сватиле дуњалуков. Знаеле камен да стават на стомак од глад. Алиштата им биле повеќе крпени отколку здрави. Спиеле на рогузина и на кожа. Тоа не значи дека треба да се биде сиромав и да страдаме на овој свет, напротив сиромаштијата е блиску до неверство, туку, не треба да се лепиме за дуњалуков. Асхабите, па дури и оние после нив, кога најмалку дуњалуков го сакале, најмногу го освоиле, и го имале.
Денес муслиманите многу го сакаат овој свет и затоа го немаат. Не може во исто време да се сака дуњалук и Ахирет. Се плашиме некои муслимани да не ги загубат и двете нешта. Дуњалукот е вреден кога Ахиретот е напред прв, зошто Аллах препорачува:

ibret

ibret
Активен член
- И настојувај со тоа што Аллах ти го дал, а да стекнеш Ахирет и не заборави го влијани-ето на овој свет...

Овде е кажано да се бориме за Ахиретот и ете попат да не го заборавиме и нашето влијание на дуњалуков, но, во нашиов живот тоа е - Естагфируллах се наопаку. Наша цел е дуњалу-ков, а Ахиретот ни е попат. Тоа не може да не однесе на добро.
Го виделе еден оџа како дига балван од едниот крај, па преминал на другата страна и го дигнал другиот крај (балван) и дошол на средината за да го подигне целиот (балван), но, не можел. Луѓето го гледале и го прашале што му е, а тој им рекол:
- Гледам некои луѓе го сакаат дуњалуков и тоа може. А, гледам некои го сакаат Ахиретот и тоа може. Но, некој ги сака двете нешта, ете тоа не може, исто како и јас што не можам да го дигнам овој балван.
Убав му е дуњалуков на вистинскиот неоп-теретњак.
Хасан Басри вели:
- Добар е овој свет за верниците, лесно и за кратко време заработува вечност Џеннет, а тежок е овој свет за ќафирите. За кратко време уживање заработуваат вечно страдање Џехеннем.
Вистински антидуњалучар не е оној кој што се откажал од нешто што го нема, туку оној на кого му се нуди дуњалуков и тој ќе го одбие како што го одбил Ибрахим Б. Едхем и Омер Б. Абдул Азиз.
Ибрахим ибн Едхем бил поставен за цар и царството го напуштил за да го добие (стекне) Аллаховото задоволство. Толку се откажал од дуњалуков така што еднаш на хаџџ покрај кабето бил запрашан зошто не пие од Зем-Зем водата, тој им рекол:
- Кога би имал чаша би се напил.
Тој никогаш студена вода не се напил и потоа да легне.
На Ебу Бекр, ноќе му дошле крадци да го крадат, а тој им рекол:
- Тоа што вие ноќе го барате да го украдете, јас дење го барав и ништо не најдов.
Неоптеретените (антидуњалучарите) се мир-ни луѓе и нема што да изгубат.
Се пренесува дека еден дуњалучарски човек му рекол на еден добар човек:
- Не сум видел поголем антидуњалучар од тебе!
А, тој му одговорил:
- Ти си поголем дуњалучар од мене. Јас, навистина го дадов овој минлив свет за вечноста, ама ти ја даде вечноста за минливоста.
Се пренесува дека Селман Фариси, р.а, ре-кол:
- На човека кога ќе му се отргне од срце дуњалуков, тој ќе се осветли со мудрост и сите негови ќе учествуваат во ибадет.
Вистински антидуњалучар е оној на кого му е исто и кога го фалиш и кога го кудиш. Што би рекол нашот народ Ним сеедно им е. Кој што бара Ахиретска награда му е сеедно дали на дуњалуков го фалиш или го кудиш. Тој ја знае својата цел. Мажот кој вистински ја сака својата жена и кога би му ја куделе не би можеле да го натераат да ја мрази, зошто тој знае кого го има. Така и вер-никот, антидуњалучарот, знае зошто живее на дуњалуков и што му е вистинската цел.
Не е дуњалучар оној кој што има многу капитал, туку оној кој што е врзан за она што го има. Колку само родени браќа и сестри не зборуваат заради миразот, а често и за една педа земја.
Ете тоа се дуњалучари врзани за капиталот, како и крадецот, сите тие се исти. Разликата е во тоа што врзаниот нема храброст да краде, а кога би имал со задоволство би крадел.
Аллах не ги сака дуњалучарите.
Мухаммед, а.с, рекол:
- На Аллах му се помили два рекати, од вистинскиот антидуњалучар, отколку вековното клањање на дуњалучарот.
Аллах не го сака овој свет и не го сака оној човек што го сака она кое Аллах не го сака. Единствено што би требало да го сакаме овојсвет е што на него Му робуваме на Аллах, џ.ш, правиме добри дела и го заработуваме Џеннетот. А, дуња-лукот не е ништо друго освен Ахиретска нива, впрочем како што и Мухаммед, с.а.в.с, рекол:
- На дуњалуков треба да се работи и да се придонесува, но, не смееме дуњалучки да се опијаниме.
Јахја ибн Муаз вели:
- Овој свет е шејтаново вино и кој со него ќе се опијани ќе се отрезни во гробот на мртвите. Тогаш ќе биде предоцна зошто поправен испит нема да има. Кога дуњалукот видливо би пијанел како виното, малкумина трезни би оделе. Тогаш би се видело кој е дуњалучар, би биле доста опијанети и меѓу оние во првите сафови.
Дуњалукот е навистина најголем сихирбаз, затоа Пејгамберот, а.с, ни препорачува да се чуваме од дуњалуков и од жените.
мо за тоа да Дуњалуков и Ахиретот се како две сопруги, ако ја задоволиме едната, ќе ја налутиме другата.
Пејгамберот, а.с, не подучува на кого предимство му дадеме:
- Кој го задоволува дуњалуков му нанесува штета на Ахиретот, а кој го задоволува Ахиретот, му нанесува штета на дуњалуков. Затоа дадете му предност на вечното над минливото.
На дуњалуков сме само гости и се што имаме од Аллах сме позајмиле, а таа позајмица мора да му се врати на сопственикот.
Енес ибн Малик наведува дека слушнал како Мухаммед, с.а.в.с, рекол:
- На кого што Ахиретот му е главна грижа, Аллах во неговото срце ќе му стави богатство, а овој дуњалук ќе му доаѓа од сите страни, а пак на оној на кого главна грижа му е дуњалукот Аллах ќе му даде во очите негови сиромаштија така да секогаш нешто ќе му недостасува, а среќа ќе му доаѓа само толку колку што му е запишано.
Кога би го знаеле тоа дуњалучарите не би биле завидни.
Аллах на многу места вели:

- Кога би знаеле тие...

А како да му завидиш на нешто што кај Аллах не вреди нити колку едно пцовисано јаре.
Адем, а.с, е избркан од Џеннетот и како казна го добил овој дуњалук. И како да му завидиме некому заради дуњалуков.
Еве што вели Иса, а.с,:
- Овој свет е како солена вода, што повеќе ја пиеме толку повеќе сме жедни.
Кога човек би имал едно брдо злато, би посакал и друго брдо со злато.
И навистина човечката уста може да ја наполни само земја. Дуњалукот е сладок и прив-лечен како чаша со мед, на врвот мед, а на дното отров. Мнозина се отруле од дуњалуков, мнозина сакаат покрај децата и внуците да ги обезбедат со капитал. Ако тие се грешници со туѓ капитал уште повеќе ќе згрешат, уште полошо доколку се верници. Затоа на сите Аллах им е доволен. Најголемо богатство е богатството на душата со вера и добри дела. Тоа е вистински капитал. Без вера дуњалуков е нула. Но, со верата добива своја вистинска вредност.
Интересен е случајот со една сараевска убавица, верничка и нејзината мажачка. Момчето кое таа го сакала не бил добар верник. Кога момчето и понудило брак таа не се согласила.

ibret

ibret
Активен член
Меѓутоа, неговата упорност не престанала и понатака инсистирал, пришто девојката се согласила, но, под услов момчето да исклања редовни 40 сабахски намази во џемаат.
Момчето коешто било многу заљубено во девојката се согласило на тоа и кога го исполнил условот повторно се вратил да ја бара за жена. Девојката за да се увери во тоа сега му рекла 40 сабахски намази да не ги клања. На ова момчето не се согласило дури и по цена да ја изгуби. На тој начин младата убавица се убедила дека нејзиното момче ја почувствувало убавината на иманот и побожноста, па, се согласила да се омажи за него.
Да се биде антидуњалучар е вистинска уба-вина и мир.
Ибрахим, а.с, станал Аллахов пријател меѓу другото и затоа што не се грижел за она што Аллах го одредува. Кога Аллах на некого не му дал на дуњалуков без врска е да се опишува влез и излез на пари, но, кога Аллах дава тогаш не треба математика зошто Аллах дава без сметка. На дуњалучарите не им е баш така лесно како што мислат некои сиромашни.
Се зборува дека биле двајца комшии, едниот богат другиот сиромав. Богатиот ретко се врткал дома, а неговата жена имала големо богатство, но, го немала својот маж кај себе, и тоа ја правело да биде нервозна. Посебно ја мачело тоашто секое утро гледала кај комшијата обесени алишта за сушење. После долго трпење му рекла на својот маж да живеат и тие природно како нивните комшии. Богатиот комшија бил надуван и рекол:
- Ќе му дадеме еден помал ќуп злато на комшијата и тој нека работи нешто.
Набрзина после земањето на ќупот со злато кај сиромавиот повеќе не се сушеле алиштата на јажето. Еден ден богатиот комшија го запрашал сиромашниот како му оди работата, а тој му одговорил дека никако не можел да го наполни ќупот со злато. Дуњалукот не дава мир, му го поматува умот на човекот. Тоа во Кур`анот се вика гурур нешто што лаже и врти, а кој што ќе се заметка со дуњалуков тешко ќе може да се одметка. Дуњалучарите целиот свој живот го минуваат во трчање и во незадоволство зошто секогаш сакаат повеќе и така умираат со несредени сметки. Најдобро е да се отселиме од овој свет сошто помалку љубов кон него. Така полесно ќе се разделиме. Што ќе сакаме кога душата ќе го напушти телото и овој свет? Затоа вистинските антидуњалучари не се вљубуваат во она што го оставаат.
Работењето на дуњалуков е исто како и растурањето на ѓубриво по нивите, а тоа не го сакаме. Работат сазаработат вечност.
Исламот е вера на рамнотежа, средина, исправено одење низ животот. Најдобро е кога не се накривува на ниедна страна.
На крајот да кажеме што ја смалува, а што ја зголемува среќата на дуњалуков. Да бидеме искрени, сите сакаме што повеќе да имаме, отколку да бидеме зависни, и од други да бараме.
„Сите луѓе се во сиромаштија заради стравот од сиромаштијата“ – рекол, Пејгамбе-рот, а.с.
Прво, ќе споменеме се што го намалува опстанокот:
- Спиење и мочање кога сме голи;
- Земање на храна кога сме нечисти;
- Јадење наведнати на една страна;
- Неземањето на храна која паднала од маса;
- Одење пред стари лица;
- Викање по родителите на нивните имиња;
- Чепкање на заби со чепкалка или слични предмети;
- Седење на праг;
- Неземање абдест;
- Шиење алишта на себе;
- Бришење на лицето со алишта;
- Оставање на пајажина во куќата;
- Изигрување со намазот и брзо клањање;
- Оставање на неизмиени садови;
- Облекување панталони стоејќи;
- Неучење дова на умрените-родителите;
- Скржавост, мрзливост, расипништво и гре-шење,

Она што го зголемува опстанокот:
- Давање садака;
- Рано станување;
- Весело лице и убав збор;
- Миење на садови и метење пред куќа;
- Берење и јадење на трошки;
- Смирено клањање и проучување дови;
- Обавување на џума намаз;
- Клањање витр намаз во домот и спиење после витр намазот;
- Проучување сура: - вакија, велелјли, елемнешрах леке, мулк, муземмил
- Доаѓање во џамија пред езан.

Во досегашната традиција се докажало точно горе споменатово којшто сака да го продолжи животот и да ја зголеми среќата нека дели садака и нека ги посетува и ги помага роднините. Тоа е потврдено и со хадис.
Блазе си му на антидуњалучарите, богоплаш-ливите, и на дуњалуков и на Ахирет.
Велат антидуњалучарите – богоплашливите:
- Кога би знаеле владетелите во каков мир сме ние, со сабја би ни го отргнале ова.
Го прашале еден антидуњалучар што му сака срцето, а тој му одговорил:
- Моето срце сака ништо да не сака. Празните желби го уништија светов.
Некој рекол:
- Најголема грижа ми е радоста за која што знам дека ќе помине.
Или што би рекол еден дински душман (непри-јател):
- Зошто моето срце седи секогаш таму каде што не сум јас.
Антидуњалучарите носат смиреност и среќа во нивните срца и никој не може да им ја земе. Дуњалуков никого не го направил среќен зошто и тој сам по себе си е проблем. Просто речено сите признаваме и велиме дека порано (во минатото) било подобро, послатко се живеело. Иако повеќе се страдало и малку се уживало, сепак се пеело, весело било, оделе едни кај други. Значи се имало време за се. А сега никој со никого неможе да се види, се нема време душа да си подземеме. Воза-чите, автомобилите, мобилните, интернетот, сате-литските антени, се во постојана трка...
Се зборува како еден работник во Јапонија дошол на работното место и побарал само еден саат слободно време, за да оди да го погреба својот татко. Но, ако пес пцовисал, тогаш тоа е вистинска жал, зошто ги има и таквите кои многу не се разликуваат од моралот на кучињата. Кучето кај таквите станало единствен пријател зошто дуњалучарите го изгубиле вистинското пријател-ство и настанал само гол интерес. Љубовта умрела. Дуњалуков ги ослепува своите љубимци, лажната убавина, за да на крајот и ги уништи. За антидуњалучарите овој свет е како пазар, па, којшто ќе успее да купи ќе купи. Антидуња-лучарите ги купуваат вистинските работи за веч-ниот свет.
Дуњалуков е само средство за да се дојде до вечната цел - Џеннет и Ахиретско задоволство.
Интересно е да споменеме што вели Мухаммед, а.с, за дуњалуков кратко, но, јасно:
- Дуњалуков е се она што вас ве прави несвесни и што ве отргнува од Аллах, џ.ш. Дуњалуков има свој крај, а љубовта спрема Аллах, џ.ш, нема крај.
Ја прашале Рабију ел – Адевија, дали љубовта има крај, а таа рекла:
- Љубовта нема крај, зашто ни вљубените немаат крај.
Кога го прашале Иса, а.с, како може да оди по вода тој им одговорил:
- За мене златото и камењата се еднакви.
Блазе си му на оној кој што го запознал овој дуњалук.
Да го завршиме кажувањето за убавината на антидуњалучарите (богоплашливите) со Аллахо-вите зборови:

- Кој ќе направи добро дело, маж или жена, а верува во Аллах и во неговиот Пејгамбер ним ќе им пружиме мирен и спокоен живот на овој свет, било да се работи за мала вредност, а на Ахирет ќе им дадеме награда поубава од она што го направија на овој свет.

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот