Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Исповед на Шејтанот  EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Исповед на Шејтанот  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Исповед на Шејтанот  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Исповед на Шејтанот  EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Исповед на Шејтанот  EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Исповед на Шејтанот  EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Исповед на Шејтанот  EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Исповед на Шејтанот  EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Исповед на Шејтанот  EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Исповед на Шејтанот  EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Исповед на Шејтанот  EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Исповед на Шејтанот  EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Исповед на Шејтанот  EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Исповед на Шејтанот  EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Исповед на Шејтанот  EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 253 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 253 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 
Haqq (253)
Исповед на Шејтанот  Vote_lcapИсповед на Шејтанот  Voting_barИсповед на Шејтанот  Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Исповед на Шејтанот  Empty Исповед на Шејтанот Чет 25 Ное 2010, 11:04 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Муса ибн Џебел, р.а., кажува дека Ибн Аббас го рекол следното:
Се собравме заедно со Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. во куќата на еден енсарија. Одненадеж некој повика: о жители на овој дом, дали дозволувате да влезам, зошто нешто ми треба. Божјиот Пратеник с.а.в.с. тогаш рече: Дали знаете кој вика и повикува? Присутните асхаби рекоа дека не знаат и дека единствено Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат. Мухаммед с.а.в.с. тогаш рече: Тоа е проклетиот иблис (шејтанот л.а.) тој бара дозвола да влезе, па ќе сакате да му дозволите? Омер, р.а., скокна на нозе и рече: О Пратенику, дозволи ми да излезам и да го убијам, и да го ослободам народот од тоа чудовиште. Пратеникот с.а.в.с. рече: Смири се Омере, зар не знаеш дека е тој од оние кои е одгодена смртта да Кијаметскиот ден. Туку, отворете му ја вратата нека влезе зошто тој не е дојден со своја воља. И пазете добро што ќе ви рече и што ќе ви соопшти.
Х. Ибн Аббас, р.а. наставува: Вратата некој ја отвори, а тој веќе беше меѓу нас. Тој беше слеп и голобрад старец. Во брадата му беа највеќе седум влакна како на коњската грива. Очите му беа развлечени. Главата му беше како на голем слон. Забите очници, слични на свинските очници. Пошто влезе стана и рече : Ес-Селаму Алејкум о Мухаммеде а.с., Ес-Селаму Алејкум, о муслимани! Пејгамберот тогаш му рече : Селамот е Аллахов , проклетниче , а Аллах дава селам кому Тој сака . Известен сум дека нешто сакаш и посакуваш па кажи. О Мухаммеде , јас не ти дојдов доброволно , него дојдов присилно - рече Иблис . А што те натерало праша Пејгамберот с.а.в.с. . Дојде еден мелек од Господарот па ми рече : Свевишениот Аллах џ.ш. ти наредува о Иблису да појдеш кај Мухаммед с.а.в.с. ,со поштовање и уважување и да му соопштиш како ги лажеш лугето и како ги заведуваш и ги искривуваш од правиот пат: Мелекот уште ми рече: Ти наредува Аллах џ.ш. да му се вистински кажеш што ќе те праша, зошто Аллах џ.ш. рече: Така ми Мојата слава и големина , ако го бидеш слагал еден единствен збор ,и ако не му кажеш се вистински , јас сигурно ќе те направам во пепел кого ветерот ќе го разнесе, и на твоите душмани ќе им пренесам и со тоа ќе ги развеселам : Па еве сум дојдов о Мухаммеде како што ми е наредено , па повели прашувај што сакаш.
Кога веќе си ветил дека вистината ќе ја зборуваш ,прво ќе ми кажеш , кого најповеќе го мразиш? –запраша Мухаммед с.а.в.с. Иблис л.а. му одговори: Најомразено Аллахово створение , о Мухаммеде , тоа си ми ти и секој кој е на тебе сличен . А кого уште го мразиш ? Иблис рече : Секој морален младич кој се посвети на Аллах џ.ш. . Кого понатака мрзиш? Го мразам секој учен побожен човек, а покрај тоа да е марлен и истраен. Кого уште го мразиш ? Г о мразам сиромашноит човек кој е трпeлив и издржлив ,кој не го кажува своето сиромаштво ниту на тоа се жали. А како ти знаеш да е некој трeплив? O Mухаммеде ако некој се жали на своите јадови и маки , на оној кој е како него –обично створение , три дена узастопно , таквиот човек Аллах џ.ш. не ги запишува во свои стрпливи робови- одговори Иблис . Кого уште го мразиш ? Го мразам секој богат човек , кој е заблагодарен на Аллах џ.ш. за своето богатство . А како ти знаеш кога некој е заблагодарен на Аллах џ.ш. ? Кога гледам да таквата личност го зема она што му го дозволел Аллах џ.ш. , а го остава она што му е забрането и ја троши својата имовина само во дозволени сврхи.
Како ти се однесуваш и како делуваш кога Мојот следбеник ќе настапи во намаз ? Иблис рече: О Мухаммеде , кога твојот следбеник стапи во намаз , мене ме спопаѓа грозница и целиот се тресам и пламтам наизменично ,. А зошто те спопаѓа таква мака ? Иблис рече : Заради степенот кој Аллах џ. ш. Му го дава на Својот роб заради обавената сеџда . Како се чуствуваш ти кога моите следбеници учат Кур`ан ? Иблис рече :Кога тие учат Кур`ан јас се топам како олово на оган.
А што велиш за Еу Бекра ? Иблис рече :Ебу Бекр не ме слушаше ни пред примањето на Ислам , па како би ме следел откако прими Ислам .А што велиш за Омера? Иблис рече : Така ми Аллаха , кога и да го сретнам побегнувам од него , тој е многу лут и јас му се плашам. А што велиш за Османа ? Јас од него се срамам , како што од него се срамат сите Аллахови мелеки – рече Иблис. А што велиш за Алија ? Иблис рече : Камо среќа да јас од него бидам мирен , па да тој мене ме остави како што јас го оставив на мира , али тој тоа никако не го чини , стално ме прогонува . Мухаммед с.а.в.с. тогаш рече: Му се заблагодарувам на Аллах џ.ш. Кој го усреќи мојот уммет(народ) , а Кој тебе те направил несреќен до одредениот ден .
Али тогаш Иблис л.а. рече: Далеку е тоа далеку е тоа ,Мухаммеде , Каде е среќата на твоите следбеници ,кога сум јас уште жив и нема да умрам до Кијаметскиот ден .Како можеш ти да се радуваш на својот уммет кога јас се движам по нив исто како нивната крв која тече низ нивните крвни садови и месо , а тие мене не ме гледаат . Така ми оној кој ме создал сите луѓе ќе ги заведам , побожни. Писмени и неписмени ,единствено признавам дека не можам ништо на оние Аллахови робови кои се мухлиси.Пејгамберот на тоа рече : А кои се тоа мухлиси на кои не им можеш ништо? Иблис рече : Зарем не знаеш о Мухаммеде да кој колку ги сака златниците и сребрењавите , кој го сака капиталот , не е искрен верник кај Аллах џ.ш. .Кога ќе го видам човекот да не го сака капиталот а покрај тоа не ја сака славата ни фалење , знам дека е тој прав и искрен верник .мухлис,па јас го оставам на мира и не навалувам на него . Навистина човекот , додека го сака капиталот и кариерата и додека срцето му е врзано за овоземските уживања , тој ми е попокорен повеќе и од колку може да се рече. Зарем не знаеш Мухаммеде да љубовта спрема иметокот и овој свет еден од најголемите гревови . О Мухаммеде зарем не знаеш дека јас имам седумдесетилјади на себе слични шејтани , да и секој од нив има по седумдесетилјади деца . Некои шејтани ги порачувам исклучиво на учените луѓе, некои пак го порачувам на старците и стариците . Зарем не знаеш Мухаммеде , дека јас лажно им се заколнив на Адем и Ава со Аллах и им зборував : Така ми Аллах јас сум ви советник и пријател . Што се однесува до омладината помеѓу нив и нас не постои неспоразум , што се однесува и до малите деца , со нив се играме како сакаме.
Понекои шејтани јас специјално ги задужувам за побожните луѓе , па шејтаните нив им доаѓаат се додека не ги наведат да земат за цел и желба нешто друго , покрај Аллах џ.ш..Кога тоа овие го направат јас им го уништувам ихласот (искреноста) , а верата им останува зошто ние тука ништо не можеме , а тие веруваат во Аллах џ.ш. и му робуваат , али без ихлас а да тоа и не го знаат . Зарем ти Мухаммеде не си чул за Берхис Рахиб , кој робувал на Аллах џ.ш. со ихлас 70 години , така да со својата дова ги излечуваше болните , па јас не го пуштев се додека не направи зиналок (блуд) , па после тоа уби една особа , и на конец се додека не се покафири . Тоа е онај кој Аллах џ.ш. го споменува во Кур`анскиот ајет : “Немој да бидеш како Иблис , кој го заведува човекот да се покафири , а потоа рече :Од теба јас сум сигурен , се` одрекнувам од тебе , зошто јас навистина се плашам на Аллах Господарот на световите”. Зарем не знаеш о Мухаммеде , дека лажењето и неверството се од мене и дека сум јас прв кој излажал и постанал неверник. Оној кој лаже е мој личен пријател . Лажната заклетва е радост на моето срце , а оговарањето , клеветењето и преносовањето на туѓи зборови од еден на друг, тоа е мое слатко овошје. А оној кој лажно се заколнува со развод на брак со својата жена , зборувајќи дека ќе ја избрка , ќе се разведам од тебе , ќе оженам друга , па макар било тоа и вo шала , таквиот својата жена за брзо време ќе ја направи харам за себе . Таквите особи ќе се оплодуваат, и раѓаат за себе деца , а тие ќе им бидат како вонбрачни, ќе се упатат за џехенемот само поради еден збор, како што е заклетвата за развод на брак.
О Мухаммеде навистина твоите следбеници ќе го одгодуваат намазот , час по час . Кога и да сака твојот следбеник да клања јас му пристапувам и го заблудувам , зборувајќи му со зборовите, Има уште време , заврши ја започнатата работа па потоа клањај и сл. Јас се тоа го правам се додека не успеам да го одвратам твојот следбеник , да го клања на време намазот. Ако сепак твојот следбеник ме совлада тогаш го пуштам додека не стапи во намаз , и тогаш му викам , и го навраќам да се врти лево и десно во намазот, па кога ќе го направи тоа, јас тогаш го помилувам по лицето и го љубам меѓу очите и тогаш му викам: Веќе направи нешто што не вреди .Ти знаеш Мухаммеде , дека оние кои се вртат во намаз десно и лево дека Аллах џ.ш. со таквиот намаз ќе ги удри по глава . Па ако не се одзвие на џемаатскиот намаз , јас тука го оставам и чекам додека не почне да клања , тогаш јас му наредувам да брза со клањањето , да брзо се спушта и крева во намазот , како петелот што ги клове зрната . Па ако и тука ме победи твојот следбеник , јас повторно го чекам да стапи во намаз во џемаат . Тогаш му ставам узда , како на коњите , па му ја кревам главата пред имамот , и му ја спуштам пред имамот. Ти знаеш Мухаммеде , кој така чини, дека намазот му е неисправен и да Аллах џ.ш. во тој момент неговата глава е претвора во магарешка глава и така може да остане до Кијаметот. А ако и тука ме победи , јас тогаш му наредувам да си игра и забавува во намазот со крцкање на прстите. Па ако и тука ме победи , тогаш јас му дувам во неговиот нос , да тој се зева за време на намазот , а тогаш шејтанот му влегува во неговата внатрешност , и на тој начин се зголемува љубовта за дуњалукот, па тој ми постанува покорен .
Па каде тогаш среќата о Мухаммеде за твојот уммет ? Јас исто така , о Мухаммеде ги одвpатувам сиромашните од намазот . На сиромашните им говорам дека не се должни да клањаат намаз , дека се должни да клањаат смо оние на кои Аллах џ.ш. им дал богатство . На болните им говорам да не клањаат и да тие не се должни да клањаат , тоа е должен само оној кој е здрав . Кога ќе оздравиш тогаш наклањај го она што си го пропуштил . Така ги навраќам болните да умираат во неверство . Ако некој умре , а го оствил намазот во својата болест , ќе се сретне со Аллах џ.ш. ,а Аллах џ.ш. ќе биде лут на него .
О Мухаммеде , ако сум те нешто излагал и преварил , го молам Аллах џ.ш. да ме претвори во пепел. Пејгамберот с.а.в.с.тогаш рече : Дали некогаш за нешто си го молел својот Господар Аллах џ.ш. ? А Иблис л.а. тогаш рече : Јас својот Господар сум го молел за десет работи и тоа :

1.Го молев Аллах џ.ш. да ме направи содругар во иметокот и породот од синовите Адемови , па ми одреди да итоа бидам. За тоа говорат Аллаховите зборови: “О Иблису , биди им ти соделител нивни во иметокот и децата . Вети им што сакаш . А се што шејтанот вети тоа е лага “. Молев да ми биде храна секое јадење во која е замешана каматата и останатите харами. Го молев да слободно ја користам имовината која е стекната без името Аллахово.
2. Го молев да учествувам во во сполниот однос со секој оној кој и пријде на својата сопруга поради сполен однос , а пред тоа да не проучи Еузу и Бисмилла. Навистина и шејтанот учествува заедно со таквиот човек. , па децата родени од таквиот брак мене ми се покорни и послушни.
3. Го молев да јавам на јавачките животни и другите превозни сретства со оние кои патуваат не барајќи го она што е дозволено , него она што е харам.Така , кога некој појде на пат поради харам јас му се придружувам пратејќи го на тој пат. За тоа зборуваат и Аллаховите зборови во неговата книга: “Вози се со нив, оди со нив , и кога се возат и кога одат пешки .”
4. Го молев да ми даде куќа за стално боравење , па ми ги даде купатилата , плажите и бањите каде се открива она што е за покривање и разните сметилишта и ѓубришта каде се истресува ѓубрето и отпадоците .
5. Го молев да ми да создаде и даде џамија ,каде ќе ги собирам луѓето, па ми ги даде пазарите, кафаните и чаршиите.
6. Го молев да ми даде една книга со која ќе ги повикувам Адемовите синови на мојот пат, па тоа ми го направи давајќи ми ја песната .
7. Го молев да ми даде езан , со кој ќе го повикувам светот, па ми ги даде фрулата , свиралата , свирката и музиката .
8. Го молев да ми даде некого да спие и леже во постела со мене ,па ми го даде пијаницата . Секој оној кој легне пијан впостела нека знае дека сум го загрлил, нека не се грижи.
9. Го молев да ми даде помошник во мојата работа , па ми ги даде луѓето кои се занесуваат во својата моќ, влијание , имовина и својата лична воља.
10. Го молев да ми даде браќа и пријатели , па ми ги даде оние кои го бараат својот имот во грешењето, како што вели Аллах џ.ш. во ајетот: “...Навистина расипниците се шејтанови браќа.”

После ова Мухаммед с.а.в.с. рече: Да не мие потврдата од страна на Аллаховата книга , не би ти верувал . А Иблис тогаш му одговори : Мухаммеде , јас Го молев Севишниот Аллах џ.ш. да јас ги гледам Адемовите синови , а тие мене да не ме гледаат , па и тоа ми го даде . Исто така ми даде да можам да се движам низ нивните крвни садови како крвта , па јас по нив кружам и витлам како јас сакам во еден час. Мене Аллах џ.ш. ми рекол : Ете ти што бараше , Јас со тоа ќе се гордеам се до Судниот ден. Со мене о Мухаммеде има повеќе од луѓето него со тебе . Повеќето од потомството на Адем ќе биде со мене до Кијаметскиот ден.О Мухаммеде јас имам едно свое дете кое сум го нарекол Мрак кое навалува на светот да би го успал од ноќниот намаз. Да не е тој шејтан , не би биле луѓе кои би отишле на спиење а пред тоа да не клањаат јација. Исто така јас имам едно дете кое се вика Кухејл(сармаџија) , кое залажува , замазува со сурма очите на луѓето кои седат со улемата , што за време на Џума-намаз и предавањето , зеваат и заспиваат. Иблисот понатака рече: О Мухаммеде која и да е жена излезе на улица без пропишана облека , еден од шејтаните ја зајава позади , друг и се вовлеќе во недрата , па на гледачите им се фали и и вели : Откриј се , откриј се, покажи ги своите украси . Па кога тоа го направи , тогаш шејтаните си ја завршиле својата работа .
Потоа Иблис настави: О Мухаммеде јас лично не можам никого да заведам , кога јас посакувам и сакам али јас стално дошепнувам разни лоши желби , работи и мисли, бодрејќи на лошите дела и прикажувајќи ги како убави и привлечни . Кога заблудувањето би била на моја рака не би оставил никого на земјата да рече Ла илахе иллеллах , не би допуштел да некој пости и клања . Како што си ти стопан на иманот , не сум ни ја стопан на заблудувањето . Кога иманот би бил во твоја рака ти никого не би го направил како кафир . Тогаш Мухаммед с.а.в.с.му рече : О ти татко на горчината , дали ти би се покајал и поврател на Севишниот Аллах џ.ш. а јас ти го гарантирам Џеннетот?
Иблис л.а. одговори: О Божји Пратениче , емрот-наредбата е изречена ,моливот е осушен, за се што ќе биде до Судниот ден , Слава на Оној Кој тебе те направи првак на сите Пратеници и управител на Џеннетлиите , Кој те одликувал и одабрал , а Кој мене ме направил првак за Џехеннемлиите . Јас сум прогонет несреќник. Ова е моја последна исповед кон тебе и последни мои зборови кои се вистина .Му се заблагодарувам на Господарот на световите . Аллах џ.ш. го благословел со салават Мухаммеда с.а.в.с. Пејгамбер со мајчинска нарав , на неговиот род и уммет.
Селам на сите пратеници . Благодарност на Аллах џ.ш. Господарот на сите светови.



Превземено од ( Тенбихул- гафилин)

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот