Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 154 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 154 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
Muwehhid (937)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
Monoteizam (343)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
muharem fazli (323)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 
Haqq (253)
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_lcapЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Voting_barЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

ibn ibrahim

ibn ibrahim
Нови член
Нови член
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС

Елхамдулил-лахи раб-бил аалемин, хамден кесирен тај-јибен мубарекен фих, вес-салaaту вес-селаaму алаа ресуyлина Мухаммед ве аалихи ве сахбихи ерџмеин.

Вистинската и апсолутна благодарноста му припаѓа само на Аллах џ.ш., господарот на сите светови, салават и селам му испраќаме на нашиот сакан Ресуул Мухаммед а.с.

Што е тоа јазична анализа на Кур’анскиот дискурс?

Ние, сите, читаме разни преводи на Аллаховата книга, било тоа да е на македонски, албански, турски и други јазици, и секогаш наидуваме на разни преводи, што понекогаш се малку неразбирливи.

Зошто толку различни преводи?

Како одговор сакам да ве вратам во времето на Ибрахим а.с.

Ние знаеме деka Ибрахим а.с. имал два синa, и тоа Исмаил а.с. и Исхак а.с.
Аллах џ.ш. со Неговата неизмерна мудрост кај потомството од Исхак а.с. испраќал

1) многу пејгамбери, од кои некои истовремено биле и кралови, и
2) богатство,

додека пак, кај потомците од Исмаил а.с., ниту пејгамбери ниту богатство.
Дали Аллах џ.ш. им направил неправда на потомците на Исмаил а.с.? Сигурно ќе одговориме со едно големо НЕ. Тоа не му прилеѓа на Господарот на сите светови, бидејќи тој е еднакво милостив кон сите. Па, така Аллах џ.ш. на сметка на пејгамбери и богатство, на потомците од Исмаил а.с. им испраќал истотака богатство, но не материјално, туку јазично богатство.

Самите Арапи, биле толку експерти во нивниот јазик, факт, кој зборува дека имале неколку места во Мекке, каде што се собирале и рецитирале поезија, проза, разни реторички изјави, можеле да рецитираат и по неколку илјадници стихови. Со еден збор, со арапскиот јазик, Аллах џ.ш. им овозможил да бидат најбогатиот народ на Земјата.

Кулминацијата била постигната во времето на Мухаммед а.с., толку им бил обогатен јазикот, што самите Арапи изјавувале вака:

„Кога сите други зборуваат, ние ги разбираме, но кога ние зборуваме никој не не разбира, ние малку зборуваме, а многу кажуваме.“

Малку статистика: стандардниот германски јазик се проценува околу 400.000 зборови. Речникот на медицината изнесува 3 милиони зборови. Сега ве молам, немојте да мислете дека измислувам, еден познат јазичен коментатор на Кур’анот, вели дека во арапскиот јазик има на 40 милиони зборови. ЧУДО! Веднаш штом го прочитав тоа, го прашав еден мој колега, кој воедно е и професор по арапски јазик, кои има магистрирано во Катар, а докторира сега во Албанија. Па го прашав, дали е вистина дека во арапскиот има 40 милиони зборови.
Тој ми одговори: “Па,..., да, навистина има над 40 милиони, но денеска во јазичен сообраќај се САМО 12 милиони.“

Но, и само 12 милиони се многу, замислете 4 пати повеќе од целокупниот речник на медицината.

ИншАллах, во овој форум, ќе почнеме од првиот ајет во Кур’анот па до последниот, јазично да ги објаснеме нивните значења, кои навистина ги има многу.

Ќе анализираме на следниот начин:

Прво, за секој збор ќе ги претставиме сите негови значења, надвор од кур’анскиот контекст.
Второ, граматички ќе дадеме некои информации, и
Трето, различни можни преводи на македонски јазик.

Вел хамдулил-лахи раб-бил аалемин.

http://www.al3arabiya.info

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ЈАЗИЧНА АНАЛИЗА НА КУР’АНСКИОТ ДИСКУРС 201836 ПРЕКРАСНО ОБЈАСНУВАЊЕ Аллах џ.ш дате награди??????

ibn ibrahim

ibn ibrahim
Нови член
Нови член
Оваа прва анализа ќе ја започнеме со првото суре во Кур’анот, кое се вика ел Фатиха. Ова суре има повеќе називи, но тие нема да ги спомнеме овде, бидејќи тоа може опширно да го направиме на друго место односно во друга тема.

Прв дел од анализата:
Зборот фаатихатун – فاتحة, доаѓа од коренот кои ги содржи гласовите/буквите ت, ف и ح. Инаку, треба да знаеме, дека сите зборови во арапскиот јазик се сведуваат на таканаречената „тројка“, што значи коренот на секој арапски збор (не, оние од туѓу потекло) треба да се сведи на три коренски букви.

На пример, зборот китаабун – كتاب, се сведува на коренот од три букви и тоа:
Првата буква е кааф-ун – ك,
Втора буква е таа-ун – ت и
Трета буква е баа-ун – ب.

Овие три букви, кога ќе се спојат линеарно, имаат основно значење: нешто во врска со пишување. Па, така, ако се додаде елиф-ун, како втора буква, после кааф-ун, се добива една форма, или таканаречена мостра или урнек за лице кое ја врши дејноста опишана внатре во глаголот. Редоследот е кааф-ун, елиф-ун, таа-ун и баа-ун.

كاتب = ك + ا + ت + ب = каатибун = лицето кое врши дејноста на пишување

Ако се додаде буквата миим-ун م како прва буква во горниот редослед, кааф-ун, таа-ун и баа-ун, се добива друго значење, и тоа, местото каде што се врши дејноста.

مكتب = م + ك + ت + ب = местото каде што се врши дејноста на пишување.

Коренот на зборот фаатихатун – فاتحة, може да го сведиме на коренската тројка, فتح – фетеха, кое ги има следниве значења, и тоа:

Отвора, објаснува, одобрува, открива, разоткрива, изнесува на видело (тајна, намера), открива/издава (тајна), дава победа, освојува, просудува, проценува, одлучува.

Значи кога ќе ги собереме сите овие значења на зборот фетеха, ќе го разбереме насловот на ова суре. Инаку, овој корен со сите негови форми во Кур’анот е споменат 38 пати.

http://www.al3arabiya.info

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот