1 Сабах - намаз и ноќниот- намаз како лек Пет 29 Окт 2010, 12:36 pm
Dzemal
Брат
Сабах - намаз и ноќниот - намаз како лек
Во книгата „Куќни рецепти и тајни на природното лечење“, која е напишана на англиски јазик од страна на група автори во 1993 година, се наведува: „Станувањето од постела и движење по куќата, како и правење на полесни телесни вежби, како и триење на рацете и нозете со вода и длабоко вдишување, носат многубројни здравствени користи.“
Секој кој ќе размисли за овие совети, ќе воочи дека тие во потполност се сложуваат со земањето абдест и намазот при станување за ноќен намаз. Веровесникот, саллаллаху аелјхи ве селлем, ги претекнал сите овие научни истражувања укажувајќи со зборови за натприродноста на извршување на ноќниот намаз, па вели: „Извршувајте ноќен намаз, бидејќи тоа е карактеристика на добрите луѓе пред вас, убав начин на приближување кон Возвишениот Аллах, тој ги спречува гревовите, причина е за бришење на лоши постапки и отстранува болести од телото.“ (Сахихул-џами’а, 4079)
Како ноќниот намаз ги отстранува болестите од телото? Имено, современата наука го потврдила следното: „Станувањето преку ноќ го намалува лачењето на хормонот кортизол, а посебно пред будење од сонот неколку часа, што временски се совпаѓа со периодот пред настапување на зората (последната третина од ноќта). Тоа го спречува ненадејното зголемување на шеќер во крвта, што е посебна опасност за заболените од дијабетис. Истотака, овој хормон е повод за наглото зголемување на крвниот притисок, кој што води кон мозочен удар и срцеви тегоби, посебно кај болните кои веќе ги чуствуваат овие симптоми.
Истотака, ноќниот намаз ја смалува можноста на згустување на крвта во вените на очните мрежи кои настануваат заради бавниот проток на крвта во текот на спиењето. Истотака, се намалува можноста за тромбоза на крвта заради малото земање на течности или дехидрација или дебелина и тешко дишење, што се го отежнува враќањето на крвта од главата.
Ноќниот намаз, истотака, носи подобрување кај болните од артритис, сеедно било тоа реума или некоја друга слична болест, што доаѓа како резултат на движењето и триењето со вода при земањето абдест.
Ноќниот намаз е успешен лек за она што се нарекува ’хронична исцрпеност’ бидејќи повод е за изедначување на движењата во вид на помало и поумерено напрегање, што покажало свои резултати при лечењето на оваа болест.
Ноќниот намаз го подобрува смалувањето на триглицеридите (еден вид на маснотии), кои се таложат во крвта, кои човекот го изложуваат на опасаност од заболување на крвните садови. Овие маснотии се во 32% случаеви е причина за заболување на крвните садови.
Ноќниот намаз ја намалува опасноста од смрт во сите околности, а посебно смртта која може да биде прдизвикана од инфакт, мозочен удар, како и некои видови тумури. Истотака, ноќниот намаз ја намалува опасноста од ненадејна смрт која доаѓа по повод пореметената работа на срцето. Станувањето во тоа време е повод за дишење на утринскиот воздух кој што знаеме е чист од загадувањата преку ден.
Ноќниот намаз ја активира меморијата на човекот како и разните интелектуални функции на мозокот, бидејќи во ноќниот намаз се учи и размислува за Куранот, се учат дови и се повторува зикр. Ноќниот намаз е причина да се сочуваме од Алзехеимеровата болест, сенилноста, депресиите и др. Истотака, ноќниот намаз ја смалува и спречува болеста на зуење во ушите која почесто настанува од непознати причини.
Стручњаците од „Здружението на кардиолози во Јордан“ потврдиле дека извршувањето на сабах-намазот во неговото одредено време секој ден е најдобриот начин за превенција и лечење од болестите на срцето и атеросклероза, како и болеста на миокардите (мускулното ткиво на срцето) и крвните садови кои можат да бидат причина за мозочен удар. Оваа потврда дошла како резултат на современата научна студија околу болестите на срцето и атеросклерозата која ја направило ова здружение во Јоран. Научните и медицинските истражувања потврдиле дека болеста миокарда на срцето е една од најопасните болести, како и болеста атеросклероза и зачепувањето на крвните садови, чија главна причина е долгиот сон ноќе или преку ден.
Резултатите на овие студии покажале дека, кога човекот спие долго, се намалуваат отчукувањата на срцето и тие не преминуваат повеќе од педесет во минута. Кога отчукувањата на срцето се намалат, крвта далеку побавно тече по крвните садови, а тоа води кон таложење на соли и маснотии на ѕидовите од крвните садови, посебно на оние кои ја пренесуваат крвта кон срцето и од срцето. Тогаш настанува срцев удар, или во потполност се зачепуваат артериите кои ја пренесуваат крвта кон мозокот, што води кон мозочен удар, кој во повеќето случаи е смртоносен.
Резутатите од овие студии посебно нагласиле обврзаност на воздржување од долготраен сон, така што една секванца од сон не би требало да трае повеќе од четири часа – кога што е потребно да се стане и да се спроведе активност во траење од најмалку петнаесет минути, што тоа секојдневно го наоѓаме во извршувањето на сабах-намазот во првите часови од настапот на зората. Намазот најдобро е да се изврши во џамија, односно во џемаат.
Истотака, оваа студија говори и тоа дека муслиманот кој го прекине својот сон и клања сабах-намаз во џемаат остварува многу добра заштита на своето срце и крвните садови, особено ако се земе во предвид тоа дека повеќето луѓе во просек спијат повеќе од осум часа на ден.
__________________