1 Величење на државни знамиња или грб Чет 30 Окт 2014, 1:36 pm
Muwehhid
Модератор
Прашање: Да ли е дозволено стоење пред било кое државно знаме или грб, величејќи ги на тој начин?
Одговор: На муслиманот не му е дозволено да стои пред било какви државни знамиња ниту пак било каков грб, бидејќи тоа е погубно и нова работа во верата која не била за времето на Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, ниту пак била за времето на 4 праведни халифи (владари) - нека е Аллах, џеле шанху, биде задоволен со нив.
Ова дело му нанесува штета на иманот на муслиманот и исто така му нанесува штета на искреното величење (славење) кое мора да биде упатено само на Аллах.
Ова дело е истотака сретсво кое води до ширк, а спаѓа и во опонашување (имитирање) и следење на неверниците во нивните режими и обичаји.
На овој начин со неверниците се споделува (учествува) во нивното претерано величење на поглаварите и водичите. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем, забранил опонашување и следењето на неверниците. Нека е слават и селам на нашиот Пратеник Мухаммед, саллаллаху алјхи ве селлем, неговата фамилија и асхаби.
Фетва од постојаната комисија за фетви и научни студии, стр.149
Обработка: ahlu-sunnah