1 Вистинскиот пат Пон 10 Мар 2014, 1:32 pm
Muwehhid
Модератор
Ес-Сират (пат) е вистински и јасен пат на кој нема враќање, а под тоа се подразбира вера која Аллах му ја објавил на Својот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем, а тоа е “Пат на оние на кои им се смилувал”, а тоа се Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем, и неговите асхаби, а ти на секој рекает го молиш на Аллах да те упати на нивниот пат.
А твојата обврска е да му веруваш на Аллах дека тоа е вистинскиот пат, и сето она што му се спортиставува од патиштата, знаењето или ибадетите не е вистински пат, туку е искривен.
И ова е првата обврска по прашањето на овој ајет, а тоа е верување со срце.
И верникот треба да биде внимателен од шејтанските сплетки, а тоа е да верува генерално, а да го остава индивидуално.
Навистина најголемите кафири меѓу отпадниците верувале дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем, е на вистината (на правиот пат) и дека оној кој што различно работи е во заблуда, па кога ќе дојде со оние што не го сакаа, тогаш како што рекол Аллах Возвишен нека е:
فَرِيقًا كَذَّبُواْ وَفَرِيقًا يَقْتُلُونَ
“Врз едни лага фрлаа, а другите, пак, ги убиваа. (Ел-Маида, 70)
А што се однесува Неговиот говор во превод на значење: “По патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодет, а не по патот на оние врз кои се разлеа омразата и кои во заблуда скршнаа! (Фатиха, 7), оние врз кои ја разлеа неговата лутина (гнев) се научници кои што не работаат спорет она што го знаат, а оние кои што залутале се оние кои работаат без знаење.
Па првото својство се евреите, а второто својство се христијаните. А мнозинството на луѓе, кога во тефсир ќе погледнаат дека Евреите се тие на кои Аллах е лут и дека христијаните се оние кои што залутале, џахилите (незналиците) мислаат дека тоа се однесува само за нив, а тој потврдува дека неговиот Господар го задолжил со обврска да дови со оваа дова (фатиха) и да бара засолниште од тоа да не биде од оние кои се опишани со овие својства.
Па субханАллах, како Аллах не подучува и како за него се одлучува и задолжително му се прави на него постојано дови, со неговото мислење дека за него нема опрост од нив и не мисли дека тој ги работи? Ова е вид на лошо мислење за Аллах. Аллах најдобро знае.
Автор: Шејх Мухаммед бин АбдулВеххаб
Обработка: ahlu-sunnah