1 Заеднички зикр Пет 01 Ное 2013, 3:23 pm
Muwehhid
Модератор
Не е забележан ниту еден сигурен и јасен ривајет (предание, хадис) дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селллем, правел со своите асхаби заеднички џемаатски зикр, ниту било кој друг од најдобрите генерации или од улемата низ една долга серија на изминатите векови.
Шејхул-ислам Ибн Тејмијје, зборувајќи за зикр после намазот, вели: “Нема никој право да воведе нешто од довата и зикрот после намазот освен она што се наведува во Суннетот, бидејќи тоа се смета за воведување на работи во верата (новотарии), а Аллах, џелле шанху тоа не го дозволил.
Заедничкиот зикр е запоставање на Суннетот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем. И всушност се нарушени оние кои што ќе задоцнаат на намазот. Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, тоа строго го забранил.
Не е пренесено во хадисите дека Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, дека ги подигнувал рацете со дова на крајот на намазот. Ги гледаме џемаатлиите изговараат амин со имамот, но не ја слушаат неговата дова а амин се кажува на крај довата кога се знае и се слуша што се дови.
Триење на лицето после довата после намазот исто така не е Суннетот на Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем. А исто така ниту очење на Ел-Фатиха после сето тоа не е забележано во хадиските збирки. Ваквиот зикр во спојување на фарзот и суннетот (пладне, акшам, јација и џумаа –намазот), а Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, тоа го забранил.
Шејхул-Ислам Ибн Тејмијје вели: “Суннет е да се оделаат пропишаните (фарзовите) од доброволните намази (суннетот), бидејќи се пренесува од Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, во исправните (веродостојните) преданиа дека забранил спојување (фарз) намаз со (суннет) намаз, освен ако меѓу нешто се зборува или клањачот помрдне од место. (Извор : Svojstva Poslanikov namaza, str.182)
Муавија, радијаллаху анху, вели дека Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, им наредил да не го спојуваме намазот со друг намаз освен ако меѓу тоа да зборуваме или излеземе. (Муслим,883)
Со оглед на ова, очигледна е грешката на клањачот кој што ги спојува суннетите со селамот фарз-намазот, не земајчи ја во предвид забраната на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем.
Спротивна е праксата на Аллаховиот пратеник, саллаллаху алјхи ве селлем, да се прави зикр зад суннетот, бидејќи во основа тие се клањаат во куќа. Воведување во обичај (традиција) она што не го правел Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, или менување на неговиот Суннет е воведување во верата (правење на новотарии) нешто што во основа не е пропишано, а тоа е забрането.
Пропишано е подигнување на гласот на учење на зикр после фарз-намазот (секој клањач за себеси), според она што е исправно пренесено од Ибн Аббаз, радијаллаху анху, кој што рекол: “ Во времето на Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, луѓето ги подигнувале своите гласови во зикрот после завршување на фарз-намаз. Исто така рекол: “Знаев по тоа- кога ќе го слушнев- дека завршиле со намазот.
(Погледни: Фетви на Постојаната комисија, 7/116)
Извор: Namazu u Islamu
Обработка: Ahlu-sunnah