1 Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, во Библијата Чет 03 Окт 2013, 11:37 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Во Второзаконие (18:17-22) стои:
“(17) Господ ми рече на тоа:'Право рекоа. (18) Ќе им издигнам пророк од среде нивните браќа, каков што си ти. Ќе ги положам своите зборови во неговата уста, за да им каже се што ќе му заповедам. (19) А ако некој не ги послуша моите зборови што ќе ги зборува пророкот во мое име, тој ќе одговара пред мене. (20) А пророкот, кој би се осмелил да зборува нешто во мое име, што јас не сум заповедал да зборува, и кој би зборувал во името на други богови, таквиот пророк нека биде погубен.'(21) Можеби ќе речеш во своето срце: 'Како ќе го препознаеме словото што Господ не го изрекол?'(22) Кога пророкот зборува во името на Господа, па тоа не биде и словото не се исполни, тогаш тоа е зборот што Господ не го кажал. Тој пророк зборуваше во дрскост. Немој да се плашиш од него.”
Оваа радосна вест не се однесува на Јошуа бин Нун 1), како што веруваат евреите, ниту пак на Иса 2) алејхи селам како што мислат христијаните, туку овие зборови се однесуваат на Мухаммед (с.а.в.с.), поради следното:
1. Евреите кои живееле во времето на Иса алејхи селам очекувале да се појави вториот (најавениот) веровесник. И тоа нивно очекување е непобитен доказ дека најавениот веровесник не е Јошуа кој живеел пред тоа во времето на Муса 3) алејхи селам, ниту Иса алејхи селам кој тогаш бил присутен кај нив.
2. Во текстот е употребен изразот “каков што си ти” а Јошуа и Иса алејхи селам не се како Муса алејхи селам, бидејќи тие се од израелскиот народ, а според текстот на Второзаконие (34:10) кај израелскиот народ не се појавил веровесник каков што е Муса алејхи селам со кој Аллах, без посредник, зборувал, кого пратил со посебна Книга и нов закон во кој се собрани наредби, прописи за казнување, халал и харам 4), бањање, чистење и друго.
И додека Јошуа и Иса алејхи селам го следеле неговиот закон, тој во својот народ бил водач кому му се покорувале и кој лично ги извршувал казните и над нив владеел. Меѓутоа, со Иса алејхи селам тоа не е случај; бидејќи неговата книга Инџил 1) не содржи прописи и закони, а неговиот народ не му бил покорен. Напротив, евреите, според верувањето на христијаните, откако го навредувале и прогонувале во лага, го убиле со распнување. Така помеѓу него и Муса алејхи селам не постои голема сличност.
3. Во овој текст постои изразот “среде нивните браќа”, а во некои преданија “од средниот слој на нивните браќа”.
Дванаесетте израелски племиња, несомнено, живееле во тоа време со Муса алејхи селам, и ако најавениот веровесник бил од еврејскиот народ би се рекло: “од нив”, или “помеѓу нив”, или “еден од нив”, или “од нивното поколение”. Јошуа и Иса алејхи селам водат потекло од Ја'куб 2) ибн Исхак ибн Ибрахим 3) алејхи селам, што значи дека му припаѓаат на еврејскиот народ, па оваа радосна најава, за веровесник, не се однесува на нив. Тука, под изразот “браќа” се мисли на поколенијата на Исмаил ибн Ибрахим алејхи селам, бидејќи во Тевратот, со изразот “браќа” се ословуваат потомците на Исмаил и Исхак.
Во Битие (16:12) за Исмаил се вели:
“... И тој ќе живее, во близината на сите свои браќа.”
Исто така во Битие (25:18):
“Се населија незвисно4 од своите браќа”.
И бидејќи Мухаммед (с.а.в.с.) води потекло од Исмаиловите поколенија, браќата на Исраиловите синови, оваа радосна вест, несомнено, се однесува на него.
4. Оваа радосна најава е искажана во идно време, бидејќи зборовите “Ќе им издигнам пророк” укажуваат на идно време, па неможат да се однесуваат на Мусаовото алејхи селам момче Јошуа кој всушност живеел во тоа време и бил еден од Израелците.
5. Зборовите: “Ќе ги положам своите зборови во неговата уста” наведени во оваа радосна вест, алудидират на тоа дека на тој најавен веровесник ќе му слезе објава и дека нема да знае да чита ниту да пишува, туку само Аллаховиот говор кој му се објавува ќе го запаметува во својот ум и ќе го всади во своето срце и ќе го пренесува. Затоа, оваа најва не може да се однесува на Јошуа кому објава никогаш не му слегла и кој Тевратот само го читал, но не го пренесувал со помнење.
------------------------------------
1) Христијански Исус Навин.
2) Христијански Исус (од назарет).
3) Христијански Мојсеј.
4) Халал е она што Возвишениот Аллах и неговиот Пратеник (с.а.в.с.) го дозволиле, а харам сето она што строго го забраниле.
1) Евангелие, но не според Марко, Матеј, Лука и Јован, туку книга од Аллах на Исус (Инџил).
2) Јаков.
3) Авраам.
4) Во некои верзии на библијата од 1844 гогина и пред неа, на местото на зборот “независно” стои “наспроти” (доказ за корекција).
-------------------------------------
Скратена верзија на книгата “Триумф на вистината, Ибн Халил ел Хинди, стр. 184-185
Обработка: Ahlu-Sunnah