1 НАС ДОВОЛЕН НИ Е САМО АЛЛАХ, ТОЈ НАВИСТИНА Е ПРЕКРАСЕН ЗАШТИТНИК.” Пон 22 Jул 2013, 2:29 pm
Muwehhid
Модератор
Само на Аллах се потпираме.Нему сите работи му се враќаат. Целосно сме убедени во Неговото ветување, задоволни со Неговата одредба.За Него најубави мисли имаме, спас само од Него очекуваме. Човечко потпирање на Господарот во секој ситуација, верување во добар завршеток(крај), една од најубавите особини на верникот и еден од највозвишените плодови на верувањето.
Со овие чуства верникот е секогаш свесен дека има Заштитник, некој кој што се грижи за него, на кого се потпира, помага и бодри.
Кога Ибрахим, алејхи селам, е фрлен во оган, рекол: “Аллах ние е Доволен. Е, само каков Закрилник е Он!” Поради таквиот негов чин Аллах оганот го направил ладен и безопасен. Кога Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем и неговите асхаби се сочиле со многубројна, подобро опремена и јака војска од неверниците, сите тогаш повикале:
“Аллах ние е Доволен. Е, само каков Закрилник е Он! Па, се опсипаа со бериќетот и добрината Аллахова; злото не ги допре. Го следеа задоволството Аллахово. А Аллах поседува добрина голема. (Али Имран 173-174)
Самиот човек не може да се справи и да се бори против случувањата, спротиставувајчи се и отфрлајќи ја на темнината(злото), бидејќи тој е слбо и немоќно створеније. Тоа може да се промени само кога ќе се потпри на својот Господар, убеден да е Тој негов заштитник и кога ќе му се довери на Аллах.
Знај дека тајната на успехот на сиромавиот и немоќниот роб на чии рамена се ставени сите проблеми и несреќа лежи во куранските зборови: “ Па, врз Аллах нека се порпираат верниците! (Али имран 122)
Оној која сака посакува себеси добро нека се потпри на Силниот, Моќниот Господар кој се поседува. Тоа ќе го спасни од несреќи и ќе го спаси од очај(тага).
Затоа, нека вашиот слоган биде: “ДОВОЛЕН НИ Е САМО АЛЛАХ, ТОЈ НАВИСТИНА Е ПРЕКРАСЕН ЗАШТИТНИК.”
Доста ти е што во Господарот твој имаш упатувач и поддржник. (Ел-Фуркан 31)
Шејх Аид ел-Карани
Обработка: Ahlu-sunnah