1 СУННЕТИ НА ПОСТОТ Пет 05 Jул 2013, 12:18 am
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Мислостивиот, Сомилосниот!
Во суннетите на постот влегуваат десет нешта:
1. Сехур (Сифир). Во Бухари и Муслим стои: „Станете на сифир бидејќи во него е благослов.“
2. Забрзување со ифтарот и одложување на сифирот до последните моменти.
3. Да се ифтари со свежи или суви урми.
4. Покана на постачите на ифтар, бидејќи во тоа е секое добро, а и дова на мелеките и постигнување награди.
5. Добро снабдување, доброчинство, послушност, учење Кур’ан, добри дела, бидејќи добрите дела во месецот рамазан се двојно повеќе во однос на другите месеци. Во Сахих-Бухари стои: „Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, беше најдарежлив во рамазан.“
6. Постачот е должен да ги чува своите органи од безделничење и невистини. Суннет е да се каже на оној кој го навредува додека пости:„Јас постам.“
7. Ифтарска дова. Суннет е да се каже во прилика на ифтарот: „Аллаху, за Тебе постив и со Твоја снабдувачка ифтарисувам. Возвишен нека Си и благодарност нека ти е. Аллаху, прими од мене бидејќи Ти си оној кој се слуша и се знае.“
8. И’тикаф. Тој е еден од темелните суннети на постот, а се гледа во постојан престој поради покорност на Аллах џелле шанух. Во хадисот стои: “Аллаховиот Пратеник саллАллаху алејхи ве селлем, десетте последни денови ге поминуваше во и’тикафу се додека Аллах не го усмртил, а позади него во и’тикафу престојуваа неговите жени.“ (Муттефекун алејхи)
Услов е и’тикаф да се извршува во џамија во кои редовно се клањаат заедничките намази, потоа да не постои потреба за капење, а потребно е претходно да се донесе нијјет. И’тикаф се рсипува со неоправдано излегање од џамија или со нијјет на излегување дури и ако не излезе, како и сполниот однос или ејакулацијата. Возвишениот вели:

“А ако сте во И’тикаф по џамиите, тогаш, не ви е дозволено да легнете со жените ваши.“ (Ел Бекаре, 187)
И’тикаф не се расипува поради голема и мала нужда или целосна обврска на чистота, или излегување поради носење на јадење или пиење. Меѓутоа, нема никого да посетува ниту ќе се интересира со нешто друго покрај и’тикафа.
9. Теравих намаз. Теравих намаз е суннет поради што повеќето клањаат во рамазан и вложуваат труд во последните десет дена во барањето на ноќта Кадар. Во Сахидул-Бухари се вели: “Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, кога ќе се појавија последните десет дена од рамазан се воздржувал од сексуален однос, цел ноќ бил разбуден и го станувал на своето семејство. Лејлетул-кадр према преданијата е веројатно во последните десет дена од рамазан, а најпотврдената е дваесет и седмата ноќ. Суннет е во таа ноќ да се кажува: “Аллаху, Ти опростуваш, сакаш да опростуваш, па , опрости ми мене”10. Пожелно е да се учат што повеќе дови во рамазан, бидејќи стихот на довата дојде на крајот од стиховите на постот. Возвишениот вели:
[b style="color: rgb(51, 51, 51); "]“И кога ќе те прашаат робовите Мои за Мене па, Јас сум, навистина, блиску. И се оѕвивам на довата на молителот кога ќе Ме замоли. Па, нека ми се оѕвијат, и нека во Мене веруваат за да бидат упатени.“ (Ел Бекаре, 186)[/b]
Овој ајет поттикнува на вложување труд во учење на дова кога ќе се потполни број и прилика на секој ифтар.
Автор: Абдуррахман б. Абдулкерим ел-УбејјидОд книгата: Начела на исламско живеење-современ пристап на исламското верување, на шеријатските прописи и моралните норми
Превод и обработка: Ahlu-Sunnah