Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.

Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 178 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 178 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
Display results as :
 
Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  Vote_lcapПрописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  Voting_barПрописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  Vote_rcap 
LAUTKA (1011)

Muwehhid (937)

Келиметул-Хакк (594)

Muslima4Islam (589)

Abu Al-Amin (479)

Al-Ghuraba (360)

Monoteizam (343)

muharem fazli (323)

Haqq (253)

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем
Прописот на прославување на мевлудот – роденденот на Пратеникот, салаллаху  820124

Запрашан е почитуваниот и истакнат научник Шејх Мухаммед ибн Салих ел - Усејмин за прописот на прославување на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден ( мевлуд), и тој, Аллах да му се смилува одговори: “Благодарноста му припаѓа само на Аллах, Господарот на световите, и нека е салават и селам на нашиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем , неговото семејство, неговите асхаби, табиини, и сите оние кои го следат на тој пат се до Судниот ден.
Прославата на роденденот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, не била позната во исламскиот уммет, се до четвртиот х.џ. век, т.е. не била позната во времето на асхабите, табиините и таби табиините. Со оглед на тоа, неопходно е да се разјаснат две работи:

1- Историското утврдување на роденденот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем.
Пред се треба да се знае дека не е утврден точно датумот на Пратениковото,салаллаху алејхи ве селлем, раѓање, т.е. дека тоа е 12 ребиул еввел затоа што по тоа прашање историчарите се разминуваат. Некои од нив наведуваат дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем е роден на 9-ти ребиул еввел а не на 12-ти. Врз основа на ова не можеме со прецизност да кажеме дека Пратеникот е роден на 12-ти ребиул еввел.

2- Доколку точно го утврдиме денот на Пратениковото раѓање дали тогаш можеме да кажеме дека исламски е пропишана прославата на тој ден и дали посебно во тој ден треба да се учи посебен зикр и да се носат салавати на Пратенико,салаллаху алејхи ве селлем?
А можеби и за време на овој зикр како и на гозбата во тој ден доаѓа до мешање на мажите и жените и пеење на касиди во кои се наведуваат претерани пофалби на Пратеникот,салаллаху алејхи ве селлем (т.е. на Пратеникот му се припишуваат особини кои му прпаѓаат само на Аллах азе ве џеле. Секако нема сомнеж дека Аллах азе ве џеле, како ни неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, не е задоволен во претераното фалење на Пратеникот, с.а.в.с. и негово опишување со особини кои му доликуваат само на Аллах,субханеху ве те’ала.

За да ја утврдиме исправноста на прославата на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден ( мевлуд) потребен ни е шеријатски доказ , а тој се зема од Куранот или од суннетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, или од праксата на асхабите радијаллаху анху. Меѓутоа, во овој случај доказ кој би ни укажал за прослава на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден не постои ниту во Аллаховата Книга ниту во суннетот на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, ниту во праксата на асхабите.
Аллаховиот Пртеник, салаллаху алејхи ве селлем, е прашан за постот во понеделник, па им одговорил: “Во тој ден сум роден и во тој ден е спуштена објавата.“ (Муслим)
Овој хадис не е доказ за прославување на Пратениковиот саллаху алејхи ве селлем, роденден, во месецот ребиул еввел, тулку укажува на вредноста на постот во понеделник, во кој Пратеникот,салаллаху алејхи ве селлем е роден и почестен со објавата.
Потоа, денот на Пратениковото, салаллаху алејхи ве селлем, раѓање, т.е. понеделник не се одликува со ништо друго освен по она што е спомнато во хадисот а тоа е вредноста на постот во него.

Значи, ниту во Куранот, ниту во суннетот , ниту во праксата на асхабите не постои доказ за прославување на Пратениковиот салаллаху алејхи ве селлем, роденден, што значи дека тој чин е новотарија. Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, не предупредил на новотариите во својата худба на денот на Џума, каде рекол: “Најдобриот говор е Аллаховата Книга, најдоброто упатство е Мухаммедовото упатство, а најлоши работи се новотариите во верата а секоја новотарија е заблуда.“

Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, поставил општи критериуми за сите новотарии и јасно рекол дека: “секоја новотарија“ е заблуда и не направил исклучок поврзан за новотариите (т.е. не рекол постојат убави новотарии) Познато е дека заблудата го одалечува човекот од неговиот Господар и укажува на слабоста на неговото убедување и слабоста на неговата вера. Отука да се запрашаме: Зошто ни е прославување на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден?

Дали е тоа начин на изразување на љубов кон Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, или е тоа негово величење ? Дали е тоа всушност поистоветување со христијаните кои го земале за празник раѓањето на Иса, алејхи селам?

Ако целта на прославата на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден, е начин на изразување на љубов кон него и негово величење навистина ние не го сакаме Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, повеќе отколку што го сакале Ебу Бекр, Омер, Осман и останатите асхаби радијаллаху анху, а тие не го прославувале Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден.

А ако сакаме да се поистоветиме со христијаните, а не треба да се поистоветуваме со нив во ибадетите затоа што Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем , рекол: “Кој се поистоветува со некој народ тој е еден од нив“ ( Ахмед)
Потоа им велиме на оние кои ја внесиле оваа новотарија: “Дали Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, знаел дека неговиот роденден треба да се прославува?“ Ако одговорат: „НЕ“, тогаш излегува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, не бил во потполност запознат со Аллаховиот шеријат! Ако одговорат: “ДА“ тоа значи дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, сокрил нешто од Аллаховиот шеријат и не им го доставил на луѓето во потполност?!
Аллаховиот, Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, нема никаква врска со овие две претпоставки.
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, бил најучениот во Аллаховата вера и тој е првиот кој во пракса го спроведил Аллаховиот шеријат; Тој грижливо го доставил упатството на човештвото и во потполност им го доставил на луѓето она што му е објавено.

Врз основа на наведеното, можеме да заклучиме дека во Пратениковиот, салалааху алејхи ве селлем,суннет не постои ништо што упатува на пропишаност на прославувањето на неговиот роденден. Со ова докажуваме дека прославувањето на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден е грешка од аспект на историјата со самото земање на овој датум за ден на Пратениковото, салаллаху алејхи ве селлем, раѓање ( т.е. 12- ти ребиул еввел), а исто така е грешка и од аспект на шеријатот затоа што тоа е новотарија и не го пропишал Аллах азе ве џелле, ниту тоа го рекол Неговиот Пратеник, ниту го практикувале праведните халифи ( Ебу Бекр, Омер, Осман и Алија ), ниту и останатите асхаби и табиини, а ниту оние кои ги следеле во 2 и 3 век.
Навистина прославувањето на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден (Мевлуд) е чин кој му носи на човекот слабост, па така можеме да видиме дека многумина го прославуваат, а слаби се во практикувањето на останатите суннети потврдени од Куранот и хадисите, што укажува на предзнаци за лоша завршница на новотарите. Имено, новотарите се активни во извршување на новотариите но затоа слабеат и се неактивни во многу потврдени суннети на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем.

Ако некој би ни рекол: “Јас го прославувам роденденот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, за да ги потсетам луѓето на Аллаховата милост“, ќе му одговориме: “ Самото раѓање не претставува милост како што тоа претставува пратеништвото и спуштањето на објавата како што Возвишениот Аллах вели: „Аллах со милоста Своја ги даруваше верниците, кога еден од нив како Пратеник им го прати, Неговите зборови да им ги кажува, да ги очисти и за Книгата и мудроста да ги научи, иако претходно во очигледна заблуда беа! ( 3 :164). Во овој Ајет не ни е кажано: “Со милоста Своја ги даруваше кога се роди пратеникот.“

И кога би го гледале спуштањето на Аллаховата милост поважно би ни било да го прославуваме денот на спуштањето на првата објава затоа што во тој ден Аллах ја спушта Својата милост и на Мухаммед, салаллаху алејхи ве селлем, кој пред тоа не бил ниту веровесник ниту пратеник ниту пак бил запознаен со ајетите. И милоста укажана со пратеништвото на Мухаммед, салаллаху алејхи ве селлем, е поголема од неговото раѓање па и покрај тоа не е пропишано прославување на тој ден.

Ако некој ни рече: “Прославувањето на Пратениковиот, салаллаху алејхи ве селлем, роденден е метод за повикување во Аллховата вера ќе им одговориме: “Како може новотаријата да биде метод за повикување во Аллаховата вера кога Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, рекол... секоја новотарија е заблуда.“ Значи, заблудата не може да биде ниту сретство ниту начин за повикување на Вистинскиот пат. А методи и сретства за повикување во Аллаховата вера има многу, така да овој начин по пат на новотарија е непотребен.

На крај ги советуваме муслиманите и муслиманките да водат сметка околу практикувањето на потврдените суннети на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, и да го остават сето она што нема подлога во Куранот и суннетот и праксата на асхабите . Аллаховиот Пратеник, саллаху алејхи ве селлем, не оставил ни најмала работа која е потребна на нашиот уммет, а да не дал објаснување. Ако прославувањето на Пратениковиот,салаллаху алејхи ве селлем, роденден е пропишано , Пратеникот, салллаху алејхи ве селлем, ќе не известеше за тоа и тоа ќе го правеа и неговите праведни халифи, останатите асхаби и оние кои ги следеле во правење на добри дела.

Преведено од:Минбер.ба...

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот