1 Aллаховото истива (воздигање) над Аршот Вто 02 Апр 2013, 12:37 am
Muaz al Islam
Модератор
Аллаховото истива (воздигање) над Аршот
Зборот истива во јазикот се користи за различни значења, а сите тие значења се во смисол на „комплетност“ или „завршеток“.
Во Куранот се користи на три различни начини:
1.Самостојно како во ајетот
„Кога тој се опаша со сила и стаса(истева) ..(Превод на значење на Ел Касас, 14)
Во смисол стана комплетен, израсна/стаса.
2. Да се употреби со честичката „ила“ односно кон-спрема, како во ајетот:
„..потоа се истева ила(воздигнал према) небото...“(Превод на значење на Ел Бекаре, 29)
Во значење на намера или желба.
3.Да се употреби заедно со честичката„ала“(над, изнад) како во ајетот:
„Илтестеву ‘ала* (да се подигне на) нивните грбови..(Ез Зухруф, 13)
Во значење да се подигне, качи .
Така значењето на Аллаховото истива над Аршот:„Воздигање над Аршот и сместување над него е во смисол како што Нему, Возвишениот и Величествениот Му доликува.
Тоа е едно од сифатите филије(Аллаховите својства на делата) кои се докажани во:
Од Куранските докази се Аллаховите зборови:
Семилосниот кој над Аршот се воздигнал. (превод на значење Таха, 5)
Од доказте на суннетот е она што го забележал Ел Хилал во својата книга Ес Сунне со веродостоен ланец на преносителипрема условите на Бухарија, каде Ебу Катаде ен Нуман кажал:
„Го слушнав Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, да каже:
„Кога Аллах завршил со создавањето на своите суштества, Тој се истева ала(возвишил над) Аршот.“
Ехли суннетот едногласно се сложил на верувањето дека Аллах е над Аршот и ниеден од нив никогаш не го рекол спротивното. Не е можно да некој пренесе нешто такво од нив, ниту таков говор, ниту во тоа значење кое е спротивно.
Еден човек му кажал на Имам Малик
„Оооо Ебу Абдуллах „Семилосниот кој над Аршот се возвишил“(Таха, 5)
Па како се Возвишил Аллах:
Имам Малик ја спушти главата се додека не почна да се поти, па кажа:
„Истива (воздигањето) е познато, каквотијата не е позната, верувањето во тоа е ваџиб(обврзително), а прашањето како тоа било е новотарија и јас гледам дека ти си новотар!“
После одговорот тој наредил овој човек да се исфрли надвор.
Тоа што рекол дека „каквотијата не е позната“ значи дека со нашиот разум неможеме да ја опишеме каквотијаата на Аллаховото воздигање над Неговиот Арш. Поради тоа треба да се воздржиме од таков говор.
Ако некој би кажал:
„Ако значењето на Аллаховото истива над Неговиот Арш тоа значи или дека Аллах е поголем од Аршот или дека е помал или дека е ист. Со ова Тој мора да има џисм(тело) а тоа е невозможно“
Одговорот е без сомнеж дека Аллах е поголем од Аршот и од било што постои. Но ова не укажува на ниеден неисправен заклучок, од кои Аллах е чист.
Што се однесува до тоа да е невозможно да Аллах има џисм(тело), тогаш мора да се знае дека таков говор или припишување тело на Аллах - новотарија, и тоа не е пренесено ниту во Куранот, ниту во суннетот или во изјавите на селефот. Тоа е широк поим кој изискува појаснување.
Ако се каже:
„Ако го појасниш Аллаховото воздигање над Неговиот Арш како Воздигање над, тогаш тоа дава впечаток дека Тој има потреба да се подигне Себе си или потпре?!
Одговор на ова би бил, секој кој е свестен на Аллаховата големина, совршеност и Негова моќ, Негова сила, и независност од било кој, тогаш нема ни да му падне на памет дека на Аллах Му треба Арш за да истиот го подржи. Како тоа да биде кога Аршот и се што е создадено зависи од Него и нема подршка ниту издржување на создаденото освен од Него.
„И еден од знаците Негови е што небото и Земјата постојат со волјата Негова..“(Ер Рум, 25)
Ако се запраша дали е дозволено искривувањето наместо истива да се користи истила(загосподарил) како што муатилите го појаснуваат за да избегнат „погрешно“ разбирање“?
Тоа не е дозволено и еве го доказот:
Засновано е на погрешно разбирање и не е реално разбирање земено од куранот и Суннетот.
Потоа не е ни иџма на селефот и не е дозволено да се каже:
Аллах истива на земјата и други слични изјави од кои Аллах е чист.
Кога би било Аллах истила(загосподарил) со Аршот тогаш значи дека во Тој момент загосподарил со Аршот, како да не било така во почетната односно првата позиција на Господарство.
Ваквото толкување на арапски јазик е непознато и е лага и затоа неможе да се толкува на тој начин.
Тие што тоа го прават сметаат дека истила е метафоричко значење, но тоа сепак не е исправно бидејќи : не му дава реално значење, метафоричкото значење се однесува само на јазичен смисол, мора да се изнесе доказ на што се однесува таа метафора.
Превземено од книгата: „Хамевија“ од Ибн Тејмие
Превземено: Повик Кон Вистината
[You must be registered and logged in to see this link.]

- Куран
- Суннет
- 3. Консензус

- Ако за џисм се мисли на нешто составено или подржано и потребно нешто едно од друго тогаш тоа се отфрла од Вечниот, Самоопстојниот и Оној кој не зависи од никого.
- Доколку со то се мисли на нешто што доликува на Него, тогаш тоа не се отфрла, бидејќи Аллах не зависи од никого и опишан е со својства совршени кои му доликуваат.