Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Сласта на интимата во првата брачна ноќ EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 56 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 56 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 
Haqq (253)
Сласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_lcapСласта на интимата во првата брачна ноќ Voting_barСласта на интимата во првата брачна ноќ Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор

Сласта на интимата во првата брачна ноќ



Свадбената веселба помина, гостите се разотидоа, а ноќта сеуште трае.
Младоженецот и невестата се сами. Вообичаено во тие моменти и двајцата
се срамат поради случувањата што допрва треба да следуваат. Се радуваат
но и се срамат. Често пати младенците знаат да посакаат веселбатa да
потрае подолго, со што, од и за нив непознати причини, би се одложило
останувањето насамо. Тешко е да се навикнеш на друга личност.

Уште потешко е да се биде воздржан кон него, иако и душата и срцето го
посакуваат. Токму поради специфичноста на првата брачна ноќ пред
интимниот однос се препорачуваат одредени предритуали за опуштање,
привикнување на партнерите, разбивање на предрасудите околу половиот
однос, како и еден вид на подготовка за моментот кој што повеќето на
младите најмногу ги мотивира за стапување во брак.

Подготвување

Пред се треба да се има јасна представа за половиот однос. Возвишениот
Аллах во секоја личност вградил потреба за секс како што ја всадил и
потребата за храна и пијалоци. Извршувањето на сексот е природен чин,
дар од Аллах. Господарот на световите го направил сладок и привлечен
поради што човекот во него ужива. Жената е симбол на привлечност и вечен
поим на неодгатливоста. Нејзината магија е интересна и мажот во неа
потполно ужива тогаш кога до нив тешко доаѓа. Поради тоа лесно
достапната жена ја губи убавината и магијата и се случува да биде
предмет на кракотрајно и привремено уживање по кое што мажот има
повторно потреба за потрага. Едноставно, тој има пореба за нешто што
тешко се освојува.

Во таа смисла и првата брачна ноќ треба да се претвори во еден вид на
кулминација на човековото чекање на овој среќен момент. Тој тогаш треба
да дознае и почуствува зошто се исплатило да се воздржува и да чека. Тој
треба да ја доживее смислата за чување од гревот кога ќе се препушти на
легалното телесно уживање. Во спротивно, доколку првата брачна ноќ не
ја доживеат како нешто што се доживува по долг, тежок и напорен труд,
извесно е дека ќе се разочараат поради што во самиот почеток на бракот
ќе бидат несреќни.

Прва брачна ноќ – награда за трпеливите

Кога се работи за жената, таа исто така мора да почуствува дека е
посакувана од својот маж. Мора да го доживее неговото внимание и
неговата нежност. Мора да биде целосно смирена и препуштена на водењето
на чувствата. Поради тоа се препорачува одбегнување на брзањето. Таа ноќ
мора да биде подолга од останатите ноќи кои следуваат. Затоа и свадбата
мора кратко да трае за да се има време за првата интима. Затоа е
најдобро младенците да останат сами во куќа со што во целост би се
препуштиле на интимата и романтиката. Многу е важно првата ноќ да се
доживее природно и да се направи таа да остане убава во трајното
сеќавање.

Дека Исламот многу внимание посветува на смирувањето на душата и телото и на предигрите зборува и следниот хадис: „Кога
некој од вас ќе се ожени, нека ја стави раката на предниот дел од
главата на невестата, нека го спомне името на Возвишениот Аллах а потоа
нека замоли за благослов со зборовите:
’Аллаху мој, те молам да
ми подариш секое добро во мојата сопруга како и добро во она во она во
што таа по природа е наклонета.’“
(Ел Бухари и Ебу Давуд)

Најдолга ноќ во животот


Може ли нешто да го смири моминското срце од повикувањето на името на
Оној Кој го створи тоа срце? Кој друг освен Аллах може да внесе бериќет
во животот на младенците и кој може да ги направи драги и убави еден на
друг. Од бериќетот во првата брачна ноќ зависи бериќетот низ целиот
живот. Поради тоа се спомнува името на Аллах. „А срцата навистина, кога Аллах ќе се спомне, се смируваат. “ (Ер Рад, 28)

Првиот допир на телата е допир кој што останува во трајното сеќавање на
младенците. Поради тоа се препорачува тој да биде со Аллаховото име со
што бериќетот на Неговото име би влегол во душата и срцето и би ги
направил подраги допирите на мажот и жената. Во спротивно, првиот допир
може да биде опасен и да доведе до одредена аверзија кон личноста која
го прави.

Дали е потребно да се има сексуален однос во првата брачна ноќ по венчавката, или тој може да биде одложен?

Што се однесува до шеријатот, не е ниту задолжително ниту пак забрането
тоа да се направи во првата ноќ. Тоа е лична одлука која ја носи новиот
брачен пар. Сепак, младоженецот треба да ги уважи чувствата на својата
невеста; на крај краишта, за неа и тој и околината се целосно нови.

По смирувањето и навикнувањето на младенците еден на друг, а пред првиот
полов однос се препорачува клањање на два реката и дова по намазот.
Асхабот на Аллаховиот Пратеник, а.с.,Абдуллах ибн Месуд, р.а., рекол: „Кога
ќе ја донесеш младата во својата куќа (првата брачна ноќ), таа за тебе
нека клања два рекати, а ти кажи: ’Аллаху мој, благо слови не еден со
друг. Аллаху мој, состави не во добро, а ако дојде до развод, овозможи
ни хаирли да се разведеме.’“
(Ибн Ебу Шејбе)

Значи, намаз па дури потоа полов однос.

Сите овие ритуали имаат за цел да се смири и подготви брачниот другар
кој што, се разбира, е вознемирен бидејќи во своето крило треба да се
прими туѓо тело. На тоа тело треба да се навикне. Интимниот однос да се
доживее и да биде убав потребно е се од себе да се направи младенците да
бидат смирени. Возвишениот Аллах вели: „И еден од доказите Негови е
тоа што за вас, од видот ваш, создава жени за покрај нив да се смирите, и
тоа што помеѓу вас создава љубов и сомилост. Во тоа навистина има знаци
за луѓето што размислуваат.“
(Eр Рум, 21) Значи, душевен и телесен
мир се цел која што треба да се постигне со соединувањето на две млади
лица. Намазот пред првиот полов однос е идеално средство за постигнување
на мирот. Освен тоа намазот има за цел да се постигне бериќет со кој
што младоженецот и невестата го започнуваат својот живот. Тој во идниот
нивен живот ќе има пресудна улога и кога се работи за деца и кога се
работи за имот и кога се работи за слогата во брачниот живот. По намазот
се учи дова во која што се моли Возвишениот за добра сопруга и за слога
во животот. Па и ако се случи непосакуван развод, и тој како таков да
се одвива во хаирли атмосфера.

Пред половиот однос сопругот ќе зборува со својата сопруга, ќе и
искажува зборови на љубов и ќе се обиде да биде романтичен, со што тој
момент би го направил што попријатен и поинтимен. Зборови на љубов,
пријатен разговор и пред се опуштена атмосфера прават брачните другари
да почуствуваат наплив на страст во своите тела.

Добро е да при разговорот меѓусебно да се почестуваат со храна и
пијалоци и при тоа, како Пратеникот, саллаллаху алајхи ве селлем и Аиша
р.а. да пијат од иста чаша. Таа вели: „Му ја давав чашата на
Пратеникот, с.а.в.с., а тој своите уни ќе ги тавеше на метото каде беа
моите уни, а потоа пиеше. Со своите усни земав месо од Пратениковата
уста, а потоа ги приближував до усните на Пратеникот, с.а.в.с. Тој ги
потпираше своите усни на моите и со забите земаше парче месо од моите
усни“
.Ова е пример на романтика и пријатна атмосфера.

По загревањето на атмосферата и разгорувањето на страстите младенците
приоѓаат со симнување на облеката со што се олеснуваат и движењата на
телата и се зголемува уживањето. Убаво е младоженецот полека да ја
симнува облеката на својата невеста и да не постапува со неа како
насилник кој што неможе да чека додека жената да се соблече. Поради
специфичниот момент и поради евентуална срамежливост на невестата, убаво
е првото соблекување да се направи под прекривката со што би се
намалила непријатноста во ситуацијата. „Возвишениот Аллах е скрамежлив и криен и затоа cака срамежливост и криење.“ (Ебу Давуд)

Телесна предигра

Мажот обично заборава дека жената е создадена со исти желби и барања
како и тој самиот. Судејќи според овој факт Исламот става акцент на
предиграта. Половиот однос без предигра се изедначува со крутост.
Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Тројца луѓе се окрутни... третиот е оној кој има однос со сопругата без предигра“.
И сексуалната желба и срамот се тука сместени поради навистина одредена
причина. Сексуалната желба треба да биде нескротлива, токму така –
нескротлива, кога е жената со својот сопруг. А кога е во друштво на
други таа мора да биде заштитена со срам.

Бакнувањето, прегрнувањето, галењето и слични работи ги подготвуваат
како жената така и мажот полесно да го поднесат напливот на страст и
подобро да го доживеат оргазмот кој што ќе следи како кулминација на
нивниот прв сексуален чин. Најлошо што може да се случи на еден млад
брачен пар е грубо и без предигра приоѓање на сопругата како што им се
случувало на нашите дамнешни предци. Верувале дека жената како и тие, е
подготвена за половиот акт. Поради тоа често од нивните усти ќе слушнеме
како оваа денешна младина многу одолговлекува во некакви загревања, што
е секако, нивна заблуда по ова прашање. Голем број на жени засекогаш
добиле трауми од првата брачна ноќ. Голем број на жени го замразиле
половиот однос и никогаш повеќе не го посакале. Рекле тогаш: „Ако е
таков половиот однос и кај другите, тогаш тој воопшто не ни е потребен“.
Ова беше нивната заблуда околу љубовта и сексуалниот чин. Недоволна
образованост по ова прашање во семејството и друштвото, руралниот и
селски живот и недоволна информираност за хадисите на Пратеникот
с.а.в.с., кои зборуваат за љубовта во неговата куќа важно влијаеле на
ваквиот однос кон половиот акт.

Од таквото сваќање се родил “сељачкиот“ груб однос кон жената и
предрасудите за неа како “предмет на машкото задоволство“. Пратеникот
с.а.в.с. во еден хадис вели: „Кога и приоѓате на жената немојте да
паѓате врз неа како што тоа го прави животното. Меѓу вас нека има
посредник. Некој го прашал: ’А каков посредник’? Пратеникот, с.а.в.с.,
одговорил: ’Бакнежи и разговор’“.
(Ед – Дејлеми, Муснедул – фирдевс)

Половиот однос со сопругата без претходна предигра, без разговор,
бакнежи и допири, е доказ дека мажот од неа само сака да му помогне тој
да се ослободи што е препознатливо за себичните лица.
Мажот и жената треба да се чувствуваат целосно слободно кога ќе дојде до
меѓусебна стимулација која е позната како предигра. Според исламското
учење, не е грев жената да биде активна во текот на интимниот однос. Тоа
се разликува од сексуалниот морал на христијанскиот западен свет во
периодот пред сексуалната револуција. Расел вели, „Жените на Запад кои
припаѓаат на една или две генерации наназад, можат да се сетат како
нивните мајки ги опоменуваа дека сексуалниот однос бил една непријатна
должност која што ја должеле на своите мажи, и дека требало „мирно да
лежат и да мислат на Англија“.“(Sex and Destiny, стр. 94.). Што друго
освен сексуален револт и настраност можел да донесе таквиот морал?

Најтрагично во сето ова е што голем број на муслимани од овие наши
краишта и по ова сознание за оргазмот и техниките на интимните односи ќе
учат од телевизија и интернет гледајќи грешни сцени, наместо тоа да го
направат од хадисот и примерот на учителот на сите времиња, Пратеникот
с.а.в.с.
Како да на дерсовите и собирите е поголем грев да се зборува за овие работи отколку да се гледаат порно филмови.
Велат, кога гледаш филм, никој не те гледа, а кога јавно за тоа се
зборува, срамот ги опфаќа присутните. И така имаме случај каде нашиот
народ се срами да зборува за тоа, а не се срами неморалните работи да ги
прави. Апсурд до апсурд.

Стимулација во предиграта

Што се однесува до методите на меѓусебна стимулација во предиграта,
шеријатот дозволува и на мажот и на жената да видат, бакнат, допрат,
мирисаат или стимулираат било кој дел на телото на партнерот. Според
тоа, оралниот секс како што се нарекува во овој дел на светот, е
дозволен, бидејќи не постои куранско – хадиски текст кој го забранува,
ниту пак тој се спротиставува на општите принципи на сексуалното
воспитување.

Пред директното стапување во полов однос, младенците ќе проучат дова во
која што ќе го замолат Аллах од нивното присуство да го одалечи шејтанот
како и да го спречи да влијае на нивното евентуално зачнато дете. Во
таа прилика кажи: „Во името на Аллах. Мој Аллаху, сочувај не од
шејтанот, и сочувај го од шејтанот она што ни го подаруваш.“ Ако од
таков однос се добие дете, со Аллахова помош, шејтанот неможе да му
наштети.“
(Ел Бухари)

Цел на правењето на довата пред односот е барање на заштита од Аллах
дури и во ова прашање, како и барање на бериќет во породот. Благодарност
до Аллах Кој се погрижил Неговите робови да имаат со што да се заштитат
себеси и својот пород.

Сексуални техники

Што се однесува до сексуалните техники, важно е да се каже дека не
постојат никакви правила или закони ниту во предиграта ниту во самиот
однос. Единствени закони и правила се оние кои ги поставиле самите
партнери со својот заеднички, а често и премолчен, договор. Што и да
носи задоволство и на мажот и на жената е исправно и примерно; а што и
на едниот и другиот им е непријатно, не е исправно.

Единствена граница кај ова општо правило е шеријатското правило кое
забранува приоѓање на жената во аналниот отвор. Пратеникот, с.а.в.с.,
рекол: „Аллах нема да го погледна човекот кој има однос со својата жена во аналниот отвор“. (Ен Несаи и Ибн Хиббан) Во друг хади рекол: „Проклет нека е оној кој има однос о својата жена во аналниот отвор“. (Ебу
Давуд) Оваа е валкана и настрана појава, буквално имитирање на
животните. Таа е спротивна на начелата на верата, моралот и е многу
штетна по здравјето.
Во еден хадис Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Од напред и одзади само да е во половиот орган“(Ел Бухари)
„Приоѓај и на својата жена и од напред и од назад, но никако во место
надвор од родницата и немој да и приоѓаш за време на менструацијата.“
(Ен Нисаи).

Ибн Кајјим во своето дело “Задул – меад“ вели: „Право на жената е
нејзиниот маж да има со неа природни сексуални односи. Правејќи содомија
тој и го ускратува нејзиното право и пропушта да и го задоволи
сексуалното посакување... Таа не е создадена за тој валкан акт. Затоа
сите оние кои го избегнуваат природниот начин и се впуштаат во
неприродни работи занемарувајќи ја Аллаховата мудрост и Неговиот закон“

Дали постои некаква положба во сексуалиот однос кој што е забранет во Исламот?

Не. Што се однесува до основните позиции на коитусот, нема никакви
граници или забранувања. Под основни позиции во коитусот се мисли на
положбите кои се познати како: мажот од горната страна, жената со
горната страна лице во лице, бочна позиција лице во лице, позиција во
која што мажот приоѓа странично. Всушност, шеријатот оставил на мажот и
жената да истражуваат и експериментираат како сакаат. Во раниот исламски
период, се случила една случка која што го разјаснила ова прашање за
сите времиња.

Жителите на Медина, под влијание на Евреите, во текот на интимниот однос
ја користеле положбата „мажот од горната страна, лице во лице, “ додека
Меканците сакале да експериментираат со разни положби. По иселувањето
на муслиманите во Медина, еден Меканец се оженил со жена од Медина и
сакал со неа да има интимен однос на свој сопствен начин. Жената го
одбила и рекла дека може да има однос само во една положба. Случајот бил
изнесен пред Пратеникот с.а.в.с., па Аллах го објавил ајетот кој гласи:
„Сопругите ваши се ниви ваши, а вие приоѓајте им на нивите ваши како што сакате!“(Ел Бекара, 223). Тоа значи, во било која положба. (Ел Мизан, стр. 319)

Сепак, покудено е да се има однос во стоечка положба или свртен кон
Киблата со лицето или грбот. Препорачливо е да се воздржи од
акробатските позиции кои што ги предлагаат некои сексолози на Истокот и
Западот, кои дури можат да предизвикаат физички повреди. Во сето ова
основно правило е меѓусебното задоволство и флексибилност. Доколку
едниот од партнерите не сака некоја одредена положба, тогаш другиот
треба да се води според неговите чувства. Постојат лица со многу
изразена сексуалност кои можат во иста ноќ неколку пати да го повторат
односот, тоа им претставува посебно задоволство.

Исламот нема ништо против таквиот однос се додека тој им прави
задоволство на брачните партнери и ниту на едниот од нив не претставува
потешкотија. Единствено нешто што се препорачува во таквите ситуации е
земање на абдест или бањање со што човекот би бил порасположен за нов
однос. Пратеникот, а.с., вели: „Кога некој од вас ќе и пријде на
својата жена па сака тоа да го повтори, нека земе абдест меѓу двата
односа, и ќе биде расположен за повторен однос.“
(Муслим и Ебу Давуд)

Во друг хадис се вели дека Пратеникот, с.а.в.с., еден ден ги обиколувал
своите жени и кај секоја се бањал. Асхабот Ебу Рафи го прашал: „Аллахов Пратениче, зошто тоа не го направиш со едно бањање?“ Му одговорил: „Вака е подобро попријатно и почисто.“

Бројката на сексуални односи не е ограничена. Таа е различна кај секоја
личност, и зависи од неговата физичка и психичка сила како и потреба.
Но, сепак, во ништо не треба да се претерува па ни во ова.

Времето за вршење на половиот однос не е прецизирано што значи дека може
да се направи во секој дел од денот и ноќта ако тоа им одговара на
сопружниците. И жената и мажот треба да внимаваат на времето кога
особено имаат желба за полов однос и во тоа време да бидат подготвени за
својот партнер. Поради тоа на жената и се препорачува да не го одбива
својот маж кога ќе побара да има однос зошто и се заканува проклетство
од мелек. ( Бухари и Муслим) Исто така и се препорачува да не пости
нафиле кога мажот е дома, освен со негова дозвола. (Бухари)

Во поглед на ова треба да се спомне дека ниту мажот не треба да ја одбие
жената доколку таа има потреба за полов однос, како и дека мора да има
разумност кон нејзината психичка состојба и болест. Во тие моменти треба
да одбегнува да ја вика во постела за да не почуствува одвратност кон
односот. Таа од послушност кон мажот и поради заканата од проклетство ќе
се согласи на однос, но нема да го сака. Ниту еден маж не е задоволен
доколку неговиот полов однос личи повеќе на „силување“ отколку на
галење.

Поради тоа се препорачува предигра при која ќе се создаде двострана желба за однос.
Според хадисот на Пратеникот, с.а.в.с., задоволството треба да биде
двострано. Коментирајќи го хадисот Газали во своето дело “Ел – Ихја“,
рекол; „Кога мажот ќе доживее оргазам, треба да почека и неговата жена
истотака да доживее оргазам затоа што нејзиниот оргазам може да дојде
поспоро. Ако тој ја возбуди и ја разбуди нејзината желба а потоа ја
напушти, тоа ќе ја повреди и секоја разлика во нивните оргазми сигурно
ќе донесе чуство на одалеченост.
Истовремениот оргазам за неа ќе биде најдобар, посебно затоа што
нејзиниот маж ќе биде зафатен со својот оргазам и таа нема да биде
оптеретена со својата срамежливост.“ (Ел – Ихја, 2/46)

Жената има право на сексуално задоволство како и мажот и во тоа нема
никаква разлика. Пратеникот с.а.в.с., препорачува да не се прекинува
половиот однос се додека и жената не доживее ерекција. Мажот, поради
континуитет на добриот полов однос во првата брачна ноќ, треба да
внимава и жената да осети задоволство во половиот однос.

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Често пати нашите сограѓани прашуваат за обврската за бањање по половиот
однос т.е. дали се должни веднаш да се бањаат пред да заспијат или
можат бањањето да го одложат до сабахот. За ова прашање и самите асхаби
биле во недоумица.
Абдуллах б. Кајс ја прашал Аиша, р.а.: „Што правеше Аллаховиот
Пратеник, с.а.в.с., кога беше џунуп, дали се бањаше пред спиење или
заспиваше пред да се избања?“ Таа му одговорила: „Го правеше и едното и
другото. Некогаш се бањаше па заспиваше а некогаш земаше абдест и
заспиваше.“ На тоа Абдуллах рекол: „Фала му на Аллах Кој дал можност на
избор.“
(Муслим)

Секако дека бањањето е подобро, бидејки човекот незнае што може да го
најде во текот на ноќта. Особено во зимските ноќи препорачливо е да се
бања веднаш по односот, со што човекот не би настинал. Но не пречи и
доколку заспие и тоа го направи откако ќе се разбуди.

Доколку на сопружниците им претставува задоволство заедничкото бањање во
иста бања, тие тоа можат да го направат без никаква шеријатска забрана.
При тоа им се дозволува еден со друг да се бањаат или да си помагаат
при бањањето. Аиша,, р.а., рекла: „Се бањав со Пратеникот, а.с., од
ист сад во кој рацете ни се преплетуваа, а тој стигнуваше да земе вода
пред мене, па му велел: Остави и за мене, остави и за мене! И двајцата
бевме џунупи.“
(Бухари и Муслим)
Од овој хадис се заклучува дека е дозволено на брачниот партнер да гледа во интимното место на својот партнер.

Заклучок

Исламот е совршена вера, што значи дека ги има одговорите на сите
прашања. Во случај да нема одговори на прашања кои го мачат народот, на
сцена би имале уште едно христијанство и Јудаизам. Кога станува збор за
сексуалното задоволување во здрав и легален брак, исламот е против било
какво вид на негово воздржување. Браковите пукаат или се на праг на
пропаст и поради тоа што еден или двајцата брачни партнери не можат да
најдат сексуално задоволство кај својот партнер, Голем број на брачни
партнери не се свесни дека токму сексуалниот живот е столб на бракот и
доколку тој не функционира нормално, партнерите ќе бараат задоволство на
погрешно место. Тоа е причина за голем процент на брачни неверства.

Мажот на друго место го бара она што неможе да го најде кај својата
сопруга и обратно. Се поради тоа што сопругот или сопругата не се
способни еден на друг да си пружат мир за кој Куранот зборува.
Сексуалниот фактор игра навистина важна улога во браковите и е непишано
правило дека куќата во која што сопругот и сопругата стануваат задоволни
од постелата е извор на смеа и хармонија. Истото се случува и кога
заминуваат во постела.

Имено, кога се работи за легален сексуален однос во него се е дозволено
освен она што шеријатот го забранил. Забрането е неприродно приоѓање на
жената од грб т.е., во аналниот отвор.Го забранил Пратеникот, с.а.в.с.
кој рекол: „Приоѓај и на својата жена и од напред и од назад, но
никако во местото надвор од родницата и немој да и приоѓаш за време на
менструација.“
(Ен Несаи)
Во друг хадис рекол: „Кој ќе и пријде на жената во место покрај родницата, Аллах нема да го погледна на Судниот ден.“ (Ебу Давуд)

Аналогно на тоа, сите пози на сексуалниот однос како и сите предигри кои
се прават со цел задоволување на сексуалните нагони се дозволени освен
приоѓањето на жената во аналниот отвор. Таквиот чин е остро осуден и за
него следи ахиретска казна, како што се гледа и од горниот хадис.
Возвишениот Аллах рекол: „Сопругите ваши се ниви ваши, а вие приоѓајте им на нивите ваши како што сакате!” (Eл Бекара, 223)

Поради што се споредени со ниви?

Во нивите се сее. На жените матката е место за сеење на семето од кое се
зачнува и развива дете. Кога Аллах вели да им приоѓаме на жените како
сакаме, тоа значи дека се дозволуваат сите пози и начини со кои ќе се
постигне целта, т.е. ќе се достави семето во матката. А се што служи за
комплетен и подобар интимен халал однос со својата сопруга (како гледање
на срамното место, допирање на половиот орган и сл.) исто така е
дозволено, бидејќи не постои текст ни во Куранот ни во Сунетот со кој се
забранува тоа. Пратеникот с.а.в.с. вели дека се она што не се спомнато
во контекст на забрана е милост на Аллах кон своите робови.

Пратеникот а.с., во еден хадис препорачува и предигра како вовед во
половиот однос. Во друг вели дека мажите не го завршуваат половиот однос
се додека и жената не биде задоволена. И двајцата имаа право на полово
уживање. Во трет хадис вели дека Аиша р.а. рекла дека таа и Пратеникот
с.а.в.с., заедно во ист сад се бањале. Зошто да се одбегнуваат работи
кои исламот ги дозволил? Можеби токму поради ваквото сваќање на
интимниот живот и ненаоѓање на сексуалното задоволување голем број на
мажи бараат сласт по патиштата на блудот или во самозадоволувањето или
пак, во порнографијата.
Половиот однос со љубов предизвикува уживање и тоа е оној однос за кој што и мажот и жената ќе бидат наградени.

При тоа треба да спомнеме една многу битна работа за нас муслиманите. Ќе
наидеме на луѓе кои велат дека во сексот е забрането се освен грубото
приоѓање на жената однапред и тоа негледајќи во нејзиното срамно место.
Жената не е предмет кон кој што треба групо да се однесува. Таа е
чувствително и благо суштество кон кое и така треба да се приоѓа.
Создадена е од криво ребро како што вели Пратеникот с.а.в.с. а кој ќе се
обиде да го исправи ќе го скрши. Што значи дека во нејзината кривост е
целата нејзина позитивност. Само превитканите ребра ги чуваат
внатрешните органи на човекот. Рамните ребра би значеле деформација.
Како што ребрата ги чуваат внатрешните органи од надворешни влијанија,
исто така и жената го чува семејството од надворешни влијанија.

,,http://islamski-centar.org/forum/index.php

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот