1 Шејх Ибн Усејмин, рахимехулах за прославувањето на валентин Вто 12 Фед 2013, 2:46 pm
Muwehhid
Модератор
Прашање : Есселаму алејкум ве рахметуллахи ве берикетху, а потоа... Во последно време се прошири учествувањето во прослава на празникот на “вљубените” или Валентин, посебно меѓу студентите.Овој празник е невернички празник, тие облеки кои што на тој ден се облекуваат се целосно црвени, како што е меѓусебниот вид на поклони размена на црвени рози. Те молам Шејх да ми го објасниш прописот за овој празник со неколку совети за муслиманите поврзано за овие работи. Аллах да ве чува.
Одговор:
Бисмиллахррахманиррахим
Ве алејкум селам ве рахметуллах ве берекатху.
Учествување во овој празник не е дозволено поради неколку работи:
-Прво: тоа е новотарски празник, кој што нема никаква освова во шеријатот.
-Второ: празникот како што Валентин (денот на вљубените) го зафаќа срцето со овие неважни работи кои што не се ни блиску на она што биле нашите добри предходници, радијеллаху анхума.
И затоа во овој ден не е дозволено да се демонстрира(слави) бил што од ознаките(обележувањата) на овој празник, без разлика дали се работи за јадење или пиење или облека или поклони и ткн.
Муслиманот треба да се гордее со својата вера, да не биде од оние кои што ги следат другите. Го молам на Аллах да ги сочува на муслиманите од сите фитни и искушениа, да се сочува и да не упати со својата упата.
Одговор:Шејх Ибн Усејмин, на ден 05-11-1420 х.г
Обработка: Ahlu-sunnah