1 Ел-хавф - страв Пон 04 Фед 2013, 1:25 am
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Значење: возбудувачка која настојува на предчувство на пропаст или штети.
Врсти на страв:
1.Голем ширк, а тој е сокриен страв кој настанува кога човек се плаши од некој друг освен Аллах во оние работи кои не е во состојба да ги прави никој освен Аллах.
Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах:
“...и не им се плашете, туку плашете се од Мене, ако сте верници!“ (Превод на значење. Поглавје Али Имран, 175 стих.)
2. Забранета врста на страв која настанува доколку човекот остави некоја обврска или направи нешто што е забрането за страв од луѓето.
Доказ за тоа се зборовите на Аллах, субханеху ве те’ала:
“...не стравувајте од луѓето, туку стравувајте од Мене...“ (Превод на значење. Поглавје Ел-Маида, 44 стих.)
3. Дозволен страв, вроден страв, поред страв од лавови, непријатели, неправеден владар и слично на тоа.
Доказ за тоа се зворовите на Возвишениот Аллах кога говори за Муса, алејхис селам, и вели:
“И Муса во градот беше преплашен, очекувајќи што ќе биде...“ (Превод на значење. Поглавје Ел-Касас, 18 стих.)
4. Ибадет, а тој настанува кога човекот стравува само од Единствениот Аллах не припишувајќи Му здруженик во тоа.
Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот:
“А за оној кој стравува од стоењето пред Господарот свој, ќе има две бавчи џеннетски.“ (Превод на значење. Поглавје Ер-Рахман, 46 стих.)
Врсти на страв од Аллах:
1. Пофална врста која се појавува измеѓу тебе и гревовите спрема Аллах, субханеху ве те’ала, и те поттикнува на правење на пропишаното и оставање на забранетото.
2. Страв од Аллах кој не е пофален, а тоа е страв поради кој што човекот губи надеж во Аллаховата милост.
Од делото: Олеснето разбирање на тевхидот
Автор: Абдуллах б. Ахмед ел-Хавил
Превод: Ибн Кааб
[You must be registered and logged in to see this link.]