1 Кој сака да се сретне со Аллах, и Аллах сака да се сретне со него Саб 12 Јан 2013, 12:53 am
Muaz al Islam
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]
Кој сака да се сретне со Аллах, и Аллах сака да се сретне со него
Сета благодарност и му припаѓа на Аллах субханеху ве те’ала[1], Господарот на сите светови. Салават и селам на Неговиот роб и Пратеник, Мухаммед саллАллаху алејхи ве селлем[2], неговото семејство и неговите асхаби[3].Обврска на секој верник е да го сака својот Господар, Аллах субханеху ве те’ала. Исто така обврска е да се надева на Неговата љубов.
Обврска на верникот е да верува и дека сигурно ќе дојде денот на средба со Него, денот кога Аллах ќе ја исплати наградата за делата на своите робови, откако ќе бидат проживеани од свите гробови. Поради тоа верникот се подготвува за тоа средба.
فَمَنْ كَانَ يَرْجُو لِقَاءَ رَبِّهِ فَلْيَعْمَلْ عَمَلًا صَالِحًا وَلَا يُشْرِكْ بِعِبَادَةِ رَبِّهِ أَحَدًا
“Па кој се надева на средбата со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожавањето на Господарот свој нека не Му препишува здруженик.“ (Ел-Кехф: 110)Што значи: Кој се надева на наградата од Аллах кога ќе се сретне со Аллах субханеху ве те’ала на оној свет, тогаш тој треба да прави добри дела, односно дела кој се во склад со Аллаховиот шеријат[4].
Следниот услов за правење на добри дела е да ги прави само во името на Аллах субханеху ве те’ала, а не поради некој друг. Овие две работи, според Ибн Кесир, се предуслов делата зда бидат прифатени. Делата мора да се прават искрено, поради Аллахќ и во склад со шеријатот на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем (погледни во тефсирот на Ибн Кесир за толкувањето на ајетот погоре).
Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол:
مَنْ أَحَبَّ لِقَاءَ اللَّهِ أَحَبَّ اللَّهُ لِقَاءَهُ وَمَنْ كَرِهَ لِقَاءَ اللَّهِ كَرِهَ اللَّهُ لِقَاءَهُ
“Којшто сака да го сретне Аллах, и Аллах сака да се сретне со него. Којшто мрази да се сретне со Аллах, и Аллах мрази да се сретне со него.“(Бухари и Муслим)[You must be registered and logged in to see this link.]
Шејх Ел Усејмин рахимехуллах [5] рекол: “Верникот кој верува во она што го ветил Аллах за ссвоите робови во Џеннетот[6], од големите награди и огромните дарови, тогаш тој тоа и ќе го посакува. Дунјалукот[7] ќе му биде лесен и неважен бидејќи тој ќе пресели во Џеннет кој е подобар од овој свет.“
Тој, истотака, копнее да се сретне со Аллах, особено кога ќе се приближи смртта. Тогаш му е дадена добра вест за Аллаховото задоволство и милост и тој копнее да се сретне со Аллах. (Ријадус-Салихин)
Поради тоа една од довите на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, била:
وَأَسْأَلُكَ لَذَّةَ النَّظَرِ إِلَى وَجْهِكَ وَالشَّوْقَ إِلَى لِقَائِكَ
„И Те молам за задоволството на гледањето во лицето Твое и копнеж за средба со Тебе’’ (Ен Несаи, според оценката на Ел Албани хадисот е сахих[8])Спротивно , човекот кој е невнимателен по прашањето за оној свет и кој не се надева на Аллаховите награди на Денот кога ќе се сретне со него, тој е зафатен со дунјалукот и задоволен е со него, па Аллах исто така не сака да се сретне со него и не сака да му прости и да му се смилува. Возвишениот Аллах ја опишува оваа група луѓе во Својата Книга:
إِنَّ الَّذِينَ لا يَرْجُونَ لِقَاءَنَا وَرَضُوا بِالْحَيَاةِ الدُّنْيَا وَاطْمَأَنُّوا بِهَا وَالَّذِينَ هُمْ عَنْ آيَاتِنَا غَافِلُونَ أُولَئِكَ مَأْوَاهُمُ النَّارُ بِمَا كَانُوا يَكْسِبُونَ
На тие што не очекуваат дека пред Нас ќе застанат и кои се задоволни со животот на овој свет, кои на него се смирени и тие кои кон нашите докази се рамнодушни, престојувалиштето нивно Џехеннемот[9] ќе биде, поради тоа што го правеле.(Јуснус: 7-8)Имам Ибн Кесир, рахимехуллах рекол: “Во овој ајет Возвишениот Аллах зборува за ситуацијата (состојбата) на проклетите (проколнатите) луѓе, тие кои го негираат сретнувањето со Аллах на Судниот ден. Не се надеваат на ништо при средбата (Пред Аллах, Џелле Шануху) . Тие се задоволни со животот на овој свет и нивните души се смирени за овој живот.“
Тие се луѓе кој не се надеваат на средбата со Аллах, тие дури го вртат грбот од средбата и дури можат да отидат во негирање на средбата.
Тие се задоволни со овој свет наместо со оној свет, Наклонети се кон дунјалукот и тој им е целта на животот и врв на нивните дела. Тие прават се за да го добијат дунјалукот и грабаат и со забите и со ноктите за да го стекнат неговото задоволство на кој било начин.
Тие ги трошат сите свои опсесии, намери, мисли и енергија за дунјалукот. Како да се створени да бидат вечно на него. Како овој свет да не е место на патување кон светот на вечноста. (Сумирано од тефсирот на Ел Керим ер Рахман, шејх Абдурахман ибн Насир Ес Са’ди).
Судбината на секоја од овие групи може да се почувствува кога ќе им дојде смрта. Луѓето верници кои веруваат и се надеваат на средбата со Аллах, среќно ќе ја дочекаат смртта бидејќи ќе примат убави вести за Аллаховата милост, задоволство, слава и Џеннет по смртта.
Од друга страна, кафирите[10] на денот на средбата ќе добијат лоши вести за Аллаховиот гнев и казни кои се толку ужасни што ќе ја мразат смртта бидејќи знаат што се добива по неа.
Пренесува Аиша, радијАллаху анха, дека Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол:
مَنْ أَحَبَّ لِقَاءَ اللَّهِ أَحَبَّ اللَّهُ لِقَاءَهُ وَمَنْ كَرِهَ لِقَاءَ اللَّهِ كَرِهَ اللَّهُ لِقَاءَهُ
Аиша понатаму пренесува: Прашав: О Аллахов Пратенику, дали тоа важи и за омразата кон смртта бидејќи секој од нас ја мрази смрта? Тој одговори: “Не значи тоа. Но верникот, кога ќе му се дадат добри вести за Аллаховата милост, задоволство и Неговиот Џеннет (кога ќе дојде смрта), верникот сака средба со Аллах и поради тоа Аллах сака средба со него. И навистина кафирот, кога му се дава лоша вест за Аллаховата казна и гнев (кога ќе настапи смрта), тој мрази средба со Аллах, па и Аллах мрази средба со него.“ (Бухари и Муслим)
Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, кога му дошла смртта, рекол: “О Аллах, јас го одбирам најдоброто друштво.“
Според преданието од Аиша, кога на Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, му дошла смрта, му бил даден избор да остане жив на овој свет или да умре и да го сретне Аллах. Тој ја избрал смртта бидејќи му давал предност на оној свет врз овој свет.
Хафиз ибн Хаџер го коментирал ова прашање: “Поради тоа ние мораме да го [11] следиме во оваа работа, т.е. да го направиме оној свет да биде смисла на нашиот живот и да му дадеме предност над овој свет“
А Аллах најдобро знае.
Превод: Muaz al Islam
Лектор: Hatidža
Обработка: www,Ahlu-Sunnah.org
Фусноти:
[2]саллАллаху алејхи ве селлем – Нека е Аллаховата благослов и мир на него
[3] асхаби – другари од Пратеникот Мухаммед саллАллаху алејхи ве селлем; сите оние кои го виделе Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, жив.
[4] шеријат – исламски верски закон утемелен со Куран и Суннет
[5] рахимехуллах – Возвишениот Аллах да му се смилова
[6] Џеннет - Рај
[7] дунњалук – овој свет
[8] сахих - веродостоен
[9] ]Џехеннем - пекол
[10] кафири - неверници
[11] т.с. Пратеникот, Мухаммед, саллАллаху алејхи ве селлем