1 А срцата, навистина се смируваат кога Аллах ќе се спомне! +Видео Пет 10 Aвг 2012, 3:51 pm
Muaz al Islam
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]
А срцата, навистина се смируваат кога Аллах ќе се спомне![You must be registered and logged in to see this link.]
А срцата, навистина се смируваат кога Аллах ќе се спомне![You must be registered and logged in to see this link.]
Искреност Му е омилена на Аллах субханеху ве те ала. Отвореноста го прави срцето чисто, а искуството е доказ. Примерниот човек и неговите блиски не лажат. Зикир, споменување на Возвишениот Аллах субханеху ве те ала, е највредното дело и тоа на срцето му нису најголем спокој. “Сетете се вие на Мене, и Јас ќе се сетам на вас.“ Споменувањето на Возвишениот Аллах субханеху ве те ала, е рај на земјата, тој што во него нема да влезе, нема да го види ни рајот на оној свет. Зикрот за душата е засолниште и спас од умор, тежина, мака и немир. Тој е така едноставна и лесна порака до секој успех и победа. Тој што бдее над страниците на Објавата ја знае вредноста на зикрот, а тој што го практикува секој ден, има лек за секоја неприлика.
Затоа немој да се чудиш кога ќе видиш дека се смирени и спокојни тие што прават зикр. Тоа е смислата на се. Но, вистинско чудо е како живеат тие што се негрижливи и што не го споменуваат Господарот свој.
“Умртвени се, не се живи и не знаат кога ќе бидат оживени“[You must be registered and logged in to see this link.]
О, човеку што се жалиш на исцрпеност, што плачеш поради болката, стравуваш од несреќата и над кого се настрвиле сите несреќи на светот, спомени го Неговото свето име:
“Дали знаеш дека некој го има името Негово?“[You must be registered and logged in to see this link.]
Сходно на бројот и на значестеноста на зикрот што го правиш, твоите мисли ќе се пресветлат, срцето ќе ти се смири, душата радосна ќе ти биде и совеста одмор ќе најде. Во споменувањето на Аллах субханеху ве те ала, се крије твоите вличење на Неговата возвишеност, самодовербата, верата и потпирањето на Него. Со зикрот Му се враќа на Господарот, за Него помислува убаво и од Него излез очекуваат. А Аллах е блиску за тие што Го повикуваат, ги слуша нивните дови. Само тој Ги исполнува молитвите. Затоа, Нему предајмусе покорно и понизно. Твојот јазик, секогаш нека го споменува Неговото благословено име, искажувајќи Му единство, Пофалба, благодарност, слава, Нему молејќи Му се и од Него барајќи прошка. Со Неговата сила и моќ ќе стекнеш среќа, сигурност, радост, светлина и преданост.
“И Аллах им дал награда на овој свет, а на оној свет ќе им даде поголема награда отколку што заслужиле.“[You must be registered and logged in to see this link.]
Автор: д-р Аид ел КарниДело: “Не Тагувај“
Ahlu-Sunnah.org
[You must be registered and logged in to see this link.] Ер-Рад, 28
[You must be registered and logged in to see this link.] Ен-Нахл, 21
[You must be registered and logged in to see this link.] Мерјем, 65
[You must be registered and logged in to see this link.] Али Имран, 148