1 Дова Вто 14 Aвг 2012, 7:35 pm
Muwehhid
Модератор
Бисмиллах ал рахман ал рахим
Семоќниот и Возвишен Аллах ни нареди да Му се обраќаме со дова (молба) и ни ветил дека ќе ни се одѕвие:
Господарот ваш рече: , Повикајте Ме и замолете Ме, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообрзност не сакаат да Ме обожуваат- сигурно понижени ќе влезат во џехеннем (Ел-Мумин 60)
Нека е славен Семоќниот Аллах Кој е безгранично великодушен и бескрајно милостив, Тој направил човечката дова за изполнување на неговите потреби и неговите настојувања да е дело на ибадет кое со себе носи награда, дело кое Тој од него го бара и за кое Тој строго укорува ако е напуштено, а тоа го прават тие што се опишани како горделиви, вообразени.
Ебу Хурејре пренесува дека Пратеникот, Мухаммед, саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: ,, Тој што не упатува дова кон Аллах ја предизвикува неговата лутина. (Хасеб, Тирмизи – Китаб ед даават, 9/313, Ибн Маџе- Китаб ед дуа 2/1258, Ел Хаким- Китаб ед дуа 1/491)
Возвишениот Аллах во Куран вели:
,,Тој Кој на човекот кој е во неволјa , кога ќе Му се обрати, му се одѕвива, и Кој злото го отстранува. (Ен-Немал 62)
,,А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕвивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. (Ел-Бекаре 186)
Ен Нуман ибн Бешир рекол:,, Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: Довата е ибадет, а потоа го проучил следниот ајет:
,,Господарот ваш рече:,, Повикајте Ме и замолете Ме, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразност не сакаат да Ме обожаваат- сигурно понижени ќе влезат во џехеннем. (Ел-Мумин 60)
Според наведениот ајет, многу е сигурно дека молбата, која задоволува одредени барања, ќе биде одговорено. Ова е потвордено со следните хадиси:
,,Аллах е вечен, и кога човекот ќе ги крене рацете со молба, Аллах поради својот срам нема да дозволи тој да ги спушти незадоволни и празни. (Хасен, Тирмизи-Китаб ед даваат)
Енес пренесува дека Пратеникот , саллаллаху алјхи ве селлем , рекол:,, Немојте да се откажувате од довата затоа што уништен е тој што не упатува дова. (Даиф, Ел- Хаким, Ел Мустедрек 1/493. Ибн Хиббан –Ел Асијје , стр. 596)
Ниеден муслиман не Му упатува дова на Аллах, а да не му е дадено едно од три нешта: довата го забрзува исполнувањето на тоа што го барал, сочувана е за него за Судниот ден или спречува да му се случат слични неволји, освен ако тоа што го бара е лошо и ги раскинува роднински врски. ( Сахих, Тизмизи –Китаб ед даават, 9/923)
Пожело при дова.
Меѓу пожелните работи при упатување дова е и изборот на посебно време за дова, како што се годишнината од денот на Арефат, месецот Рамазан, петокот, рано наутро.
Тука спаѓаат и поволните услови, како што е времето кога паѓа дожд, кога излегуваат војски кои се борат на Аллаховиот пат и моменото кога се наоѓаме на сеџда.
Ебу хурејре пренесува дека Пратеникот, Мухаммед , саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: “ Робот е најблизок до Аллах кога е на сеџдам па зголемите го бројот на своите молби кога сте на сеџда. (Муслим- Китаб ес салах 4/200)
Истото се однесува иа на времето помеѓу езанот и икметот. Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, рекол: ,, Довата упатена момеѓу езан и икмет нема да биде одбиена. (Сахих, Тирмизи- Китаб ес салах, 1/624, Китаб ед даваат, 10/53, Ебу Давуд- Китаб ес салах 2/2324)
Добро е да се биде одлучен и уверен во Аллаховиот одговор при дова. Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем .,рекол: ,, Никој од вас не треба да каже: ,, Аллаху мој, прости ми ако сакаш, или: Аллаху мој, смилувај ми се ако сакаш, туку треба да се биде одлучен кога се бара нешто од Аллах , затоа што никој не може да Го натера Аллах да направи нешто без Неговата волја. (Ел Бухари- Китаб ет тевхид 13/448, Китаб ед даваат , 11/139, Муслим-Китаб е зикр вед дуа 17/7)
Исто така добро е да се биде под абдест, да се сврти кон Мека и да се повтори довата три пати. (Муслим – Китаб ел џихад 12/152)
Довата треба да се започне славејќи Го Аллах и споменувајќи ги Неговите имиња и својства, барајќи го Неговиот Благослов и донесувајчи салават на Неговиот Пратеник Мухаммед , саллаллаху алјхи ве селлем, Потоа тој што упатува дова и да ја заврши со донесивање на повеќе салавати на Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем, и славјчи и заблагодарувајчи Му се на Возвишениот и Семоќниот Аллах.
Важно е потребата на тој што моли да му е чиста и да не бара нешто што е забрането или ги прекинува родниските врски.
Тој што се моли не треба да инсистира на недолжно исполнување на своите потреби, ниту да каже: ,, Го молев Аллах, но Тој не ми ја исполни мојата дова. Ебу Хурејре пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем , рекол: ,, Аллах ќе ја исполни секој дова , со искучок ако станете нетрпеливи и ако кажете: , Барав, но не ми беше исполнето. (Бухари –Китаб ед даават , 11/140, Муслим –Китаб ез зикр вед дуа 17/51)
Ибн Баттал вели: ,, Ова значи личноста да почне очајува, дури и да ја остави довата, како тој да е тој што се удостоил да упати дова, или ја смета својата дова доволна гаранција за одговор, па така очекува дека одговорот од Господарот ќе уследи веднаш , без никакви идолжувања, а ниту Аллаховиот одговор на довата ја намалува Неговата апсолутна моќ, ниту Неговото исполнување на барањата на созданијата ни најмалку не ја намалува вредноста на тоа што Тој е.
Овој хадис укажува на еден од пофалените манири при упатување дова, а тоа е да се биде стрплив и да не очајува за потврден одговор на довата, затоа што со ова се покажува покорноста и апсолутното потпирање врз Аллаховата помош.
Автор: Ибн Кајјим ел џевзи, Ебу Хамди ел газали, ибн реџеб ел ханбели
Oбработка: Ahlu-Sunnah
Последната промена е направена од islam nur на Саб 03 Aвг 2013, 5:17 pm. Мислењето е променето 1 пати