1 КОЈ САКА УБАВ ЖИВОТ, НЕКА СЕ ЗАКИТИ СО ОВЕ ДЕСЕТ УБАВИ ОСОБИНИ Пон 30 Jул 2012, 6:04 pm
Muaz al Islam
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]
КОЈ САКА УБАВ ЖИВОТ, НЕКА СЕ ЗАКИТИ СО ОВЕ ДЕСЕТ УБАВИ ОСОБИНИ
КОЈ САКА УБАВ ЖИВОТ, НЕКА СЕ ЗАКИТИ СО ОВЕ ДЕСЕТ УБАВИ ОСОБИНИ
1. Седењето во времето од суфур и барањето простување од Аллах.
„... и кои во последните часови од ноќта за прошка молат.“ (Али Имран, 17)
2. Осамувањето за да размислува.
„Во создавањето на небесата и Земјата и во промената на денот и ноќта, навистина има знаци за обдарените со разум, кои и стоејќи и седејќи и лежејќи Го споменуваат Аллах и за создавањето на небесата и на Земјата размислуваат. “Господару наш, ти ова не го создаде залудно! Возвишен си Ти и сочувај не од казната од Огнот!“ (Али Имран, 190-191)
3. Дружење со добри луѓе.
„Бидете трпеливи покрај тие што на Господарот свој Му се молат изутрина и навечер со копнеж за лицето Негово, и не спуштај ги очите свои од нив со желба за сјај во животот на овој свет, ...“(Ел-Кехф,28)
4. Зикр, споменување на Возвишениот Аллах.
„ О, верници, често Аллах спомнувајте Го, “(Ел-Ахзаб, 41)
5. Понизно клањајне два рекати.
„Тие кои во своите намази (молитви) се понизни.“(Ел-Муминун, 2)
6. Учење Куран со длабоко размислување:
„А зошто тие не го проучуваат Куранот?“(Ен-Ниса,82)
7. Постот кога владеат горештините:
„Тој, ја остава храната, пијалокот и страстите поради Мене...“ (Хадиси кудси).
8. Тајна садака.
„...левата рака да не знае што десната дала.“
9. Помагањето на муслиманот во неволја:
„Оној кој од Муслиманот ќе острани некаква овосветска неволја, Аллах ќе го спаси од неволјата на Судниот ден.“
10. Скромност во минливите работи.
„а оној свет е подобар и вечен.“ (Ел-Ала, 17)
Слушнете ги само несреќните зборови на синот на Нух, кој рекол: „Ке се скријам на некоја планина, кој од водата ќе ме заштити. ...“ (Худ, 43) Би му било подобро и поубаво кога засолниште би побаралка кај Господарот на небесата и Земјата.
Нимруд исто така рекол дека тој дава живот и смрт, китејќи се со туѓи особини за на крајот да заврши страдалнички. „и Аллах на овој и на оној свет го казни.“(Ен-Назиат, 25)
Во еден збор се клучовите на сите тајни, шифрите на целиот успех и секоја среќа. Тоа се зборовите: „Нема друг бог освен Аллах, Мухаммед е Негов роб и пратеник.“
Кој ове зборови ги изговори на Земјата, ќе добие потврда од жителите на небесата.
„А тој што ја носи вистината и тие кои веруваат во неа, тие се богобојазливи,“(Ез-Зумер, 33)
Оној кој ќе работи по ове зборови, ќе биде спасен од секоја несреќа, пропаст и страдање.
„Аллах ќе ги спасии тие кои Неговите наредби ги извршуваат,...“(Ез-Зумер, 61)
Кој повикува кон ове зборови, ќе му се даде здравје, помош и благодарност.
„и војската Наша сигурно ќе биде поблиску!“(Ес-Саффат, 173)
Оној кој ове зборови искрено ги засака, ќе добие секоја почест.
„А силата е кај Аллах и кај Пратеникот Негов и кај верниците, но лицемерите не знаат.“(Ел-Мунафикун, 8 )
Ове зборови ги изговорил Билал додека бил роб, те опстанал слободен.
„Аллах е заштитник на верниците, ги изведува од темнина на светлина,...“(Ел-Бекара, 257)
Ебу Лехеб ги негирал ове зборови и завршил како презрен и понижен роб.
„... А кого Аллах ќе го помижи, никој не може почитуван да го направи; Аллах тоа што сака го прави.“(Ел-Хаџџ,18)
Другите луѓе ги замениле минливите овосветски убавини за овој збор и цврсто го прегрнале.
„..., но Ние ја направивме светла помош на која ги упатуваме од робовите Наши тие што сакаме. А ти, навистина, упатуваш на вистинскиот пат.“(Еш-Шура, 52)
Ако се откажеш и свртиш од ахиретот, не можеш да бидеш среќен ни на овој свет, затоа што животот тогаш ти станува казна, несреќа и срадање.
„богатството мое не ми е од корист,“ (Ел-Хака-28)
„зашто Господарот твој, навистина, набљудува се!“ (Ел-Феџр-14)
Ако од Едниот Господар се одалечиш, не радувај му се на детето или на имотот, затоа што тие ќе бидат причина за несреќата и понижувањето.
„И навлекоа врз себе гнев по гнев! А на неверниците им припаѓа срамно страдање.“(Ел-Бекара, 90)
„И Ние против нив испративме, во последователни денови , ладен ветер, за да им дадеме уште на овој свет за да почуствуваат срамно страдање - страдањето на оној свет ќе биде, навистина, уште пострамно – и никој нема на помош да им дојде.“(Ел-Фусулет, 16)
„Ниту богатсвата ваши, ниту децата ваши ќе ве направат блиски до Нас; само тие што ќе веруваат и што ќе прават добри дела ги очекува повеќекратна награда за тоа што го работеле, и тие во високите одаи ќе бидат безбедни.“(Ес-Саба, 37)
Автор: д-р Аид ел Карни
Дело: “Не Тагувај“
Обработка: [You must be registered and logged in to see this link.] Ahlu-Sunnah