1 Dzemal - Мkd Сре 22 Сеп 2010, 11:54 am
Dzemal
Брат
Селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху
Бисмиллах
Ај едно Големо добредојде до сите нови/стари членови браќа и сестри, и добровенајдов!
Му благодарам на Возвишениот Аллах покрај сите многубројни благодати, и ова што ни овозможува на ваквов начин да го шириме Неговиот збор, Неговата вера, се надевам онака вистински како што успешно ја пренесеол Неговиот миленик Претеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, и таква да ја изучуваме, прифатиме и спроведеме во нашите животи без никакви примеси на додавања или одземања од неа, бидејќи Аллах, џ.ш., неа веќе ја усовршил и заокружил кога рекол во Својата Книга: „..Сега верата ваша ви ја усовршив и благодетта Своја кон вас ја потполнив и задоволен сум исламот да биде вашата вера..“(Сура Маиде, 3)
И знајте дека тоа е единствениот начин човекот да успее како на овој така и на идниот свет,иншАллах да се очисти и излезе чист пред Него на Ахирет,бидејќи Тој Возвишениот е чист, Џеннетот е чист и никого таму нема да прими освен чистиот, Аллах, Субханеху ве теала, да нè упати, зајакне да успееме уште на овој свет да знаеме да се очистиме, бидејќи и ако сме Џеннетлии, иншАллах, а не успееме целосно да се очистиме тука, чистењето ќе продолжи со оган (Аллах да не сочува) пред да влезе таквиот во Џенет, како што спомнав Џенетот е чист и Аллах нема да стави никој во него освен чистиот како неиспишан бел лист без трошка валканост.
Аллах да даде берикет овој форум да се кажува само вистината, да биде пример и поука за секој разумен било тој нов или стар во верата, да ни даде искреност, сила и сабр за таква правилна и да ја примениме во нашите животи! Амин.
Ве алејкум селам ве рахметуллахи ве берекатуху
Последната промена е направена од Dzemal на Чет 23 Сеп 2010, 10:18 am. Мислењето е променето 1 пати