Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Зул Карнијан EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Зул Карнијан EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Зул Карнијан EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Зул Карнијан EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Зул Карнијан EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Зул Карнијан EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Зул Карнијан EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Зул Карнијан EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Зул Карнијан EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Зул Карнијан EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Зул Карнијан EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Зул Карнијан EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Зул Карнијан EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Зул Карнијан EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Зул Карнијан EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 93 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 93 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 
Haqq (253)
Зул Карнијан Vote_lcapЗул Карнијан Voting_barЗул Карнијан Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Зул Карнијан Empty Зул Карнијан Сре 08 Фед 2012, 5:09 pm

Karşi yaka

Karşi yaka
Активен член
ЗУЛ КАРНИЈАН

Читајки некаде по форумиве налетав на нешто доста интересно,но не беше во согласност со вистинската слика поточно со описот кои што му го препишуваат на Зул Карнијан.


Еве што ќе речат:

- Македонците оставиле значаен придонес и белег во Ислам’от,културата и науката!
- Многу исламски теолози сметаат дека Александар Македонски е спомнат во Куран под
описното име Зул Карнијан!
- Илирите се Албанци!


Се прашувам,кој е тој белег и придонес кој што го оставиле македонците во исламот,културата и науката?!Доколку се мисли на античките македонци односно Античка Македонија,тоа сигурно да.
Потоа почнав да прелистувам разни книги и по интернет страници да видам,што друго велат за ова прашање.Од тоа што приметив(прочитав)а тоа е; некои од исламските теолози говорат дека Александар Македонски е спомнат во Куран под описното име Зул Карнијан!Поставив некои прашања,како е можно да е тоа така и барав аргументи за тоа што кажаа,но одговорот никогаш не стигна.Бидејки знаев дека и под друго име Зул Карнијан го опишуваат,барав барем уште едно име да кажат за кого се работи.Тоа не се случи,но одговорот јас го дадов.

Значи,тие имиња кои ќе ги опишат под описното име на Зул Карнијан се:Мухамед Хусејин Табатаби,Насир Макарим Сикаси,Ебу Келам Азад и уште некои други.
Но дали има аргументи во Куран по ова прашање за да може да се оди на понатамошно разјаснување на ова тема?Има,и еве ќе се обидам тоа да го објаснам,но пред се ќе наведам неколку примери.

Како што знаеме Албанците се со илирско потекло и тоа е во ред,но тоа не значи дека илирите се Албанци.
Велат Александар Македонски (Leka i Madh-Buyuk Iskender)бил Албанец,тоа не можам да го прифатам како исправно,доколку се базирам врз моите сознанија за ова прашање.Колку што мие е мене познато Александар Македонски е роден во Пела(356 п.н.е.),и прашање е;дали Пела во тоа време и припаѓало на Илирија.Не!Пела припаѓал во Македонија,и Александар Македонски бил Македоноц,но не тој кој ние го замислуваме!Зашто ќе речеме?Македонците од Античка Македонија имале свој јазик и своја култура додека денешните македонци,како што знаеме се Словени односно Келти кои што се дојдени и седоселиле во овие краишта измеѓу V тиот и VIII тиот век.

Спрема Херодот(455 п.н.е),во патувањата низЕвропа,Азија,Африка,исто така и на Балканот –Тракија,Македонија,Грција и Илирија,е првиот нам познат автор кој што ги спомнува Илирите.
Значи доколку тука се спомнува и Македонија и илирија,како и на кој начин ќе се докаже дека Александар Македонски бил Македонец или Албанец?

И спрема геофравската карта на античките области за кој што говориме,Македонија,Грција и во Илирија - и знаејки при тоа дека Александар Македонски е роден во Пела(Античка Македонија,сегашна Грција)-каке е можно да бил Албанец па и денешен Македонец?По ова прашање што го поставив сигурно дека не!Но доколку сегашните Македонци се автохтони на овие овие краишта(области) тогаш е можно,но не и Албанец.

Колин Фарел како Зул Карнијан

И со ова што ќе го кажам,на некој начин ќе помогне да се разјасни темава,а тоа значи дека,Колин Фарел во филмот на Оливер Стоун(сценарио и режија)е во рола на Александар Македонски(Aleksandar dhe Great).Доколку е тоа точно,тоа што подолу ќе го кажам,брука голема за тие кој што ќе го наречат односно ќе го опишат Зул Карнијан под описното име на Александар Македонски.

Филмските куќи поточно режисерите,актерите(глумците),кога спремаат филм,како прво,пред да се прифатат за работа,предуслов е да тие прво видат за каков филм се работи односно по првата укажана прилика ќе го прочитат сценариото потоа ќе кажат дали ќе се прифатат за таа работа или не.Бидејки понекогаш филмовите со себе носат ризици па и критики од филмските критичари во земјите каде тоа се спрема и се прави филмот,-и по прикажуањето на филмот критиките доаѓаат(позитивни-негативни)па и од целиот свет-како било можно овој филм така да помине ?
Дали може да се оди на предпоставка дека,тоа сепак стварно се случувало!!!

Но кога се работи за некој историски филм,критиките и одговорноста се многу поголеми,затоа што,се работи за вистински случки врз база на аргументи и докази за тоа.
Значи,сценариото проаѓа под разни критерии на критичари,хисторичари и.т.н,па потоа се дава залено светло за тоа.Со тоа не значи дека,филмот со сите негови карактеристики кога ќе биде готов и ќе биде достапен до јавноста односно за гледачите,дека нема повторно да бите критикуван од филмската академија за неговата успешност.

Во филмот за кој што станува збор,ќе приметите недолични сцени,и незнам дали се намерни тие сцени ставени(мада можело и да не ги стават),но факт е дека тоа е така,доколку ја следиме
ситуацијава односно разгледама и прочитаме по интернет странициве ќе се увериме и самите во тоа.Едно од примерите е и ова што ќе го приложам;х.с Варта хисторија 12.7,но има и многу други примери.

Дали со ова сакат да го прикажат Александар македонски под лажна слика,или е,само поради тоа што е опишан како Зул Карнијан(или Македонец во смислол на името Македонија),каде што и во Куран се говори за тоа или нешто трето е во прашање,тоа во потполност барем сасега не е јасно.Се поставува прашање,како е можно исламските научници да правеле такви споредби и имале такви размислувања за тие кој што се споменуваат во Куран,а при тоа да не воделе сметка за историјата,токму за ова каде што станува збор?

Сепак се е можно со оглед на околностите односно можностите кои што ги имале исламските научници,па правеле таква споредба и го опишале Александар Македонски како Зул Карнијан.Значи,вероватно немале доволно аргументи и информации.Познато е и тоа дека ,
многу работи и нформацији за животот на Александар Македонски и неговиот живот се исчезнати односно не постоеле.

Од неговиот живот може да се забелелжи неговата храброст но и лошиот впечаток што го оставил кралот на Македонија како личност и како крал!Кога се враќал од индија барал да го прогласат за Бог.Во неговото присуство требало да се клекне на колена.Потоа неговите војници во него гледале како во Бог,можеби поради неговата храброст и стравот од него.Потоа ќе се покаже како проститутар и како жежка личност(х.с Варта Хисторија)Најлошото што го направил,бидејки он редовно се пијанчел,го го унуштил-изгорел градот Перзеполис,кои што не биле ни криви ни дужни,и тоа го направил само поради една гркиња проститутка,како би ги исполнил нејзините страсти и да ги исполни и задоволи желбите на своите Грчки сојузници за осветата за Ксерсковото палење на Атина во време на грчките и персиските ратови.

Историчарите велат,причината зошто градот Перзеполис го изгорел,е тоа што Александар на симболичен начин го покаже крајот на персијската доминација над регионот. Древните списи во време на хеленистичкото време наведуваат дека Александар Македонски после ова многу се каел.Перзеполис инаку бил главен град на Персиското царство во време на иранската династија Ахменида,Се наоѓа 70 км североисточно од градот Шираза во провинцијата Фарс во Иран. По ова што е кажано(но не доволно)дали е можно описот како што беше опишано горе,може да се спореди со вистината?!

Затоа ќе споменам ајети од акуран и суре Ал-Кахф;84,87,88 и други ајети каде се говори за Зул Карнијан и се вели:

Продолжува,

2Зул Карнијан Empty Re: Зул Карнијан Пон 09 Апр 2012, 2:05 am

Karşi yaka

Karşi yaka
Активен член

Во продолжение на темава,да кажам дека поради разликите во преводите на Куран’от во неколку други јазици се менува значењето на смисолот односно се додаваат освен тие ајети кој што ги спомнав,уште некои други ајети.

Значи,со тоа горе и со ова подоле што ќе го наведам во никој случај на може да се спореди Зул Карнијан со личноста која што беше опишан,мада и он поседуваше нешто од тие способности(особини што нему му беа дадени),а тоа е умот,силата(снага)и можности за да може да се постигне,тоа што беше постигнато.

И те прашуваат за Зул Карнејн.Кажи.“Ќе ви изнесам за него едно сеќавање.“

Ние, навистина,му дадовме едно место на земјава.И му дадовме показ кон секоја ствар,и тој,тогаш,тргна кон показот.

И кога стигна до местото каде што заоѓа сонцето,тој помисли дека заоѓа во матен извор,и тука најде еден народ.Ние рековме:“О Зул Канејн,или ќе го казниш овој народ или,пак,ќе бидеш учтив кон него“!

Рече:“(Зул Карнејн)што се однесува до оној кој прави зулум...па,ќе го казнам,а потоа ќе му се врати на господарот свој...и Он ќе го казни со казна невидена.“

Што се однесува до оној кој верува и кој работи добро...па,нему му припаѓа награда најубава.Со наредбата што ќе му ја кажеме ќе му олесниме.
Потоа пак тргна по показот.


Кога стигна до местото,каде што изгрева сонцето,наиде на еден народ над кого излегуваше сонцето.И ние му дадовме покривка да се штити од него.
Ете,така постапи со тој народ и Ние целосно ја знаевме постапката пред него.


Потоа пак тргна по показот.(Суре Ел – Кехф 83–92)

Незнам како е можно и по овие наведени ајети и ајетите подолу кој што ќе бидат наведени,како можат да се споредат некои работи со Зул Карнијан,кој што му се припишуваат на Александар Македонски ?!Значи,во ова прилика добро е да се споменат и Јеџуџите и Меџуџите кој што се споменуваат во во истото суре Ел – Кехф 93-98 и Ал – Енбија 96-97,а во ниту една историја кој што говорат за Александар Македонски,по мене,Јеџуџите и Меџуџите никаде не се споменуваат.

Кога стигна до едно место меѓу две брда наиде,освен на нив и на еден народ кој,речиси,на разбираше говор.

Рекоа:“О Зул Карнејн,Јеџуџ и Меџуџ,навистина се безредници на замјава.Ако ти дадеме награда,дали тогаш ќе направиш ограда меѓу нас и помеѓу нив.?“

Рече:“Она што сум оспособен од Господарот мој е подобро:подржете ме со моќ,и меѓу вас и меѓу нив ќе подигнам бедем.“

Донесете ми железни шипки.И штом израмни две страни,рече:“Дувајте!“И штом го усвити,рече:“Дајте да го прелеам тоа со растопен бакар!“

И повеќе не можеа да поминат преку бедемот,и повеќе не можеа да го пробијат.

Рече:“Ова е милост од Господарот мој .Па кога ќе дојде ветувањето на господарот мој и он ќе го срамни со замјата,а ветувањето на Господарот мој е вистинско“.(Ел – Кехф 93–98)

Се прашувашм,доколку тоа бил Александар Македонски,па зарем било тоа во опција(А ако ти дадеме награда,) прашањето за кралот на Македонија ?!
Во другите ајети за Јеџуџуте и Меџуџите се вели:

Кога ќе се отворат Јеџуџ и Меџуџ и кога сите луѓе низ стрмнина ќе се спуштаат...


и кога ќе се приближи ветувањето вистинско и кога очите на оние кои не веруваа ќе и, се скаменат:“О тешко нам,бевме рамнодушни кон ова,бевме неверници!“(Ел – Енбија 96-97)

Прашањето е,кои се Јеџуџи и Меџуџи,каде и како се прикажани,кога наводно Александар Македонски војувал со нив ?!Дали можеби е тоа во битката со слонови во индија?Што се уствари Јеџуџи и Меџуџи?Онтолошки суштества се,но какви!Дали се џинови,дивови или патуљаци,митски за нас непозната врста на луѓе?Можеби грди но безстрашни,како се прикажуваат и во наведените ајети.Или пак гјаволи,демони,со својот изглед и форма освен по предпоставки,за нас непознати суштества.Во разни митологији и култури ги прикажуваат како што наведов,но по мене тоа останува сепак мистерија.

Се прашувам,дали ајетите од суре Ер- Рахман 33 и 35 имаат нешто заедночко Ел-Кехф и Ел-Енбија 96-97.Таму се зборува и асоцира на џиновите кога некогаш правеле неред во земјата!
И уште во ајетите може да забележиме дека се споменува;џин,растопен мед,пламен,ватра,височина... .Значи како заклучок,по мое мислње,Зул Карнијан можел да имал работа со секакви суштеества,но не и со џинови,доколку ги следиме ајетите како такви јасни!

На крајот пред да завршам,само да кажам нешто за Значењето Зул Карнијан.
Доколку се обидеме да го преведеме значењето на Зул Карнијан тоа би изгледало вака:како прво треба да се земат во предвид тоа што на почетокот го кажав,а тоа е,наведов имиња кој што одговараат на описот Зул Карнијан.За Зул Карнијан се говорело и говори,дека тој бил:

“Оној кој што живеел во две генерацији“,или пак “Патни две времиња односно Временски патник“

Еве го значењето односно преведот на Зул Карнијан.
ЗУ значи;сопственик(сопственост),Малик
КАРН значи;рог,височина,време,сонце,дополнително...
КАРНЕЈН значи;тоа е двоина(множина кај нас)

Бидејки Карнијан е множина(двоина),тоа може да значи и како;оној со два рога,две времиња,две генерацији,дополнително што може да значи повторно а со тоа,два пати нешто се прави.

Со ова што го наведов коко што и самите гледате се наведени аргументи и факти но има нешто и од предпоставките покрепени со моите мислења.
Аллах најдобро знае која е вистината од сево ова,и дали воопшто(освен ајетите)постоји таа во оваа тема ?!

А на земјата има знаменија за верниците,а и во вас самите–не гледате ли?(Ез–Заријат20 21)
[b]

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот