1 Предупредување за пишување на кратенки Пон 02 Апр 2012, 1:14 am
Muaz al Islam
Модератор
Предупредување за пишување на кратенки
Хамза ел-Кеттани, Аллах субханеху ве те ала да биде милостив со него, раскажува дека после споменувањето на Веровесникот, саллАллаху алејхи ве селам, пишувал само салават, а не пишувал селам. Го видел Аллаховиот Пратеник, СаллАллаху алејхи ве селам, во сон кај што му вели: "Зошто не го доискажуваш салаватот за мене?“ После ова, вели Хамза, никогаш не сум го спомнал Аллаховиот Пратеник, СаллАллаху алејхи ве селам, без да ги напишам салаватот и селамот. Од широко распространетите грешки кои ги прават авторите, преведувачите и слични на нив е и скратеното пишување салават и селам при спомнувањето на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлам, како што тие обично пишуваат (а.с.) или (с.а.в.с).
Абдуллах ибн Џибрин рекол: „Таквиот начин е погрешен и покрај тоа што е многу раширен во современите книги. Исправно е спомнување на салават и селам на Веровесникот, саллАллаху алејхи ве селлем, во потполност, како во потполност би го прочитале и читателите за и авторите и читателите да добијат награда за тоа, за разлика од симболите кои што читателите ќе ги прескокнат или ќе ги причитаат само како симболи.“ (Medželletu jemanijje, br. 469.)
Шејх Бин Баз, Аллах субханеху ве те ала да му се смилува, рекол: „Пропишано е да се пише во потполност како што ни наредил Аллах, субханеху ве те ала, во потполност да донесеме салават и селам [/b]за него, за читателите да го проучат при читањето. Не доликува салават и селам на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлам, да се сведе на пишувањебуква (с) или (с.а.в.с.) и слични симболи кој ги користат поединечни автори, за тоа што во тоа е спротиставување на Аллаховата, субханеху ве те ала, наредба спомената во Неговата Чесна Книга: >>...О, верници,
благословувајте го и вие и праќајте му поздрав! << (Ел-Ахзаб: 56). Читателот, ако во целост не ги пишува, или не ги приметува тие симболи или не знае за што се работи. А некои исламски учители ги презреле тие симболи ипредупредувале на нив.“
Ибну Салах во својата Мукаддима рекол „На оној што бара знаење од хадисите да истрајува во пишувањето салавати и селами после спомнувањето на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селам и нека не му биде тешко да го спомне секој пат кога ќе го спомне и неговото име. Во тоа, навистина, има голема корист за оние кои бараат знаење од хадисите, а на оној кој ќе биде немарлив према ова, ќе му биде ускратено голема добрина.“
Хамза ел-Кеттани, Аллах да биде милостив со него, раскажува дека после споменувањето на Веровесникот, саллАллаху алејхи ве селам, пишувал само салават, а не шишувал селам. Го видел Аллаховиот Пратеник, СаллАллаху алејхи ве селам, во сон кај што му вели: "Зошто не го доискажуваш салаватот за мене?“ После ова, вели Хамза, никогаш не сум го спомнал Аллаховиот Пратеник, СаллАллаху алејхи ве селам, без да ги напишам салаватот и селамот.
Сујути, рахметуллахи, во своето дело „Тедрибу рави“, рекол: „Покудено е ограничувањето на салават или селам заради зборовите на Севишниот...О, верници,
благословувајте го и вие и праќајте му поздрав! (Ел Ахзаб, 56), како што е покудено и пишувањето симболи од само еден или два харфа. Напротив, треба во целост да се пишува.“ (Меџмуу фетава ли шејх Бин Баз, 2/396. скратено)
Сујути спомнува „Се раскажува дека на оној што прв напишал салават и селам со симболи, му била отсечена раката“ (Тедрибу рави, 2/77)
Превземено: stazomislama
Превод: Muaz al Islam
Корекција: Ал Алек
[You must be registered and logged in to see this link.]