,,Ние го објавуваме во Куранот она што е лек и милост за верниците.” (Ел-Исра, 82)
Некои факти околу ова.
Kои се знаците на магија?
Знаците на опсихреност(обземеност со магија) се многубројни и се разликуваат од една до некоја друга врста на сихр или магија. Голем знак на опсихреност е кога човекот не може да учи Кур`ан, зошто му се преплетува јазикот или не може да извршува намаз зошто го зафаќаат грчеви, паѓа во несвест и сл.
Ваквите видови на сихр(магија) се опасни и потребно е да се бори против нив на секој можен начин или да се лекува. Исто така, еден од големите знаци на опсихреност е кога човекот кој ја сакал својата сопруга одеднаш – од негови непознати причини, ја замразува и почнува да чувствува одвратност спрема неа, спрема своето семејство или пак обратно, т.е. такво нешто да и се случува на сопругата. Има уште некои други големи знаци, али овие два се водечки помеѓу нив, зошто се како најчеста појава.
Други, помали знаци на опчинетост со сихр, може да бидат почести грди и страшни сонови, шкриптење со забите додека се спие, нагли чувства на одбојност спрема извршување на исламските прописи, изненадувачко чувство на одбојност или омраза спрема други особи и слично. Важно е да се напомене дека овие знаци во поголем дел од случаевите не се знак на опсихреност, туку се само како производ на гревот која дотичната особа го чинела, али и можат да бидат и знак на опсихреност.
Симптоми и знаци кои се појавуваат кај човекот во текот на учење на рукјата
При учење на шеријатска рукја над болен, ако се појават сите или некои од овие знаци знај дека џинот е присутен
1.Забрзано треперење или играње на очните капаци.
2.Врескање
3.Ставање на раката на очи
4.Земање на раката на оној што лечи и нејзино кревање во воздух
5.Длабоко земење вдишување на воздух, неколку пати
6.Посебна мирност, смиреност во тишина на телото (ова знаат да го приметат во главно поискусните исцелители)
7.Непрекинато и силно дување (како кога се задише после долго трчање)
8.Насочен поглед во една точка, зјапање во неа.
9.Неможност на зборување
10.Силно или послабо тресење на телото
11.Удирање на нозете (под глуждовите) една од друга
12.Плач, тивок или зголемен
13.Измена на гласот (од машки во женски или во погруб и сл)
14.Удирање и напад на оној што лечи-исцелува
15.Жестоко одбивање да се продолжи со рукјата (откако болниот прифатил во почетокот)
16.Кога рацете се удираат една со друга исто така и нозете.
17.Пцуење на исцелителот
18.Повторување на учењето на Куран по исцелителот (значи што и ќе учи исцелителот, болниот повторува по него, или учи заедно со него)
19.Хистерично смеење
20.Долго гледање во очите на исцелителот без најмало трепкање
итн..
Што е рукја?
Рукја( ар. ar-ruqya ) претставува учење на одредени ајети на особата која е опседната со џинните. Со учењето на тие одредени ајети џинните(невидливи суштества од оган) реагираат и почнуваат да испуштаат необични гласови, преку гласот на опсихрената особа.
Некогаш заболената особа ќе проговори со глас кој инаку, самата никогаш не го проговорела или на јазик кој никогаш не зборувала. Тоа е гласот на џиннот кој говори од особата. Кога џиннот ќе проговори му се учат и понатака ајетите и се бара од него да ја напушти дотичната особа, да прими ислам или ако не сака да излезе обично ќе биде убиен или со сила истеран. Овој пат нема за тие детали да зборуваме, само ќе напоменеме дека заболената особа , после проговорувањето на џиннот повеќе не чувствува што се случува со неа, ниту ги чувствува болките доколку биде удирана за време на лекувањето, а ни после лекувањето кога се `разбуди` од таквата состојба.
Дозволено е да се учи рукја на самиот себеси, а и да други учат над заболената особа. Али ,само доколку рукјата ја учи здрава особа, која би требало да биде колку – толку познавач на џиннскиот свет и нивните можни лаги, зошто тие се склони на лажење. Потоа, учачот на рукја мора да ги познава основните исламски прописи и да се придржува на истите. Особа која е склона на чинење гревови не треба да учи рукја на друг, зошто џиннот од опсихрената особа може да премине во таа особа. Истотака рукја не може да учи маж на туѓа жена без присуство на нејзиниот маж или махрем.
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кажувајќи за она што го видел на Mираџ - рекол: ,,...ми рече (Џибрил, покажувајќи на една голема група): ,, Ова е твојот уммет (Мухаммеде), а овие први седумдесет илјади ќе бидат први кои нема да имаат полагање на рачун, ниту ќе бидат со нешто казнети.” па прашав: ,,Зошто?” ,, Зошто не се жигосувале ( не биле со оган или со усиено железо раните не ги спалувале), ниту барале да им се учи рукја, не биле празоверни и цврсто се потпирале на Аллах с.в.т...” (Сахихул-Бухари: 6059, Сахихул- Муслим:321, Сунену-Тирмизи:2370)
Од овој хадис(предание) може да се заклучи дека не е пожелно да некој бара да му се учи рукја, али, ако на некој друг би му се учело нема никаква пречка, зошто Пратеникот с.а.в.с., учеше на други рукја, а не бараше нему да му се учи рукја.
И во случајот со жената црнкиња која барала од Пратеникот с.а.в.с., да го замоли Аллах џ.ш. да ја излечи од падавица(епилепсија) на што и рекол: ,, Повеќе сакаш Аллах џ.ш. да те излечи или сакаш Џеннет(рај)?” укажува на тоа дека оној кој се стрпи на таква и слична болест, награда ќе му биде Џеннет, така да не треба да се брза кај учачите со Кур`ан да се истеруваат џинните.
Многу важна работа е да се води сметка за фактот, дека секој човек има свој џинн, кој стално го прати и со него престојува, така да ако човекот нема вистински проблеми со џинните, не треба да ги “предизвикува” џиннот кој го прати зошто овој после него ќе го вознемирува.
Исто така, особата која еднаш била излекувана од сихр и чаролии, мора повеќе да посвети поголемо внимание на ибадетот(дела со кои е задоволен Аллах) и да уште повеќе пази на своите гревови.
ШТО Е УРОК ?
Урок е поглед на восхитување, помешан со завист на особата со покварена душа. (Фетхул-Бари, 10/200) Доколку ве гледа особа која е склона на завист, нејзината завист штето делува на оној кому е упатен погледот.Возвишениот Аллах џ.ш. на душите и телата им дал различити видови на моќ. На мнозина им подарил посебна телесна и духовна моќ. Урокот настанува по следниот редослед: Особата кој може да урочува прво со нешто се восхитува. И се допаѓа човекот, предмет или нешто друго. Потоа се јавува покварената душа, која при урочењето се служи со продорен поглед.Човекот може да се урочи и самиот себеси исто како што може други да урочува. Доколку човекот е восхитен со своето тело и изглед, ако не ги проучи довите за заштита. Затоа, гледајќи се во огледало треба да рече: ,, Аллахумме хассин хулики кема хасенете веџхи,” ( Аллаху мој, разубавими го мојот морал како што моето лице го направи убаво) , истотака треба да се рече: ,,Субханаллахи ахсенул-халикин”( нека е Славен најубавиот Создател). Се препорачува избегнување на претерано загледување во своето тело, долго стоење пред огледало, гледање на сполниот орган, зошто џинните тоа го сакаат и гледаат прилика како да му наштетат на човекот.Записите, талисманите и амајлиите се една од појавите кои строго се забранети и шкодат уште повеќе.
Дозволено е како што споменавме, да се бара од побожните и честити учени особи да некому се учи рукја, али подобро е тоа да се избегне и да се учи рукја самиот себеси, зошто тоа е и прилика да се покаже цврстината на тевеккулот (потпирањето врз Возвишениот Аллах џ..) а има и надеж да се биде од оние седумдесет илјади кои без никаква сметка и без никаква казна ќе влезат во Џеннет, вечното престојувалиште на правоверните.
Затоа, брате и сестро во нашата убава вера, ако ви треба такво лекување, лекувајте се сами себеси, и не заборавајте дека Возвишениот Аллах с.в.т, рекол: ,,И рече Господарот ваш, молите Ме (чинете ми дова) ќе ви одговорам (ќе ви ги услишам вашите молби). ( превод значење Гафир, 60) Доволно ќе ти биде да се сетиш на своите гревови, а никој не е безгрешен, па себеси да се кориш заради тоа, и од Аллах с.в.т. искрено побарај прошка, а никој во довата од самиот себе не би бил поискрен, зошто ти најдобро знаеш во каква состојба си. И , иако знаеш дека имаш многу гревови недавај да се разочараш, Аллах е Милослив па моли Го за прошка и труди се на секој начин да го поправиш својот однос према својот Господар.