1 Извршување на намазот во светлината на Суннетот Саб 31 Дек 2011, 2:15 am
Muaz al Islam
Модератор
Начин на извршување на намазот во светлината на веродостојниот суннет
По прописниот абдест, непходно е да се исполни четири услови за намаз.
· Покривање на срамните места.
Мажот е должен за време на намазот да го покрие попокот и до под колената. Исто така не му е дозволено да ги открие рамениците во намазот. Ова се третира како минимум за исправност на намаз иако е подобро и потполно да се покрије телото од рамениците до над зглобовите на стапалата. Жената во намаз ќе го покрие целото тело, освен лицето и дланките.
· Настапување на намаското време.
Настапување на намаското време е услов без кој невреди намазот. Не е дозволено клањање на намазот вон пропишаното време. Пладневското време настапува кога сонцето ќе премине на втората половина од небото. Икиндиското време настапува непосредно по истекувањето на пладневското време, кога сенката на некој предмет ќе биде еднаква на неговата должина , непресметувајчи ја должината на малата сенка која се забележува додека сонцето е во зенитот. Акшамското време настапува со заоѓање на сонцето. Јациското време настапува со исчезнувањето на црвенилото на небото (т.е со настапување на потполна темница). Сабахското време почнува со настапување на мугрите. Вистинските мугри настапуваат кога на хоризонтот на источната страна ќе се појави светлина која постепено се засилува.
· Насочување кон Кибла
Насочување кон Кибла е услов за исправеноста на намазот. Кој ја гледа Каба со своите очи тој мора да се заврти точно кон нејзиниот правец. Тој што не ја гледа Каба со своите очи, должен е да се насочи кон срана на која што се наоѓа Каба
· Чистотија на облеката, на телото и на местото на кое што се извршува намазот.
Тука е непходно да се направи разлика помеѓу тоа што се смета за нечистотијата во обичаите на луѓето и нечистотијата во шеријатска смисла. Извалканата облека, тело или место (без да се извалка со урина или измет), пр. Со прашина, земја, кал, не се пречка за извршувањето на намазот. За чистење на облеката, телото и местото на кое ќе се извршува намазот, не е потребен нијет. Со самото остранување на нечистотијата се постигнува целта на чистењето. По исполнувањето на ове услови се пристапува кон дланката кое што се блиску врзани за намазот, иако не се составен дел на самиот намаз:
- Пред почетокот на намазот убаво е да се постави преграда (сутра) кон која се клања.
Клањачот ќе застане зад преградата на одалеченост од 3 подлактици. Нејзината висина треба да биде барем за една подлактица, додека ширината не е битна. На клањачот му е дозволено за преграда да земе копје, столб, превозно средство, кревет, човек, дрво, ѕид, стап итн. Не е убаво за преграда да се земе предмет кој го деконцентрира клањачот, како што се: телевизор, огледало, прозорец, шарена, сликана или испишана плоча и сл., бидејчи со значајно се намалува скрушеноста на намазот. Преградата на имамот воедно претставува и преграда за сите кои клањаат позади него, што значи дека нема пречки за поминување помеѓу сафовите во намазот кога тоа е потребно. Единствено се забранува поминување поминување помеѓу имамот и преградата.
- Да се направи нијет за извршување на одредениот намаз.
Нијетот е услов без кој намазот не вреди и тој кон делата е како душата кон телото. Се прави исклучиво со срце, никако со зборови. По нијетот (искрената намера) за намаз, се почнува со овој чесен обред. Стапување во намазот се случува со изговарање на текбирот.