1 На што треба да се внимава додека се врши нужда Пет 11 Ное 2011, 12:10 am
Muaz al Islam
Модератор
Додека се врши нужда треба да се внимава на следниве адаби - правила:
1. Кога се влегува во тоалет, не смее да се носи со себе ништо што има на себе напишано некое Аллахово име или некој Курански ајет, бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем: „Носел прстен на кој било изгравирано Мухаммед, Аллахов Пратеник и го вадел при влегување во тоалет.“
2. Да се изучи еузу и бисмилла пред да се зачекори во тоалетот со левата нога или пред да ја соблече облеката, ако ја врши нуждата на отворено место, така што ќе каже:
„Бисмиллахи, Аллахуме инни еузу бике минел хубси вел хабаси“ - Во името на Аллах, Аллаху заштити ме од шејтанот и сите нечистотии;
3. Треба да се молчи додека се врши нужда и да не се зборува ништо, освен во случај кога мора нешто да се одговори;
4. Да се почитува правецот на Киблата така што нема да се врти ни од напред ни од зади, туку ќе се сврти на онаа страна така што Киблата ќе му дојде од лева или десна страна, освен во случај кога е заклонет од Киблата со нешто во непосредна близина, како што е ѕид и сл., бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Не вртете се, при извршувањето на мала или голема нужда, со предната или задната страна кон Кибла!“;
5.Да не се врши нужда во животинско дувло, поради можноста во него да има некое животно или друго суштество кое може да му нанесе некое зло и кое ќе го вознемири без причина;
6. Да не се врши нужда на патеки каде што поминуваат луѓето и каде што луѓето седат и разговараат;
7. Без потреба да не се врши нужда стоејќи, затоа што тоа не му доликува на муслиманот и постои можност да дојде до прскање од урината на облеката;
8. Да не се урина во местото каде се капе, ниту во стоена или течна вода, ниту на гроб, ниту во џамија - без разлика дали се врши во некаков сад;
9. Во тоалетот да се влегува со лева нога, а од него да се излегува со десна нога, а излегувајќи треба да се каже: „Гуфранеке“ (Барам прошка од Тебе);
10. Да не се чисти со засушен животински измет и коски, (затоа што тоа е храна на џинните муслимани).
Задолжително е бришењето или миењето да се извршат само со левата рака, а убаво е да се извршат непарен број пати, и тоа три пати, пет пати итн. По извршеното бришење или миење, рацете треба добро да се измијат со сапун.