1 BISTRO SRCE Пон 12 Дек 2011, 2:30 pm
Karşi yaka
Активен член
Бистро срце
Ете, еден ден, на се му доаѓа крајот, па и на нашето здружување во дуњалукот, полека, неприметено, како што впрочем може и треба да се очекува! До кога ќе биде нашиот престој и здружување во дуњалукот, тоа само Аллах знае. Нашето заминување како и да е, еден ден ќе дојде, но прашањето е; што, како и каде го поминавме, односно каде го потрошивме тоа драгоцено време и сигурно е дека, ќе бидеме прашани за тоа.
Деновите, месеците па и годините ги оставивме зад себе со ритамот на времето и ритамот на срцето со првиот и единствениот звук кој што не покренуваше и не покренува и ни дава снага и надеж, дека ќе бидеме од тие кој што нашата визуелност ќе ја насочиме кон тоа, да створиме амбиент во поглед на односот измеѓу нас, без оглед на правците во Исламот ( ние муслиманите за кој што сме се опредлиле).
Сепак, колку успеавме и колку успеваме во тоа не знам, Аллах најдобро знае, но едно знам, а тоа е дека, секој муслиман кој што ги следи Исламските прописи (шеријатското право), ќе го добие заслуженото.
Јас, но и вие се обидуваме да бидеме искрени, коректни, трпеливи, никому да не му ги повредиме чувствата, и нашите срца да не бидат нечисти и да не кажеме и да не го работиме спротивното од тоа што нашето срце го мисли и го сака и да го насочиме во правец, каде што завидноста, омразата, нетрпението и сите други лоши особини ги нема односно, да останат зад нас во заборав како и да не постоеле!
Освен оние кои се трпеливи и кои работат добри дела.За нив има прошка и награда голема ! (Худ 11)
Исламот огромно значење му посветува на срцето(во Куран'от не случајно е спомнат толку пати (дури, пеесети еден плус десет пати се појавува), затоа што, срцето ги уништува добрите дела (доколку немаш влијание врз него) и ја брише неговата радост и ја мати неговата чистота.
Мухаммед (а.с.), во една прилика бил прашан; Кој е најдобар човек? Оној кој што има чисто срце и искрен јазик. Потоа бил пак прашан;
Што значи чисто срце? Тоа е побожност, бистро срце која што во себе нема гревови, замена, омраза, завидност.
Делата се вреднуваат спрема нијјетот и намерите и ние ќе одговараме за тие две нешта, а не спрема сработеното(делата) !
Нашите дела се провизиорни , и често знаат да се појавуваат спротивно од нашиот нијјет и нашата намера !
Значи, има моменти кога човек прави нијјет и има намера да направи нешто (некоја добра работа), но нему шејтанот му го попречува патот (доколку имал чиста халал замисла) и он прави други работи а не што му била намерата, односно тоа што срцето негово го посакувало!
Аллах ни е сведок за нашиот нијјет, нашите намери и дела, но дека некој нашите работи се обидува да ги окфалификува, цени, и да ги вреднува како погрешни, тој го промашил патот и он работи против Исламот.
Господаре наш, прости ни, нам и на браќата наши, и на оние кои ни предходеа во иманот,а срцата наши, пак, сочувај ги од злоба, кон оние кои веруваат. Господаре наш, Ти си навистина, сочуствителен и сомилосен! (Ал - Хаср 10)
Лутото (налутеното) око гледа од темниот односно мрачниот агол.Тоа ослепува пред добрите работи а ги зголемува лошите работи, затоа не дозволувајте вашето срце и око да бидат дел од тоа и немојте да се разедините, односно да се прегрупирате (во негативна смисла), меѓусебно да се мразите, ниту пак да сте завидни едни на други !
Бидете браќа на Аллаховите робови, затоа што и вие сте тоа!
На муслиманот не му е дозволено да го напушти (да ги прекине врските) својот брат повеќе од три дена.Никој од вас нема да биде добар верник додека не му посака на својот брат тоа што го посакува за себе.За не прифаќање на извинување (халал)е голема грешка. Кој ќе побара опрост (халал) од својот брат муслиман и ако он тоа не го прифати, тој ќе биде грешник, како човек да го грабнува имотот(имањето или...)
Сигурно е дека на правиот муслиман никогаш не му е до тоа да се докаже, односно да биде во центарот на вниманието, затоа што, со самата помисла на тоа, го води човекот во пропаст.
Ако простуваш, Господару мој, прости им на сите! Кој роб Твој не (макар малце) згрешил.