Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Прашање за Хиџаб EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Прашање за Хиџаб EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Прашање за Хиџаб EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Прашање за Хиџаб EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Прашање за Хиџаб EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Прашање за Хиџаб EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Прашање за Хиџаб EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Прашање за Хиџаб EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Прашање за Хиџаб EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Прашање за Хиџаб EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Прашање за Хиџаб EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Прашање за Хиџаб EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Прашање за Хиџаб EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Прашање за Хиџаб EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Прашање за Хиџаб EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 17 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 17 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 421 во Сре 30 Окт 2024, 3:09 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 
Haqq (253)
Прашање за Хиџаб Vote_lcapПрашање за Хиџаб Voting_barПрашање за Хиџаб Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Прашање за Хиџаб Empty Прашање за Хиџаб Вто 13 Дек 2011, 4:42 pm

AZNATAR BEKIR


Нови член
Нови член
selamun alejkum ahi no sakam da znam kako sto ima na zenata hidzabot dali ima kaj maskoto hidzabot ali ako sakate dami kazete podetalno za ova ke ve zamola i kako treba da se obleceme osven u galebija zatoa sto sredinata ne dava bas na takov nacin dase obleceme osven galebijata mozeli da se obleceme na drugo i da toa prestavuva kaj mazot HIDZAP

2Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Вто 13 Дек 2011, 4:54 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
АДАБИ НА МУСЛИМАНОТ ВО ОБЛЕКА И УКРАС آدَابُ الِّلبَاسِ وَالزِّينَةِ))

Нема сомнение дека облеката е важен и значаен дел кај муслиманот, за кој и Возвишениот Аллах џ.ш. го бара од нас: „О синови на Адем, убаво облечете се кога поаѓате во џамија. Јадете и пијте но немојте да претерувате. Навистина, Тој не ги сака оние кои претеруваат." (Ел-Араф, 31)

Исто така тоа го наредил и Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. со зборовите: „Јадете, пијте, облечете се и делете садака без претерување и фалење." (Несаи)

Посматрачот на куранските поглавја ќе дојде до заклучок дека првото суре е објавено со повик кон знаење и наука, додека второто суре е објавено со повик и апел за хигиена. Во првото суре се наведуваат зборовите: „Икре" (Учи) додека во другото суре се наведуваат зборовите: „Ве сијабеке фет-таххир" (И својата облека очисти ја). Исламот и посветил големо внимание на хигиената дури Пејгамберот а.с. и дал третман на половина иман (верување) Тој рекол: „Чистотијата е половина иман." (Муслим) Затоа верникот за да стапи во контакт со својот Господар неминовно е должен да биде со чиста облека, место и тело, со чиста душа, возвишен дух и смирено срце. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: „О синови Адемови, при секој намаз облечете се свечено." (Ел-Араф, 31) Значи за секој намаз облекувајте се свечено, украсно и со најубава облека. Ова значење практично ни го појаснил Хасан б. Алијј р.а. кој кога сакал да обави намаз ги облекувал најубавите алишта. Кога бил прашан за тоа. Рекол: „Аллах е убав и ја сака убавината, и јас се дотерувам за мојот Господар кој вели: „При секој намаз облечете се свечено."

Ние денес, сакаме да укажеме на една навика, пракса која свесно или несвесно ја забележуваме кај некои браќа, кои кога одат на руку или на сеџде нивната половина се открива, па на тој начин го рушат еден од условите на намазот, а тоа прописно облекување при клањање на намаз. Оние кои исламот почнале да го учат уште од почеток и од основа, тие секако, научиле дека постојат шест надворешни намаски шартови: 1 да биде облеката и местото чисто каде ќе се клања. 2 да се земе абдест или по потреба да се искапе. 3 прописно да се облече т.е. и во намаз и надвор од него муслиманот мора да биде покриен од над папок и до подколеници (кога игра футбол, кога оди по улица, кога шета) 4 на време да клања. 5 кон кибле да се сврти и 6 нијет да донесе што наумил да клања.

Значи, услов за да нашиот намаз биде кабул, мораме да внимаваме на нашата облека, односно да не се открива нешто од телото кое е задолжително да се покрива.

Поради ова, муслиманот треба и мора да внимава на следниве правила:

1- Потребно е да ги покрива срамните места. Облекувањето е од благодетите на Возвишениот Аллах џ. кој наредува, човекот да се покрива со материјална и духовна облека: „О синови Адемови, Ние ви испративме облека, секако, за да ги покриете срамните места ваши, и одела, но облеката на богобојазливоста, всушност, е најдобрата. Ете, тоа е едно од знаменијата Аллахови за да се сеќаваат." (Ел-Араф, 26)
Покривањето на срамните места е од возвишените адаби на оваа вера. Затоа на мажите и жените им е забрането, да гледаат едни на други, во срамните места, поради тоа што може да доведе до големи непријатности. Срамното место кај мажите кое треба да биде покриено и во кое не смее никој да погледне, освен неговата жена, е од папокот до колената. Додека жената треба целосно да биде покриена. Жената може пред блиската роднина да ги искажува оние места кои вообичаено се искажуваат. Како на пример: лице, раце, коса. Додека пак пред жени не смее да и се покажува местото меѓу папокот и коленото.

2- На муслиманот забрането му е да носи женска облека, а на муслиманката машка облека.
За ова постои жестока закана и проклетство од Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. кој рекол: „Возвишениот Аллах ги проколнал мажите кои сличат во облекување на жени, а жените кои ги имитираат мажите во облекување." (Бухари)
Имитацијата понекогаш може да биде во облекување, во зборување, во одење и сл. Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. за ова рекол: „Таквите извадете ги од вашите куќи." И во праксата на Пејгамберот а.с се случувале вакви работи. Еве еден таков пример: За еден човек што имитирал жени, бил истеран надвор. Истото го направил и Омер р.а. (Бухари, Ахмед)

3- Да не се носи облека подолга од под членки заради надување, фалење и гордеење. Возвишениот Аллах џ.ш. се заканил дека нема да гледа во него на Судниот ден. Исто така и Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: „Аллах нема да гледа на Судниот ден ќе ја пушти облеката да му се влече од надуеност." (Бухари, Муслим)

4- Забрането е да се облекува препознатлива облека. Тоа значи облекување на облека која ќе привлече внимание и гледање од околината, која истовремено е проследена со надуеност. Ибн Омер р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: „Кој ќе облече препознатлива облека (ثََوبُ شُهْرَةٍ) на дуњалук, Аллах џ.ш. ќе го облече со понижувачка облека на Судниот ден." (Ахмед, Ебу Давуд)

5- Забрането е злато и свила за мажите освен со оправдание.
Додека пак за жените златото и свилата се дозволени. Алија ибн Еби Талиб р.а. вели: „Навистина, Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. зеде свила во десната рака и злато во левата рака потоа рече: „Овие две работи се харам (забранети) за мажите од мојот уммет." (Ебу Давуд, Несаи, Ибн Маџе)
Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. забранил златен прстен." (Бухари, Муслим)
Се дозволува употреба на злато за лекување - за мажи при потреба. Се пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. му дозволил на еден асхаб да употреби злато за правење нос, на кого му бил отсечен. (Ебу Давуд, хасен)

6- Забрането е носење на облека на која има нацртано крст или слики. Под слики се мисли на оние кои има душа во нив. Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. ја прекорил Аиша р.а. кога зела перница на која имало слика со нацртани живи суштетства. (Бухари, Муслим).
Постојаната комисија за верски прашања во С. Арабија вели: „Не се дозволува човек да клања во облека на која има слики со душа како: луѓе, птици, стока и слични предмети кои имаат душа. Ниту му е дозволено на муслиманот да ги облекува надвор од намаз. А намазот му се прима ако клања со облека на која има слики, но се смета за грешен, оној што го сознае овој шеријатски пропис, а работи спротивно ќе се смета за грешен."
7- Суннет е облекување од десна страна. Поради хадисот на Аиша р.а.: „Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. ја сакал десната страна во чистење, чешлање и облекување на чевли." (Бухари, Муслим) Притоа при соблекување на чевли се започнува од левата страна, бидејќи Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: „Кога некој од вас облекува чевли, нека почне со десна нога, а кога ги соблекува, нека почне со лева!" (Муслим)

8- Кога ќе се облече ново одело или било која друга облека, нека се проучи следнава дова: „Аллахумме леке-л-хамду, енте кесевтенихи, ес’елуке хајреху ве хајре ма суниа леху, ве еузу бике мин шеррихи ве шерри ма суниа леху." (Аллаху мој, тебе, ти припаѓа секоја благодарност, Ти си ме облекол! Те молам за добро во неа (на облеката) и добро во она од што е изработена, а ти се приклонувам од злото во неа и злото од што е изработена) (Ебу Давуд, Тирмизи)

9- Пожелно е да се облекува бела облека. Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: „Облекувајте бела облека, бидејќи таа е од најдобрите облеки, и во бели ќефини замотајте ги вашите умрени." (Несаи и др.)

Во разни преданија се споменува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. носел и црвена мантија, зелена облека и црн турбан.

10- На муслиманот дозволено му е да носи сребрен прстен, на него да го изгравира своето име. Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. имал сребрен прстен на кого било изгравирано 'Мухаммед ресулуллах" /Мухаммед, Аллахов пејгамбер/, а прстенот го носел на малиот прст од левата рака. (Муслим) Постои хадис од Алија р.а. дека Пејгамберот а.с. забранил да се носи прстен на средниот прст и показалецот. (Муслим)

Имам Невеви спомнува дека исламската улема утврдила дека дозволено е да се носи прстен и на десна и на лева рака, и нема пречка за ниедна од нив.

Аллах Возвишениот Го молам да не направи од оние кои слушаат и се покоруваат на Неговите наредби и избегнуваат Неговите забрани, да го обеле нашето лице на денот кога некои лица ќе поцрнат, да не смести во друштво со Ресуллах а.с. со асхабите, шехидите, искрените и добрите луѓе на Судниот ден...! Амин

http://www.ahlu-sunnah.org

3Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Вто 13 Дек 2011, 4:56 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
AZNATAR BEKIR напиша:selamun alejkum ahi no sakam da znam kako sto ima na zenata hidzabot dali ima kaj maskoto hidzabot ali ako sakate dami kazete podetalno za ova ke ve zamola i kako treba da se obleceme osven u galebija zatoa sto sredinata ne dava bas na takov nacin dase obleceme osven galebijata mozeli da se obleceme na drugo i da toa prestavuva kaj mazot HIDZAP

Акхи зошто вака поставуваш прашања од една тема на друга,,Тука станува збо за едно ти сега друга зборувашш,,Какоф машки хиџап од каде овие информации наведи нешто во врска со твоето прашање некој уводен дел на прашањето..

Џелабија нее машки хиџап,,Џелабија е Арапска носија и кај нас таја не преставува дел од сунетот ,,а како да се носиме еве ти опишини како се носиш во секјдневието ,,??



Последната промена е направена од LAUTKA на Вто 13 Дек 2011, 5:40 pm. Мислењето е променето 1 пати

4Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Вто 13 Дек 2011, 4:58 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
AZNATAR BEKIR напиша:selamun alejkum ahi no sakam da znam kako sto ima na zenata hidzabot dali ima kaj maskoto hidzabot ali ako sakate dami kazete podetalno za ova ke ve zamola i kako treba da se obleceme osven u galebija zatoa sto sredinata ne dava bas na takov nacin dase obleceme osven galebijata mozeli da se obleceme na drugo i da toa prestavuva kaj mazot HIDZAP

Прашање за Хиџаб 201836
Во горенаведениот коментар има текст за Адабите на Облеката.

А во врската со прашањето дали кај мажите го има Хиџабот. Тука не знам поточно што точно сакаш да кажеш. Дали сакаш да прашаш: ДАЛИ И МАЖИТЕ ТРЕБА ДА НОСАТ ХИЏАБ? (незнам што сакаш да кажеш). иншАллах објасни ни подеално што сакаш да кажеш.

http://www.ahlu-sunnah.org

5Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Сре 14 Дек 2011, 12:49 pm

AZNATAR BEKIR


Нови член
Нови член
da toa mije prasajneto dali i mazite treba da nosar hidzap i kako e nivnata obleka i vtoro prasajne zosto zlatot e haram ako sakate dani kazete

i kako treto prasajne ako sakate na ova prasajne dani davate odgovor nije znaeme deka e sunet bradata od resulot no zosto nosime brada kako doslo do braadata da se nosi ako sakate dani kazete vo imeto na allah insallah allah davise smiluva ako kazam allah dave nagradi togas i DEHNEMOT E NAGRADA TAKA POUBAVO ALLAH DANISE SMILUVA AKO NISE SMILUVA TOGAS I KE NE NAGRADI BAREKALAKU FIKH

6Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Сре 14 Дек 2011, 3:53 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Еселамун Алејкум!

Прашање:

1. Дали и мажите треба да носат хиџаб и каква е нивната облека?

Одговор:

Во името на Аллах, Самилосниот, Милосливиот!

Брате никаде во ниту еден хадис за ваков случај дали мажот треба да нос и Хиџаб не е забележано. Во исламот хиџабот е пропишан за жените а не и за мажите. Значи мажите не се задолжени за носење на хиџаб. Во еден хадис од Мухаммед с.а.в.с. енаведено: Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. кој рекол: „Возвишениот Аллах ги проколнал мажите кои сличат во облекување на жени, а жените кои ги имитираат мажите во облекување." (Бухари) . Преку овој хадис ние гледаме дека нашиот милјеник Мухаммед с.а.в.с. ни кажува дека не треба да сличеме како и нашите жени, мајки и сестри а исто и нив да не личат како нас. Хиџабот е пропишан за жената,а ние покрај наведениот хадис гледаме дека не треба да личиме на жените во нивните облеки. иншАллах се надевам дека сум јасен во врска со ова прашање.

Облекана за мажот иншАллах прочитајго текстот: АДАБИ НА МУСЛИМАНОТ ВО ОБЛЕКА И УКРАС.



Прашање:

2. Зашто златото е харам ако сакате да ни кажете?

Златото во исламот е забележано за мажите. А тоа можме да го видиме во следното предание.

Хазрети Алија пренесува: Мухаммед а.с зеде парче свила во десна рака а злато во лева рака и рече :

- За мажите од мојот уммет овие две се забранети.

(Ебу Давуд, Несаи)

Видел Пејгамберот прстен од злато на раката на еден човек, го тргнал, го фрлил а потоа рекол- Сака ли некој од вас жесток оган па нека го земе во рака

-Тогаш никој од присутните на човекот му рекол, откако отишол Пејгамберот
-Не , се колнам во Аллах , никогаш нема да го земам Аллаховиот
Пејгамбер го фрлил.
(Муслим)



Прашање:

3. Брадата е Суннет зошто ја носиме брадата и како дошло брадата да се носи во исламот?



Еве линк за Брадата:

[You must be registered and logged in to see this link.]

[You must be registered and logged in to see this link.]

Една од заповедите на Пратеникот с.а.в.с. е наредбата да се пушти брада да израстува. Ибн Омер р.а. вели: “ Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ни наредил нам (муслиманите) да ги скратуваме брковите ( така да изгледаат уредно) и да ги пуштаме брадите да израстуваат” (Муслим) Ебу Хурејре р.а. вели дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “ Скратувајте ги брковите ( да изгледаат уредно) и пуштајте ги брадите да израстуваат , и немојте да ги имитирате магианите (Персиски огнопоклоници)” (Муслим) Тие имале обричени бради и долги бркови.
Во една прилика, кога Пратеникот с.а.в.с. примил двајца Кисрини (Персиски крал) пратеници не сакал повеќе да ги гледа кога видел дека имаат обричени бради и долги бркови. Пратеникот с.а.в.с. им рече:” Тешко вас ! Кој ви наредил вака да изгледате?! Тие му рекоа : “ Нашиот господар (мислејќи на Кисра). Аллаховиот Пратеник тогаш им рече: “ Али Мојот Господар (Аллах џ.ш.) ми наредил да пуштам брада да израстува и да ги скратувам брковите (така да бидат уредни)
-(Книгата Хукумул лих`ја фил Ислам од ибн Хиббан, Хасан) и императивен нашин на обраќање , во Пратениковата с.а.в.с. изјава , што укажува дека (пуштањето брада да израсте и скратувањето на брковите) е облигатна првостепена должност, обврска наредена од Аллах џ.ш. и секој кој ја извршува ќе биде награден , а секој кој не ја извршува ќе биде казнет (онака како Аллах сака).

http://www.ahlu-sunnah.org

7Прашање за Хиџаб Empty Прашање ѕа Хиџаб Сре 14 Дек 2011, 4:27 pm

AZNATAR BEKIR


Нови член
Нови член
selamun alejkum citajgo kuranot vo sureto bekare go najgov aetot kade sto kazuva allah delesanu hu i poklonetese na adem no samo sejtanot nese pokloni e seja neli bese i pagajte sedzde a tuka pisuva polonuvajne ili poklonuvajne i sede istoli jas kako sto znam ne isto no ako sakate dami kasuvate selamun alejkum

8Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Сре 14 Дек 2011, 10:49 pm

Haqq

Haqq
Администратор
Администратор
AZNATAR BEKIR напиша:selamun alejkum citajgo kuranot vo sureto bekare go najgov aetot kade sto kazuva allah delesanu hu i poklonetese na adem no samo sejtanot nese pokloni e seja neli bese i pagajte sedzde a tuka pisuva polonuvajne ili poklonuvajne i sede istoli jas kako sto znam ne isto no ako sakate dami kasuvate selamun alejkum

Прашање за Хиџаб 913592

Aznat Bekir - vidi - site znaeme, poradi koja prichina "Iblis" napravil Kufur! Poradi taja, sto ne mu bil poslushen na Allah, subahanahu wa Tealá! Take? Taka!

No sega - izvrshuvanje na Sedzdge ispred nekoj Grob ili slichno - toa e golem Kufur, Shirk, stp go izvadzha na Covekot od Islam.

Ajde te molam da mi ja postirash na Surah Fatiha, na onaa Surah, koja sto dnevno vo nashite Namazi ja citirame - i objasnimigi poslednite dva Ajeti od taja Surah!

Прашање за Хиџаб 217814

Vo eden Hadis e zabelezhano (sahih od buhari i muslim): "Allah gi kolni na evreite i na hristijanite, zatoa sto gi na pravija grobovite od nivnite pejgamberi kako mesto za klanjanje"!

Vo toj Hadis dalje objasnuva Aisha radihuAllahu Anha: "Ako ne bi bilo toa taka (znachi toa sto go napravile predhodnite), grobot na resuAllah Прашање за Хиџаб 132318 ke beshe sigurno vo otvoren prostor/nadvor! Se sumjashe, deka i negoviot grob ke se napravi mesto za klanjanje."

SubahanAllah - znachi vidi, koja opasnost izcheznuva od seto toa!

InshAllah, ke go primish ova sto ti go pishuvam i ke razmislish dobro - i edno da ti kazham: I jas imav edno Dzahilisko Vreme, vo koe bev golem simpatizer na Sufiskata Akida. Koga mi kazhuvaa za nekoi Sheikhi, koi sto mozhele vo isto Vreme da bidat kade mene i kaj Kaba, deka go gledaat na resulAllah Прашање за Хиџаб 132318 i deka so nego zboruvaat - duri na nekoi obavuvanjeto na Namazot im se izbrisha, za toa sto bile tolku pobozhni i bliski do Allah itk. - subahanAllah - i jas to go veruvaf, dur se obidiv da chitam Knigi, a ne da slusham Ludzhe!

Прашање за Хиџаб 698808

http://www.ahlu-sunnah.org

9Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Чет 15 Дек 2011, 12:09 am

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
AZNATAR BEKIR напиша:selamun alejkum ahi no sakam da znam kako sto ima na zenata hidzabot dali ima kaj maskoto hidzabot ali ako sakate dami kazete podetalno za ova ke ve zamola i kako treba da se obleceme osven u galebija zatoa sto sredinata ne dava bas na takov nacin dase obleceme osven galebijata mozeli da se obleceme na drugo i da toa prestavuva kaj mazot HIDZAP


da toa mije prasajneto dali i mazite treba da nosar hidzap i kako e nivnata obleka i vtoro prasajne zosto zlatot e haram ako sakate dani kazete i kako treto prasajne ako sakate na ova prasajne dani davate odgovor nije znaeme deka e sunet bradata od resulot no zosto nosime brada kako doslo do braadata da se nosi ako sakate dani kazete vo imeto na allah insallah allah davise smiluva ako kazam allah dave nagradi togas i DEHNEMOT E NAGRADA TAKA POUBAVO ALLAH DANISE SMILUVA AKO NISE SMILUVA TOGAS I KE NE NAGRADI BAREKALAKU FIKH




selamun alejkum citajgo kuranot vo sureto bekare go najgov aetot kade sto kazuva allah delesanu hu i poklonetese na adem no samo sejtanot nese pokloni e seja neli bese i pagajte sedzde a tuka pisuva polonuvajne ili poklonuvajne i sede istoli jas kako sto znam ne isto no ako sakate dami kasuvate selamun alejkum







Море скокање на Теми!!!!!


Сакам да ви пренесам еден случај што се деси кај нас во Месџид пред некое време, а тоа ни се дешава скоро константно и нон стоп со истите трикови малку запаковани поинаку!!!


Задниот пример ни дојде некој дечко од Косово заедно со еден Пакистанец од Енглеска, као овој му бил на посета ама не се знаело доволно, него само го подучава енглески, прво со малку муабет ни стана јасно дека Пакистанецот е окорели бранител на Тагутската Улема и Тагутите владари во Арабскиот свет вклучувајќи и Индикушот.


Тој си замина а овој дечкото почна редовно да доаѓа, и ни призна дека не знае ништо од Ислам па чак не знае ни како се клања, се потрудивме со литература на германски, албански и енглески за све што му треба за почетник, после неколку доаѓања почнаа некои чудни прашања од негова страна и ова го кажувам да се пазиме сите како сакаат да не наседнат прво властите а потоа Тајните служби да не би рекле нешто што би било повод за нешто за нив против нас и .т.н.


Виде само ова:
-Не знае ништо од Ислам а прашува за курански ајети, кои содржат прописи за Џихад, законодавство и.т.н.


-Не знае ништо и кога сакаш да го подучиш нон стоп ја менува темата и скока од една тема на друга и те вовлекува во некоја насока која ја има предходно обработена.


-Албанец е ама не сака литература на албански и босански подобра му била германски или енглески, а истите јазици му се ептем слаби за да може да изучува за Ислам


И ред други работи.
Затоа пазете се сите да не бидеме повлечени во насока која ја сакаат другите!!!


СубханаАллах, каква е оваа инвазија од Шии, Суфии од кои се Бектешиите, Кадериите,Мурџиите(Овие модерниве), разни Тајни служби на непријателите на Исламот, како и обичната полиција и.т.




Аллаху драги заштити ме мене и моите браќа во Ислам од сплетките на овие непријатели на Исламот, и спплетките нивни насочи ги према нив, Аллахумме амин ја Рабб!!!!!

10Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Чет 15 Дек 2011, 2:29 pm

AZNATAR BEKIR


Нови член
Нови член
SELAMUN ALEJKUM DA UBAVO STO SI MI KAZAL HADIS ZA ZLATOTO NO PRASAJNETO MI BESE ZOSTO ALLAHOVIOT PEJGABER POSTAPIL TAKA O ZASTO GO NAREKLOL HARAM IMALI NEKOJA PRICINAA

11Прашање за Хиџаб Empty Re: Прашање за Хиџаб Чет 15 Дек 2011, 2:51 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
AZNATAR BEKIR напиша:SELAMUN ALEJKUM DA UBAVO STO SI MI KAZAL HADIS ZA ZLATOTO NO PRASAJNETO MI BESE ZOSTO ALLAHOVIOT PEJGABER POSTAPIL TAKA O ZASTO GO NAREKLOL HARAM IMALI NEKOJA PRICINAA

Брате токму во хадисот е забележано зошто всушност Мухаммед с.а.в.с. постапил така.

Еве уште еднаш да анализираме:

Хазрети Алија пренесува: Мухаммед а.с зеде парче свила во десна рака а злато во лева рака и рече :

- За мажите од мојот уммет овие две се забранети.

(Ебу Давуд, Несаи)

Видел Пејгамберот прстен од злато на раката на еден човек, го тргнал, го фрлил а потоа рекол- Сака ли некој од вас жесток оган па нека го земе во рака

-Тогаш никој од присутните на човекот му рекол, откако отишол Пејгамберот
-Не , се колнам во Аллах , никогаш нема да го земам Аллаховиот
Пејгамбер го фрлил.
(Муслим)


Во првото предание стои дека Мухаммед с.ав.с. рекол дека Златото е забрането.

Но во второто издание гледаме дека казната за златото е жесток оган.

Поради таа казна забрането е да се носе злато.

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот