Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 407 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 407 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 478 во Чет 14 Ное 2024, 7:10 pm
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
Muwehhid (937)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
Monoteizam (343)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
muharem fazli (323)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 
Haqq (253)
’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_lcap’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Voting_bar’Китабу Тевхид’ – Книга на Тевхид. Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Дванаесетто поглавје 118 стр.

“Во Ширк се вбројува и давање заклетва на некого или нешто друго покрај Аллах.“

“Оние што го исполнуваа договорот и кои стравуваат од Денот во кој ќе преовладува злото негово.“ (Ел - Инсан 7)

“А за онаа садака што ќе ја дадете и за оној подарок за кој ќе се заветувате Аллах навистина, знае! А за зулумќарите нема поддржници!“ (Ел - Бекаре 270)

Кажува шејхул Ислам ибн Тејмијје рахимехуллах:

“Што се однесува на давањето заклетва на некого друг покрај Аллах, како давање заклетва на кипови, Сонцето, Месечината, Гробовите и слично на тоа, преставува – ширк.“

Шејх Касим Ханефи во книгата ’Шерх Дурерил – Бихари’: Заклетвата со која се заколнуваат повеќето од неукиот свет што може да се види, како на човекот некој да му биде отсутен или е болен, или има некоја потреба, па он ќе отиде кај некој добар човек и ќе стави на нешто со што ќе го покрие своето лице, и ќе каже: “Господине мој, ако Аллах ми го врати моето изгубено или ми се исполни потребата, ќе ти дадам толку злато или толку сребро или храна или...“
По концензус ваквата заклетва не е валидна поради следното:

1.Затоа што дал заклетва на створение, а давање заклетва на створение не е дозволена, затоа што давањето заклетва е ибдет, а ибадетот никако не се прави на створенија.

2.Оној на кој му се дава заклетва веќе е мртов, а мртвиот не може ништо да направи.

3.А он смета дека мртвиот управува со работите без Аллах Возвишениот, а таквото верување е куфр.

Бележи Бухари хадис број 6696 и кажува:

“Се пренесува од Аиша радијаллаху анха дека рекол Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем:

“Кој ќе даде заклетва дека на Аллах ќе Му чини покорност, нека е покорен, а кој ќе даде заклетва да му биде непокорен нека не му чини непокорност.“


Тринаесетто поглавје 123 стр. Босански превод:

Во Ширк се вбројува барање заштита од некој друг покрај Аллах.

“Или пак имаше мажи меѓу луѓето кои бараа заштита меѓу џиновите па овие им ја зголемуваа непромисленоста.“ (Ел - Џинн 6)

Кажува рахимехуллах дека: Барање заштита од некој друг покрај Аллах преставува ширк (Исти’аза).

Кажува ибн Кајјим рахимехуллах: “Она што го прави човекот со своето срце во вид на барање заштита и пребегнување Нему, правење сеџде пред Него Господарот, потребата која ја има човекот кај Него, понизност Нему е она кое што со зборови не може да се опише“

Аллах му наредил на своите робови на многу места во Својата Книга да бараат заштита само кај Него:

“И ако шејтанот настојува да те насочи кон зло, тогаш, побарај прибежиште кај Аллах. Он, навистина, е слушач и зналец!“ (Ел-Араф 200)

“А кога ќе читаш Кур‘ан побарај да се приклониш кон Аллах од шејтанот проколнат.“ (Ен - Нахл 98)

“Или пак имаше мажи меѓу луѓето кои бараа заштита меѓу џиновите па овие им ја зголемуваа непромисленоста.“ (Ел - Џинн 6)

Од Хавла бинт Хаким радијаллаху анха се пренесува дека рекла: “Го слушнав на Аллаховиот Посланик саллалалху алејхи ве селлем дека рекол: “Кој ќе дојде и престојува на некое место и ќе каже ’Барам заштита со Аллаховите совршени зборови од она зло што Он го створи’ Ништо не ќе му наштети се додека не го напушти тоа место.“ (Муслим 2708)

Кажува Шејхот рахимехуллах во коментарот на зборовите од овој хадис ’Барам заштита со Аллаховите совршени зборови’ Аллах им пропишал на припадниците од исламот заштита да бараат само од Него Возвишениот, а не да прават како припадниците од џахилијетот и да бараат заштита од џинови, мртви итн.

Четиринаесетто поглавје 127 стр. Босански превод:

Во Ширк спаѓа и барање спас од некој друг покрај Аллах или да се моли некој друг освен Аллах.

“И не повикувај друг бог освен Аллах, кој не ти користи и кој не ти штети. Ако така направиш, тогаш, ти ќе бидеш меѓу неверниците, навистина!“ (Јунус 106)

“Ако Аллах ти даде со неволја некаква, па, оваа неможе да ја отсрани некој друг освен Него, а ако пак, ти посака од добрината Своја, тогаш, никој не може да и се справи. Со неја од робовите Свои, Он наградува кого сака. Он е Простувач и Сомилосен!“ (Јунус 107)

Вие ги обожавате киповите а не Аллаха, навистина! И лага создавате. Оние кои, секако, обожаваат друг бог освен Аллах, не поседуваат рск за вас. Та од Аллах посакувајте рск; обожавајте Го и бидете му благодарни. Нему ќе му се вратите! (Ел - Анкебут 17)

Рекол шејх Мухаммед ибн Абдул Веххаб рахимехуллах: “Во ширк спаѓа да се бара спас од некој друг покрај Аллах или да се моли на некој друг покрај Аллах.

Шејхул ислам ибн Тејмијје рахимехуллах, рекол: “ Истигаса е барање спас (талебул – гвс), а тоа е отстранување невоља, како што истинсар, барање помош (талебун – наср) а исти’ана, барање помош (талебул – авн).

“И не повикувај друг бог освен Аллах, кој не ти користи и кој не ти штети. Ако така направиш, тогаш, ти ќе бидеш меѓу неверниците, навистина!“ (Јунус 106)

“Кој повеќе скршнал од оној кој повикува друг бог освен Аллах, кој неможе да му се оѕвие на Денот суден и тие, освен Аллах, рамнодушни се кон молбите нивни“ (Ел - Ахкаф 5)

“И кој кога луѓето ќе се сберат, ќе станат непријатели нивни, и кој не ги признаваа обожавањата нивни.“ (Ел - Ахкаф 6)

•Џамиите навистина, се за Аллах и тогаш, никого не повикувајтего освен Аллах. (Ел - Џинн 18)

Пренесува Таберани рахимехуллах, со свој ланец на пренесувачи дека во времето од Веровесникот салаллаху алејхи ве селлем, бил некој човек лицемер (мунафик) кој ги вознемирувал верниците... па некои рекле: “Дојдете заедно со нас да бараме спас со помош од Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем, против овој лицемер, а кога ги слушнал Веровесникот салаллаху алејхи ве селлем, рекол: “Навистина не се бара спас од мене, него спас се бара само од Аллах Возвишениот.“

(Овој хадис Таберани рахимехуллах, го пренесува од Убаде ибн Самит радијаллаху анху, и Хејсеми го наведува хадисот во ’Меџмеуз – Зеваиду’ 10/159)

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Седумнаесетто поглавје 149 стр. Босански превод :

Во ширк спаѓа и недозволениот Шефаат (Завземање кај мртви).

“Оние покрај Аллах, им се клањаат на оние кои не можат да им наштетат, ниту пак да им донесат било каква корист, и зборуваат: “Овие се нашите завземачи, (посредници) кај Аллах.“ Кажи: “Како тоа да му кажувате на Аллах, дека на небесата и Земјата постои нешто, а Он знае дека тоа не постои!“ Нека е фален, Он е доста високо изнад оние кои му сметаат нешто рамно на Него!“ (Јунус 18)

“Аллах, навистина, ќе им пресуди за она за што токму станаа деленици. Аллах секако не ги упатува лашковците и неверниците!“ (Ез - Зумер 3)

Така Аллах го занегирал завземањето за оној кој за себе ќе земе посредник мислејќи дека он (мртвиот, кипот, гробот, турбето итн) го приближува кај Аллах, напротив таа постапка го оддалечува од Аллах, Неговата милост и опрост. Тоа е така поради тоа што он му здружил на Аллах придружник а тоа е ширк, кој тоа тој го посакува, од кого се надева, на кого се наслонува и на кого го љуби, како што го љуби на Аллах и повеќе од тоа.

“Кажи :“Повикајте ги оние кои, освен Аллах, ги замислувате. Не поседуваат ништо ни колку една колушка ситно, ни на небесата ни на земјата: во нив оние не соучествуваат нисшто а ниту пак Он од нив очекува помош некаква.“ (Себе 22)

“Кај Него не користи посредувањето освен за оној за кого Он ќе одобри. И кога срцата нивни ќе го снема стравот ќе речат:“Што рече Господарот ваш?“ Ќе речат:“ Вистина!“ ; Он е Вишен и Голем!“ (Себе 23)

Деветнаесетто поглавје 161 стр. Босански превод:

Причина за неверство (Куфр) на синовите од Адем, и напуштање на нивната вера преставува нивното претерување и величеење, воздигнување на добрите луѓе.

“О следбеници на книгата не претерувајте во верата ваша и за Аллах само вистина зборувајте! Месих, Иса синот на Мерјем, е пејкамбер Аллахов, зборот Негов кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови и не зборувајте “ тројца“. Престанете тоа е подобро за вас! Аллах, навистина е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Се што е на Небесата и на Земјата е Аллахово! А Аллах секако е Доволен Закрилник.“ (Ен - Ниса 171)

Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем го предупредил својот Уммет од опасноста на претерување, тоа го нагласил предупредувајќи на незнаењето од овој Уммет, кое се случило.
Од Омер радијаллаху анху се пренесува дека рекол Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем:

“Немојте да ме споменувате, ниту прекумерно да ме пофалувате како што христијаните претерано го пофалувале синот од Мерјем. Јас сум навистина роб, па речете Аллахов Роб и Негов Посланик“ (Бухари 3445 а исто така го бележи и Муслим)

Кажува ибн Аббас радијаллаху анху дека рекол Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем:

“Чувајте се од претерување затоа што навистина претерувањето ги уништило на оние кои беа пред вас.“ (Ахмед во Муснед 1/215, 347)

Шејхул Ислам ибн Тејмијје рекол: ’Ова е општо за сите врсти на претерување во верување и дела.’

Дваесетто поглавје 168 стр. Босански превод:

Пренесено е тешко, големо предупредување за оној кој го обожава на Аллах кај гроб на некој добар човек, па колку е тешко тогаш предупредувањето за оној кој го обожава на оној кој се наоѓа во кабурот.

Во двата Сахиха од имам Бухари 472 и имам Муслим 528 се пренесува од Аиша радијаллаху анха дека Умму Селеме радијаллаху анха му ја спомнала на Мухамед саллаллаху алејхи ве селлем, црквата која ја видела во Абесинија и сликите кои се наоѓале во неа, па Посланикот алејхи селам рекол:

“Тоа се оние кога ќе им умре некој добар човек, или добар роб, ќе му направат на неговиот гроб храм и во него ќе ги насликаат нивните ликови... тоа се најзлобни створенија кај Аллах на Судниот Ден“

Исто така Бухари 435 и Муслим 531 од нејзе (Умму Селеме радијаллаху анха) пренесуваат дека рекла: Кога на Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем му дошол мелекот на смртта го прекрил своето лице со црниот прекривач, чаршаф и кога го тргнал од воето лице рекол:

“Нека е Аллахово проклетство на Евреите и Христијаните. Оние на гробовите од своите Веровесници направија храмови.“

Имам Муслим 532 забележува од Џундуб ибн Абдуллах радијаллаху анху дека рекол Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем:

“... Знајте дека оние кои беа пред вас правеле храмови на гробовите од своите веровесници и добри луѓе. Вие немојте да правите џамии на гробовите. Јас навистина тоа ви го забранувам.“

Кажува Абдуллах ибн Месхуд радијаллаху анху дека рекол Аллаховиот Посланик саллалаху алејхи ве селлем:

“Најзлобни, најлоши луѓе навистина се оние кои Денот Кијаметски ќе го дочекаат живи и истоа така оние кои на гробовите граделе храмови.“ (Ахмед 1/435)

Дваесет и прво поглавје 175 стр. Босански превод:

Претерување на гробовите од добрите луѓе ги претвара истите во кипови кои се обожаваат покрај Аллах.

Рекол Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем:

“Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб, мезар да постане идол, кип кој ќе се обожава. Се зголемила Аллаховата лутина спрема народот кој мезарите од своите Веровесници ги претвориле во месџиди, џамии.“
(Имам Малик во Муввета како Мурсел бр. 85)

Се пренесува од ибн Аббас радијаллаху анху дека Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлам: Ги проколнал жените кои често ги посетуваат гробовите и оние луѓе кои ги претворуваат гробовите во месџиди, џамии и во нив палат светилки.“ (Ебу Давуд 3236, Тирмизи 320, Несаи 4/94 – 95, Ибн Маџе 1575, Ахмед 1/229.)

Од Алија ибн Хасан се пренесува дека он видел некој човек кој доаѓал кај гробот од Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем и низ отвор кој бил на ѕидот влегувал внатре и учел дова. Алија тоа му го забранил и рекол:

“Ќе ви раскажам еден хадис кој го слушнав од мојот татко (Хасан) а тој од мојот дедо (Алија) а тој од Аллаховиот Посланик саллалалху алејхи ве селлем кој рекол:

“Немојте мојот гроб да го правите место на постојано собирање и немојте вашите куќи да ги претворате во гробови. Носете саллават на мене затоа што вашиот селам доаѓа без оглед каде и да се наоѓате.“ (Ебу Давуд 2042, Ахмед 2/367)

Шејхул Ислам ибн Тејмијје рекол:

“Погледнете како овој суннет се сочувал помеѓу жителите на Медина и фамилијата од Аллаховиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлам, кои со него се родбински и комшиски биле поврзани, затоа што ова нив им било потребно во однос на другите, па затоа подобро се придржувале.
А тоа се согледува токму во овој, меѓу највредните и најзначајните Таби’ини познат по името Зејнул Абидин – а тој е, Алија ибн Хасан ибн Алија ибн Ебу Талиб.


Дваесет и трето поглавје 175 стр. Босански превод:

Во овој Уммет ќе се појават луѓе кои ќе обожаваат кипови.

“Не ги гледаш ли оние на кои им е даден дел од Книгата како веруваат и во волшебништво и во Тагут, и кои зборуваат за неверниците:“Овие се поисправни од оние кои веруваат исправно.“ (Ен - Ниса 51)

“Рекоа:“Обожаваме кипови: за нив сме постојано приврзани!“ (Еш - Шуара 71)

Се пренесува од Ебу Сеид ел – Худри радијјалаху анху, дека рекол Аллаховиот Посланик салаллаху алејхи ве селлем:

“Вие навистина ќе ги следите патиштата од оние кои биле пред вас наликувајќи на нив онака како што е слична перката од стрелата на другата перка, така да кога оние би влегле во гуштерова дупка и вие би влегле во нејзе.“ Запрашале присутните: “О Аллахов Посланику, дали се тоа евреите и христијаните?“, “А кој друг.“ Одговорил Аллаховиот Посланик.

(Бухари 3456, Муслим 2669)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот